Photobucket

Мора слика кога НБА не дава веќе клипови. А баш убаво ја збибери Игудала, онака за целосен камбек на Сиксерси. Ја изгледав само прва четвртина, но во тие 12 минути видов доволно. Иако Орландо направи разлика после тоа, јасно беше дека Орландо има проблем. Проблем за кој имам пушувано тука доста, а тоа е немањето на играч кој ќе повлече како и немањето играчи кои знаат што значи да се игра плејоф.

ЕВЕ ГО:

Па, најгласниот и најголемиот борец кај нив седи на клупа и личи на Рон Џереми, јас не знам кој друг во тој тим игра со некој посебен интензитет или глад за победа.

Џабе им се 20-20 партии на Двајт, па макар и ги поминале Сиксерси, кога некако ми немаат душа како тим. Се е некако лежерно, не знам, може тоа од Двајт се пренесува на другите момци. Е сеа, дали Хидо и Луис се доволно опоравени, не знам, ама тоа не е ни битно. Битно е дека Сиксерси продолжија со крадење на предноста на домашниот терен уште во првата средба, тренд кој го почнаа Булси во саботата во Бостон.

Е сеа, Атланта и Денвер очигледно не се Орландо. За победата на Хоукси, колективната, нема многу да пишувам, да не ги урочам, иако како одиграа сабајлево јасно е дека се многу поквалитетен тим од Мајами. Баш заради она што го покажаа Сиксерси на Флорида и она што му се деси на Мајами во Атланта цело време посакував во прва рунда Хоукси да играат со Хит.

Колку само време помина Џош Смит во воздух и со главата до обрач.

Во Денвер пак, Чонси уште еднаш ја покажа неговата огромна улога во пресвртот кај Нагетси, кои од генгста тим станаа ТИМ. Уште го имаат тој генгста елемент, ама се тоа е сега посмирено, под контрола и се поради Чонси. Настрана тоа што погоди осум тројки човекот, а и не му даде многу да се изнаигра на Крис Пол.

Јасно е дека Пол до крајот на оваа серија ќе даде се од себе да ги одржи Хорнетси во игра, но не гледам како и со кого. Сабајлево и Дејвид Вест беше беден, а за остатокот од тимот и нивната подготвеност веќе пишував во најавата.

За Лејкерси нема што да се пишува, Коби и ко. одиграа таман колку треба. Дерон е милина за гледање и Јута даваше се од себе на моменти, ама толку им е силата. Мемо секако дека ќе помогнеше, ама не верувам до толку за да направат изненадување. Паметен човек е Џери Слоун, кој си кажа уште пред да почне серијата дека немаат никакви шанси.

И што беше она од Кириленко во контра против Коби? Па на таков играч ли му се плаќаат милиони, да нема муда да се дигне на куцање, макар и бил залепен? Не ми се веруваше кога видов како наместо да отиде машки, овој пробува некој пас да извади надвор, а веќе се дигнал на двочекор.

Жива мизерија. Затоа никогаш не ми се свиѓал како играч. Убаво му ја спука у фаца Берон пред две сезони.

7 COMMENTS