После Истокот, да му рипнеме и на најава на првата рунда на Западот, кој барем според дуелите и според имињата кои ќе ги имаат главните улоги во нив, ветува повеќе од Истокот, иако и тука се наметнува една константа, а тоа се Лејкерси (како Кавси на спротивната) која им виси врз главите на сите. Но, со исклучок на Јута, шест екипи барем некое време нема да мора да се замараат со Коби и компанија, туку со некои други, исто така опасни фаци.

ЛЕЈКЕРС – ЈУТА

Секоја од останатите три серии делува многу поинтересно од оваа, а причина за тоа не се само Лејкерси, туку и Јута, која наместо во плеј-офот да влезе како многу подобро рангирана, си дзоволи така голем пад во формата за на крај да биде дури осма, место кое сите мислеа му е резервирано на Далас. Што се деси со момците на Слоун, кои барем според мене до пред два месеци ми беа единствените, заедно со комплетни Спарси, можат колку-толку да се носат со Лејкерси?

Photobucket

Одговорот на тоа прашање не го знае ни самиот Слоун, кој пред стартот на оваа серија некако лежерно си го отпиша својот тим (стар трик). Кога пред два месеца конечно се комплетираа во Јута делуваше дека се спремни да бидат дивизиски шампиони. Сите елементи се тука, но изгледа дека камбекот на Бузер и селењето на Милсеп на клупа не се покажа како добра варијанта. За да направат нешто повеќе против Лејкерси ќе им треба итен мејковер во пристапот на играта, а и максимум од секој играч, посебно од често изгубените Окур и секогаш преплатениот Кириленко.

Дерон ќе напаѓа, и тоа е најголемата опасност за Лејкерси, но не може сам. Скокот е проблем за Лејкерси, но сега со Бајнам имаат барем повисока петорка со Одом на клупа од која ќе мора и некој друг да даде свој придонес. Но, тука се Коби и Пау да ги спуштат на земја. Посебно Коби за кого мислам дека сезоната сега почнува. Ќе се пишува уште тука за Лејкерси, за Јута, не верувам, иако сакам да ме изненадат, барем малку пред промените кои им следуваат летово.

Даље идат: ЛЕЈКЕРСИ

ДЕНВЕР – ЊУ ОРЛЕАНС

Пред стартот на оваа сезона здравиот разум налагаше дека Хорнетси ќе бидат тие кои ќе се борат за 2. место на Западот, а Денвер мака ќе мачи за да стигне до осмото место. Но, нешто им се случи на Хорнетси на патот кон конечната афирмација, додека на Денвер му се случи најубавото нешто на патот кон првата предност на домашен терен во прва рунда по милион години. Едните ги зафати невидена летаргија и ситни повреди на епизодисти, додека другите имаа успешна операција (или трансплантација) и се ослободија од најголемиот рак во тимот, притоа добивајќи си тренер и лидер на теренот во едно.

Photobucket

Сега, Денвер е фаворитот, а Хорнетси се детенцето кое сака да им го украде јаболкото. И покрај се оваа серија може да потрае, а причина за тоа е само Крис Пол, најдобриот асистент и крадец во лигата, а и дефинитивно еден од Топ 5 најдобри играчи во Лигата во моментов. Штета што ја има помошта на само еден играч – Вест, додека остатокот од тимот се играчи кои некој треба да ги разбуди. Плус, Чендлер игра повреден, така да рекетот станува едно големо шеталиште за Нене, Кенјон (трубата) и Брдмен. Не дека се Нагетси нешто јаки во рекетот, ама за овие Хорнетси се.

Плус, Билапс, иако не може да го запре Пол, ќе биде од голема помош за негово лимитирање во одбраната, а тука се и големите шутеви кога ќе затреба, како и смирувањето на ситуацијата кога гангстерине ќе се распуцаат.

И да, Кармело во оваа серија ќе гледа конечно да покаже дека не е два чекора позади другите две, многу поголеми фаци од неговата драфт генерација. Шансата му е сега, дали ќе ја искористи ќе ја видиме. А и Клеиза и Смит (ако го зауздаат малце) не се лоша опција од клупа за Карл.

Даље иде: ДЕНВЕР, (мада сум сумњичав малце)

ПОРТЛАНД – ХЈУСТОН

Некако сите прогнози по нет што ги гледам ја фураат идејата дека Хјустон, конечно, ќе ја помине таа прва рунда, иако Блејзерси се тие кои имаат предност на домашен терен. Да, точно е дека Рокетси сезонава беа одлични во гости, но и Портланд е арена каде ретко кој се изнаигра. Се наведува неискуството на Блејзерси, немањето ветерани кои го поминале сето тоа, неискусен тренер и сл.

