Некако тивко и без многу помпа денес медиумиве низ САД пишуваат за историската партија на Џејсон Кид синоќа против Феникс, во која тој со веројатно најдобрата партија сезонава, од 19 поени и 20 асистенции за само 30. минути успеа да го помине големиот Меџик на вечната листа на асистенти. Можеби (т.е. сигурно) нема да го стигне до крај на кариера Стоктон, ама достигнувањето на Кид е стварно големо. Многу поголемо од било што од стварите што се дешаваа синоќа.
А, воедно е и потврда за несебичноста со која ја изигра цела кариера човекот кој сите полека го заборавија. Истиот кој од Нетси направи респектабилен тим носејќи ги до Финалето со папаци како Кенјон Мартин, Китлс, Колинс итн…и истиот кој е вистински пример за тоа како треба да игра еден плеј.
Следната сезона Кид веројатно нема да биде во Далас, но сигурно нема да се пензионира. што е добро за сите. Некако ми мириса дека ќе го гледаме во Кливленд, ама за тоа, потоа. Сега, секоја чест за големото достигнување.
ПС: Да не биде без точни бројки:
1. Стоктон – 15806
2. Марк Џексон – 10334
3. Кид – 10148
4. Меџик - 10141
допуна:
Are you KIDDing me? Shaq остана без playoff?!?!?!
Кога после финалето 2002 година Byron Scott рече дека O’Neal е чудовиште и дека дури и да го ставите во Мемфис (во тоа време најслаб тим во лигата), повторно ќе стигне до финалето, не се најде никој во моментот кој ќе речеше дека не беше во право. Но тоа беа некои други времиња и сега кога Shaq „го ставивме“ во еден од најдобрите тимови на западот, а и во NBA во последнава декада, се докажа дека Scott и не бил баш во право.
Иако официјално се уште има какви такви теоретски шанси горенаведеното да не се оствари, сепак синоќешниот меѓусебен дуел помеѓу последниот тим во playоff berth-от и оној кој се труди да влезе меѓу 8-те најдобри на истокот, што требаше да биде дерби и крајно неизвесен, се претвори во тотално затемнување на “сонцата”.
А најголем виновник за тоа е човекот за кого Shaq истотака веднаш после примањето на трофејот за MVP на финалето со Nets пред целата публика изјави дека е вистинскиот MVP на сезоната (признание кое за жал никогаш не го ни доби). Иако тапа утакмица (едвај ја догледав), ќе остане запаметена пред се заради историско-статистичкото значење, т.е. Kidd застана веднаш зад Stockton и Jackson (овој некако не ми оди да биде во друштво на Kidd, Magic i Stockton, ама сепак бројките се тие).
дел од assist show-то на Kidd против Suns
Кога сме веќе кај повлекување на дресовите сигурно со синоќешното партииште на Kidd, ќе има место за неговиот дрес во Dallas, поготово што токму во овој тим и ја започна плодната NBA кариера.