Eне ги Хоукси!
Има причина зошто е Вејд на сликава, а не Пол, Леброн или Дирк. Тоа е фактот дека момакот синоќа направи се против не баш јаките Никси за да му го донесе петото место на Мајами на Истокот. И му успеа, со цели 55 поени и закажување мегдан со Хоукси, што како што имав пишано, ми се свиѓа. (А и партијава му е за некој глас плус за МВП, не дека ќе биде, се знае кој е).
Мајами е предвидлива екипа, опасноста се знае од каде доаѓа, додека остатокот од тимот е во најмала рака сомнителен. Бизли се разигра малце во финишов, ама момакот е руки кој влегува од клупа. Руки им е стартниот плеј, а и Џермејн нешто не страшен, плус и малце се повреди синоќа.
Мајами е предвидлив за разлика од Сиксерси, кои погодија време да паднат во форма, и кај кои неколку играчи можат да експлодираат на секоја средба и да убацат преку 100 лесно, ама исто така можат и да имплодираат па да застанат на 80-ка. Булси ми се најопасни од овие екипи кои се убацуваат сега со желба за повисок рејтинг. Скоро цела сезона го немаат Денг, ама трејдот со Кингси ептен ги зајакна како тим и можат да бидат многу опасни.
Од оние кои танкаат би го издвоил Орландо, кој на 100% спрема за плеј-оф нема да ги има единствените двајца играчи кои можат да решат тесен меч: Хидо и Луис, а и Хидо им е еден од главните организатори на играта. Задњите два меча ги одиграа тотално без никаков жар и желба, а следните два ќе бидат и без овие двајца кои ги спомнав. Двајт некако се изгуби, а можеа да го бркаат Бостон за второ место на Исток. Уште сега само Детроит некако да им се падне во прва рунда, па ќе биде весело.
Кога сме кај Бостон, ај нешто и за дабл-хедерот од синоќа. На Селтикси очајно им треба Гарнет, не само играчки, него и неговиот интензитет и сето она иритантно викање, дерење, лежење по теренот и правење нечовечки гримачи. Плус неговите бројки. Колку е спремен за се тоа Кевин, ќе видиме брзо, исто како и колку се спремни Селтикси да стигнат до финале без да имаат меч повеќе дома. Кливленд е тврдина оваа сезона која тешко ќе ја поминат, со или без Кеј-Џи.
А за првиот меч, па со исклучок на одредени перидои од играта, мене дуелот во Њу Орлеанс ми беше прав плеј-оф меч кој уште еднаш ги покажа сите слабости и квалитети на Далас и Хорнетси, а имаше тежина врз конечната табела. Тотално е јасно дека Хорнетси не прават ништо со само Вест и Пол, но кога овие двајца ќе се разиграат станува навистина опасно за секого. За жал, клупа немаат, Тајсон им е повреден, што значи нема ни скок, па ни дефанзивен, Пеџа за среќа погоди тројка на крај вчера, ама е неконстантна труба. Исто и Поузи. Толку од нив.
Далас пак, го има Дирк од онаа негова МВП сезона, што не е мала работа, како и Тери, како најдобар шести. Го има и Кид, кој знае да подели едно чудо асистенции една вечер, ама следната да се изгуби и да си замисли дека е шутер за три. Многу зависи од камбекот целосен во ротацијата на Џош Хауард и баш заради него мислам дека можат да бидат поопасни во плеј-офот, но се зависи со кого ќе се сретнат, иако и онака не стигаат далеку.
А Јута ко да решила дека сака на Лејкерси.