Photobucket

Пирс, конечно, се разбуди и го одигра во финишот она што секој жив во Бостон го чека од првиот меч. Го погоди шутот за победа, како и неколку големи шутеви претходно и на крај се молеше Бред Милер да утне едно слободно, што и се случи. Дали имаше намерен фаул над Милер, не сум баш сигурен, ама стварно е штета за Булси што не се изборија за барем уште едно продолжение. Сега се надевам дека во Чикаго ќе гледаме реприза на Гејм 4, а не на Гејм 3.

И браво за Бен Гордон, кој играше со повреда на препоната. Дерик Роуз направи неколку грешки, но тоа се сепак руки грешки, Хајнрих и Ноа беа одлични, Реј Ален наивно направи шест лични, а Глен Дејвис се претвара во фактор. Рондо продолжи да гази, но на Бостон ќе му треба нешто и од клупа за следната средба, а гледајќи им ја клупата, не гледам кој би им го дал тоа.

Photobucket

За начинот на кој Сан Антонио ја заврши сезоната имам само еден збор – очај. Така беа очајни Спарси во оваа серија со Далас, а посебно синоќа, да не ми се веруваше дека еден тим на Поп може да делува така немоќно и бедно. Тончи беше преморен, цела сезона ги носи на грб, додека Тимчо колку и да се трудеше не можеше да го надополни тоа што околку себе има група граѓани неспособни за било што.

Во Далас имаме тим кој во вистинско време влезе во форма и сега ја игра најдобрата кошарка оваа сезона, што е голем комплимент за двојникот на Џим Кери, кој отсекогаш сум го почитувал како тренер. Ако продолжат вака можат да бидат опасни за секого. Добро, можеби не за Лејкерси, ама сепак, за Денвер секако, посебно со оглед на одличниот скок и движење на топката.

Photobucket

Од другите две изгледав малце, а и немаше нешто многу за гледање. Хјустон изигра како и што му личи на еден така офанзивно лимитиран тим, Блејзерси останаа во игра, а Орландо си ја сврте серијата на 3-2 после 24 поени и 24 скокови на Двајт. Иако се збори дека Двајт би можел да биде суспендиран за следната во Фили поради лактот над Делембер. Ако биде така, ќе се изнагледаме од ќелавицата на полскиот Др.Џеј.

4 COMMENTS

Одиме по риба

Posted by Retry Under Playoff '09 on Wednesday Apr 29, 2009

На Spurs им се заарни да одат по риба во последниве години, па еве оваа сезона малку подранија, бидејќи ем Аргентина е подалеку за патување од Девствените Острови (каде беа пред 3 години) и од Азурна Обала (каде беа лани), ем Ману веќе предвреме е таму па да не ги чека многу.

Оваа фотка морав да ја ре-post-ирам (видете http://maknba.com.mk/blog/archives/371) бидејќи подобра и не можев да најдам, а и ме потсети и на тогашното табање истотака од Mavs и на можеби нај-clutch потегот на Дирк досега.

Германецот нешто слична игра повтори и синоќа, но не мораше да биде до толку clutch во завршницата бидејќи Spurs-и сами си се победија. Аха да, и го немаше Bowen :) .

Најверојатно ќе следи допуна од Енко, бидејќи сум во брзање малку, немам време да детализирам.

2 COMMENTS