Владе ин Сакто форевр

Posted by Retry Under Видео, Легенди on Wednesday Apr 1, 2009

Темпирано за да се случи токму на натпреварот против тимот на неговиот сонародник и соиграч од златното доба на Кингси, синоќа во Арко се одржа церемонијата на повлекувањето на дресот на еден од најдобрите интернационалци во историјата на NBA и пронаоѓачот на flop-ирањето.

Photobucket

Клипот со говорот на Владе не вредеше да се мачам да го барам и да го post-нам, бидејќи не беше ништо посебно – кај што читаше, дури и не можеше да го прочита како што треба. Очекував повеќе од него во тој поглед, бидејќи секогаш неговите изјави биле интересни, што по медиуми што по други церемонии, но ете најверојатно емоциите надВЛАДЕаја кај него, што е и за разбирање.

Како и да е, Владе своето веќе си го кажа на паркетот во дресот на Kings, и заслужено се најде меѓу останатите бесмртни кралеви во историјата на franchise-от.

Други работи нема да спомнам, заради тоа што веќе претходно имав троа поголем текст посветен на Владета, деновите кога официјално се повлече од кошарката. Сакам само да дадам свое мислење дека можеби поголем или барем еднаков играчки придонес имаше дадено за Lakers (во чиј дрес го одигра и единственото негово NBA финале), но неговиот jersey не верувам дека некогаш ќе се најде меