Катастрофа

Posted by Karakash Under Бизаро, Д-Вајт, Постови од кабина, Playoff '09 on Saturday Apr 25, 2009

Photobucket

По одличниот старт, втора вечер по ред имаме лоши, ама стварно лоши плејоф средби. По ужасот од мечеви во Далас и Чикаго вчера, синоќа сите три беа за никаде. Детроит-Кливленд не ја гледав, ама судејќи според резултатот и инсертите, не верувам дека било нешто весело за гледање.

Изгледав второ полувреме од Филаделфија и второ од Хјустон, и иако беа неизвесни и двете средби, беа ужасни, посебно во финишот кога сите четири екипи покажаа колку се незрели за играње големи средби. Kатастрофални грешки во одбрана, уште поголеми во напад. Од неискуство, до чист идиотизам од страна на некои играчи.

Мислев постот да се вика “Школа“, ама тоа ќе беше преблаго, преубаво (си има на сликата :) ). На Портланд очајно му треба плеј кој знае да донесе една рационална одлука кога е најпотребно, а не она хобитот Стиви Блејк, кој ќе погоди една тројка у трк, а потоа ќе направи толку глупости да не ти се поверува.

Имаше право Руди Фернандез да се нервира, откако Шпанецот погоди голема тројка Блејк уништи се. Рој направи глупа шеста лична. Оден, иако покажа на моменти што може да биде од него, а може многу да биде, прави крајно нерационални фаули, Аутло е у филм дека е шутер, итд, итд…

Да не зборам за Рокетси, кои се исто така беден тим. Јаоза го немаше нигде, Артест, освен со по помалку одбрана, во напад е ужас, ист филм ко Аутло. Па и она малине Брукс и Вејфер, кога ќе им тргне се ОК, ама во тесно си се, па Бруск и Вејфер. Да не го спомнувам Лаури или радникот Лендри . Скола беше ОК, исто како и Батие, чијашто тројка всушност и ги спаси Рокетси.

Во Филаделфија исто, секоја чест на Двајт Хауард на неговата партија и посебно на двете слободни кои ги убаци на крај, иако тоа никој не го очекуваше од него, ама сигурен сум дека сега се јаде жив како не го изблокира Тадеус Јанг на оној негов шут за победа.

Орландо се врати во средбата благодарение на неквалитетот на Сиксерси, кои немаа сила да одржат предност, ама па Сиксерси си рекоа, дај нека не победи Двајт и ги чуваа другите играчи на Орландо. Мада, како што играат Хидо и Луис, и немаа што да чуваат.

Се надевам дека викендов ќе гледаме многу поинтересен плејоф.

Всушност, најдоброто нешто од целата вечер беше краткиот муабет со Дикембе Мутомбо, кој збореше и збореше, а не верувам дека некој го разбра нешто и коментарот на Џеф Ван Ганди (посебно) и Марк Џексон во Хјустон.

На многу места точен беше Подочњакот, а посебно кога кажа дека за разлика од до пред две години, Западот навистина е многу послаб. Освен Лејкерси и нема втора екипа која може да се нарече фаворит или силен тим. Сите од 2-8 место се со разводнет квалитет, што и го покажуваат во плејофот. Денвер не го спомнаа, ама јас на Денвер не му давам никаква шанса против Лејкерси. Ако се сретнат воопшто.

Знам дека и на Истокот е слично, ама таму барем со комплетен Бостон имаме вистинско финале на конференција. Овде – ништо.

12 COMMENTS