Photobucket

15 години. Толку чекаа во Денвер за втора рунда од плејоф, од она рикање на Дикембе со баскетот на паркет во рекетот на Соникси и големото изненадување. Иронично, тренер на тие Соникси беше баш Џорџ Карл, кој сега на Мело му ја донесе втората рунда за прв пат во кариера.

Photobucket

После она историско табање на претходниот меч мислам дека на сите им беше јасно дека Хорнетси немаа шанси за нешто повеќе. Одиграа едно полувреме како треба, првото, и тоа беше се од нив. Тимот на иднината од пред 12 месеци, одеднаш стана тим на кој ќе му требаат и тоа какви промени ова лето.

Нивната игра беше целосно прочитана, Нагетси покажаа како се игра против Крис Пол, а освен на моменти Вест, и тоа ретки моменти, немаше некој друг да повлече. Кога не игра Пол, не игра никој. А кутриот Пол не можеше повеќе, му се гледаше тоа на секоја средба од оваа серија, цела сезона го носи тимот и на крај е нормално дека не издржа. Никој во оваа лига не освоил ништо сам.

Следен за Денвер е Далас со кој има 4-0 оваа сезона, ама не би се палел многу на тој сезонски скор, посебно со начинот на кој игра Далас. Всушност, брзо ќе видиме како стојат работите и во таа серија.

Photobucket


А, во Атланта, вистинска војна. Серијата во која немаме средба под 10 разлика на крај, барем има еден куп атрактивни моменти, а после синоќешниот дуел и еден куп технички, намерни и не баш некои големи симпатии едни кон други на противниците. Ако, така и треба да биде, сепак е ова плејоф.

Хоукси им одржаа лекција на Мајами синоќа, лекција од тимска кошарка. Играа одлична одбрана, се движеа во нападот, правеа блокови, излегуваа од нив, покриваа…На старт го удвојуваа Вејд, после го оставија да игра на 20 разлика, знаејќи дека сам не може да ги победи. Џо конеќно одигра лидерски, а Биби конечно сфати дека треба да почне да го напаѓа рекетот на Мајами. И се тоа без Марвин Вилијамс, а и без Ал Хорфорд, кој се повреди после само 11 минути на терен после еден сендвич фаул од Џонс и Вејд (ко у крстозбор – види фотос :) ).

Ако ни еден од овие двајца, посебно Хорфорд не може да игра на следната средба, би можело да биде тешко за Хоукси, но и Мајами има свои проблеми. А и како што реков порано, кога Мајами и нивните потпросечни играчи не шутираат како Дрим Тим, тогаш тие се сосема просечна екипа. Што од друга страна е комплимент за тренерот Ерик Сполстра и Вејд што ги донесоа до тука.

Photobucket

Кога сме кај Вејд, полека момакот почнува да ми станува сумњив. Мислам, на некои им е сумњив и им е фејкер уште од финалето со Далас, кога на него беа судени 14831 фаул, ама во оваа серија стварно премногу време поминува лежејќи на паркетот, наместо да лета по него. И често пробува да намести некого на фаул, ама сега тоа и не му оди до толку, иако судиите пак наседнуваат.

Не викам дека не ја удри главата од паркет по оној дуел за топка со Смит, ама остана да лежи ко да е мртов. А имаше сила за намерна лична над Еванс или пак за сендвичот над Хорфорд после тоа. Да не зборам за тоа дека имаше сила и делуваше свежо во трета чет. кога се распуца на минус 20 ко ништо да не било. Стануваше после секој дуел без проблеми. А после тоа имаш изјави како го боли грбот, рамото, коленото и кој знае што друго. Другите мислиш не ги боли после цела сезона, па ќутат.

Некако ми се претвара во тип на играч, од тој аспект, како Пол Пирс, што и не е баш позитивно. Ако играш, играј и ќути. Не ми лежи по терен по цело време, не му личи на суперстар ко тебе такво нешто.

ПС: За обидот на Џош Смит за куцање меѓу нозе, не знам што да кажам. Да му успееше, арената ќе експлодираше, вака, покажа дека е уште незрел за некои работи. А тоа дека неговиот потег само ги налутил игачите на Мајами пред следната средба. Голема работа. Па и треба да се лути и да дадат се од себе да не им заврши серијата на нивни терен. И со и без тој потег на Смит.

14 COMMENTS