Photobucket

Или па дека Рој нема да се изнаигра покрај Артест и Батие, како да е Портланд само Брендон Рој, иако е тој баш нивниот лидер. Работата кај Рој е, барем јас сум приметил, тој е еден од оние лидери на екипа кој најмалку ја има топката во свои раце, така да тоа нема да биде проблем за Портланд. Под Мекмилан, цел тим игра, заедно со добар дел од момците од клупа кои секоја вечер имаат свој придонес.

Не знам, можеби се очекува конечна доминација од Јаоза, што не е неостварливо, човекот нема никаква повреда да го кочи или пак причина за оптимизмот е тоа што го нема Мекгрејди, кој не знае што е втора рунда, а и самиот со својот стил на игра не се вклопуваше во идејата на Аделман за потимска игра оринетирана на Јаоза. Рокетси се опасни, посебно околу кошот каде им е и најголемата сила и каде имаат еден куп аргати предводени од Луис Скола. Интересно е и како го дадоа онака првиот плеј на сред сезона и пак останаа дел од елитата на Западот. Мене ми се крајно непредвидливи, ама дека се фаворити против Портланд, не се. И Хорнетси лани беа млади и неискусни, па одиграа одличен плејоф, а такви примери има полно.

Јас тука одам контра и ја фурам младоста на Портланд, како и нивната длабочина како тим, како предност.

Даље иде: ПОРТЛАНД

САН АНТОНИО – ДАЛАС

Како дв а паднати џина. Не знам дали има, со исклучок на неколку имиња – разбира се, двајца играчи како Данкан и Дирк кои ја одбележаа последната деценија на Западот, посебно во Тексас. До пред три години Спарс-Мавс беше финале на Запад, но од колапсот на Дирк и Мавси во финалето 2006 работите драстично се сменија во тој сооднос меѓу нив. Сега, онака подостарени, малку сменети, повредени и без некои битни фаци се среќаваат во прва рунда која може да биде класика, но може да биде и најдосадна од сите.

Photobucket

Лично, Далас ме изненади со силниот финиш на сезоната која за нив не ветуваше ама ништо и во која сите ги отпишаа. Ме изненадија и Спарси како се снајдоа со сите тие повреди на Тони, Тимчо и Ману, докажувајќи ја уште еднаш генијалноста на Поп не само како тренер. Сега останува да видиме како ќе се снајдат едни против други. Да играше Ману, без проблеми им ја давав оваа серија на Спарси. Вака, без него и со не баш заздравен Данкан, не знам баш, иако мислам дека Паркер ќе му ја извади душата на Кид и тука се крие голем дел од клучот за евентуален успех на Спарси.

Тони одигра одлична сезона и со својот стил на игра е енигма за секој плеј, не само за дедо Кид кој не може да го прати во чекор. Френчи може да ја разбие секоја одбрана која ќе ја постави Џим Кери и тоа е нешто што Поп многу добро го знае. Но, Поп знае и дека не смее да му дозволи на Џош Хауард да се врати во игра и да биде оној стариот за Далас, зашто тогаш Дирк добива уште еден опасен соиграч, и во напад и во одбрана. Уствари, Хауард е и клучот на оваа серија. Ако го видиме сиот негов потенцијал, а не неговото ганџа издание, тогаш Мавси се опасни. Посебно во комбинација со Тери од клупа и нивниот доста добар офанзивен скок. Кид е стар, но знае да изигра стабилно, се додека не се стави во тројкашки филм.

За Дирк не трошам зборови, човекот последните месеци потсети на сезоната кога беше МВП.

Во оваа серија има многу онакви “ако ова, ако она“, мо ако им се поклопи на Далас, тие идат даље, иако мислам дека повеќето им даваат предност на Спарси, за кои магијата на непарни години завршува тука.

Даље иде: ДАЛАС (завршив контрашки)

ПС: Вечер стартува плејофот, знам дека сите вие ќе се снајдете и ќе гледате, кој само на АЛФА, за која само пофалби за давањето НБА и кај нас, кој преку ОБН, разни пи2пи програми, justin.tv или ултимативното задоволство – Дримбокс. Јас сум уште во кабина, така да нетот и на него базираните програми ми се единствена опција, така да денес и утре овие мечеви кои се играат порано ќе се потрудам да ги испофаќам. Очекувам коментари, посебно за она што ќе го изгледате, а добредојден е и понекој текст, ако на некој му се пишува.

4 COMMENTS