Photobucket

Кога иде, иде. Мајами го оствари она по што дојде во Атланта со неколку рекорди. За прв пат двајца играчи на еден ист тим на иста плејоф средба убација по шест тројки (Вејд и Кук) и си погодија клупски рекорд од 15 тројки од 26 обиди, а и за два имаа преку 55%. Со таков шут тешко дека се губи, посебно што добар дел од тие тројки ги погодија баш кога Хоуксисе обидуваа да се вратат во игра.

Секогаш кога Атланта ќе се доближеше, Кук или Вејд погодуваа за три, и тоа беа добро чувани. Точка на се беше тројката на Вејд со звук на сирената на неколку минути пред крај, преку Џо Џонсон од некои осум метри, па уште од табла.

Е сеа, кога сме веќе кај Џо, човекот сосема непотребно си презема преголема одговорност врз себе во последната четвртина и тоа, заедно со шутот на Мајами, доста им наштети на Хоукси. Погоди една голема тројка, ама во неколку ситуации, што е нетипично за него, беше себичен, (на што укажуваат и 0 асистенции на крај) и наместо да асистира, одеше сам против сите во рекетот на Мајами.

Го имаше расположениот Биби сам на тројка, ама јок, отиде на влез, го имаше Џош Смит под кош, ама јок, се дигна на тројка, го имаше пак Биби сам, ама јок, тргна на кош, го фаулираа, па ги утна и двете слободни. Штета, зошто Хоукси не изиграа лошо.

Уствари, не знам дали Хоукси изиграа слабо или пак ваков шутерски Мајами со разбуден Џермејн О’Нил во рекетот синоќа ќе победеше против било кого и да играше…

Како и да е, имаме уште една 1-1 серија, а тоа значи подолга и поинтересна прва рунда.

Ај сега да видам што се дешавало во Денвер…

Photobucket

Таму нов масакр на Хорнетси, нова слаба партија на Крис Пол и на цел тим на Њу Орлеанс, нова страшна вечер од Билапс и уште еден доказ за тоа каков трејд направи Денвер оваа сезона. Чонси пак му одржа лекција на Пол, нешто што ретко кој го очекуваше пред стартот на оваа серија. Но, не само Чонси, цел тим на Денвер игра за класа подобро од Хорнетси кои делуваат тотално изгубено.

Без Пол на она негово ол-стар ниво, нема никој друг да ги извади од калта. Во најавите го спомнував скокот како нивен главен проблем, ама испадна дека е тоа само дел од нивната мака. Со таа игра која играа сабајлево, не верувам дека можат да ги добијат двете дома. Т.е. со таква игра не добиваат ни една дома.

И уште нешто за Чонси, две средби по ред човекот нема загубена топка, а има 68 поени и 12 асистенции плус шут за три од 12-15!
ПС: Орландо изедначи, Двајт си ја доби наградата, па имаше мизерна партија пред да направи шест лични.

ПС1: Како да изненади некого тоа што Дерик Роуз е Руки на Годината…или па Џејсон Тери најдобар Шести. Конгретс на двајцата.

4 COMMENTS