Photobucket

Ах, плејоф. Колку и да анализираш, мислиш дека нема шанси да се случи нешто или пак веруваш дека голем играч не може да утне слободно фрлање за победа, тоа ќе се случи. Или пак дека еден руки ќе успее да му земе скалп на шампионот, без разлика што Бостон е без Гарнет. И тоа не да му земе скалп, него да ги натера Селтикси да не знаат кај им е главата. Карим доби друштво како единствен дебитант кој забил 36 поени во својата прва плејоф средба. Арно ама, Карим си беше Карим уште пред да стапне во НБА, човекот за кој се менуваа правилата.

Дерик Роуз, и да не повтори ваква партија од 36 поени и 11 асистенции, докажа дека нема друг кандидат за Руки на годината, но и докажа и избаци на површина многу други работи на кои шампионот ќе мора да поработи до следната средба, а после и до патувањето за Чикаго. Без Гарнет рекетот на Бостон е шетња за Роуз, кој со Рондо имаше фантастичен дуел на два суперсонични млади плеја кои со години би требале, заедно со Девин Херис, да бидат главни на Истокот.

Како само ги пробиваше и положуваше со која сака рака, па згора на тоа и си погодуваше слободните. Смирено, како ветеран, тоа најмногу ме импресионираше. На крајот на полувремето и после средбата, дечкото беше мртов ладен, смирено и скромно даваше изјава “….јес, мем“ и си замина во соблекувална. Како да не остварил голема победа со Булси и како да знае дека има уште.

За Бостон, тие ја одиграа најлошата можна средба и пак беа на чекор до победа, само што овој пат Лепраконот не беше на нивна страна. Знам, на секого му се случува да утне така големо слободно како на Пирс, слободно кое ќе значеше победа во задња секунда за Бостон, но реално, Бостон не ни заслужи да победи. Шампионот беше нервозен, Гарнет џабе ги бодреше од страна, а Реј Ален имаше вечер каква не памтам да имал последен пат. Далеку од тоа дека работите се готови, ама сега Селтикси имаат голем притисок врз себе за втората средба, а и веќе ја немаат таа предност на домашен терен.

Џабе Гарнет редеше маици…
Во основа отварањето на плејофот не беше некоја кошаркарски квалитетна средба, ама резултатот, интересниот финиш и нормално, Дерик Роуз, ја направија вистинско отварање на се она што ќе следува.

* * * * * * *

А, следуваше лаганица од Леброн и друштво. Пистонси не одиграа лошо, викам не лошо, ама Кавси со голема леснотија си стигнаа до победата, оправдувајќи ја улогата на фаворит. Леброн беше, па, Леброн беше Леброн, фантастичен во секој поглед играјќи си се со Пистонси како ќе посака. Детроит е тим кој може да изненади, ама како да не се свесни ни самите дека е тоа можно. Имаат тренер од кого за жал некои играчи знаат повеќе, а Шид и Мекдајс на клупа во задња четвртина делуваа како мали дечиња на кои некој им го украл точачето, иако не одиграа лошо, за разлика од еден Тејшон Принс.

* * * * * * *

Следните две не ги гледав, нормално, ама потврдија дека некои работи, Барем една :)   Дека Џош Хауард може да биде џокерот во серија за Тексас. Од тоа кое свое лице ќе го покаже Хауард, ќе зависи и лицето на Далас. Сабајлево беше добро за дружбата на Дирк, која покажа дека формата со која ја завршија сезоната само ја пренесоа во плејофот. Од друга страна, Спарси покажаа дека се стари и дека им фали Ману, и тоа многу.

Е сеа, мојата тероија за младоста малце ќе почека. Хјустон ги згази Блејзерси сред Портланд и сега се тие со предноста на домашен терен, исто ко и Далас, но некако ми е уште рано да прогнозирам било што за оваа серија. Можеби причината за сите неуспеси на Хјустон стварно да ти бил Трејси.

Него Јаоза….24 поени за 24 поени. 9-9 од игра. Се во прво полувреме!

3 COMMENTS