Ај едно Топ 10-че од првата плејоф недела. Колку само добри потези не се најдоа на листава. Тоа не значи дека не е топ, туку дека првава плејоф недела беше страшно атрактивна, со исклучок на некои серии.

2 COMMENTS

Get Nasty!!!

Posted by Karakash Under Видео, Кобиџилница, Легенди, Playoff '09 on Friday Apr 24, 2009

Photobucket

Америте имаат еден израз – “sense of urgency”, кој нема ни да се трудам да го преведувам на нашиот јазик богат со изрази. И баш во тој стил синоќа одигра Јута (а и Бостон, ама тоа не е интересно). Стварно ќе беше штета Јута да не добиеше на крај после се што се дешаваше и после онаа желба и волја за победа која ја покажа ама баш цела екипа на Слоун која не сакаше да си дозволи серијата да отиде во дупка од 0-3.

Бузер беше фантастичен! Ама стварно фантастичен – 23 поени и 22 скока, изедначувајќи го клупскиот плејоф рекорд во скокови, иако против себе имаше доста повисоки момци во рекетот. Буззз беше нести, со неколку големи поени на крајот, посебно куцањето преку Пау и некако цела арена, која види иронија се вика Енерџи Солушнс, се хранеше од таа негова енергија. Тоа се пренесе и на другите момци, а на крај Дерон, кој можеби немаше партија како двете во Ел-Еј, ја стави црешата на колачето.

Ова веројатно не значи дека сега имаме серија која би одела на 6-7 средби, кој знае, можеби 6, ама некако останува впечатокот дека и покрај што буквално се оставија на теренот, домаќините славеа со шут во последни секунди, со неверојатен Бузер, кој не знам дали може да повтори ваква партија против Лејкерси кои одиграа доста слабо, посебно Коби, кој не знам дали, исто како и во случајот со Бузер, може да повтори ваква вечер.

А Коби стварно беше беден. Ај сега, ќе му ги спомнете двете асистенции во финишот со кои Лејкерси изедначуваа, ама да не беа Пау и Ламар, кои се голем проблем за Јута, средбата одамна ќе беше решена. Кога Коби тргна со слаб шут, си викаш ќе се загрее, ама кога заврши со 5-24 (1-4 за три) и со неуспешен обид за победа со тројка од некои осум и кусур метри (а па Фармар уште дига раце од клупа, бе, ко да одеше кон обрач?!?!) јасно беше дека нешто не е во ред со него.

Точно е дека одбраната на Јута, пред се Бруер, ама и остатокот од тимот кој цело време му помагаше, го изреметија Коби, ама отсекогаш сум викал дека играчи од таков тип можат само само себе си да се сопрат. Коби не беше Коби во Гејм 3, а не беше нешто посебно Коби ни на претходните две. Можеби ќе го видиме вистинскиот Коби на Гејм 4, а можеби и нема да мора.

Бајнам е посебна приказна. Седум минути, пет фаула. Понекогаш момакот делува страшно неинтелигентно на теренот и мислам дека Фил намерно го остави на терен со четири, а после и со пет лични, за да види колку му сече. Зен.

Окур и фали на Јута. Многу. Да не заборавиме дека е нивни втор стрелец сезонава и дека тоа би значело помалку или ич поени за Колинс. Во некој од претходните постови пишував за тоа што се би им донел Мемо на Јута во оваа серија, ама како што стојат работите тешко дека ќе заигра.

Убаво беше да се види Стоктон на трибина.
За другите две средби не ми се пишува. Младоста и неискуството, како и притисокот од играње дома, откако украдоа една во Бостон, ги стигна Булси, кои беа ужасни, а за мизеријата и бедотијата на Спарси во Далас немам зборови.

И за крај, како да не ја ставам сликава. Класика Солт Лејк Сити!

Photobucket

2 COMMENTS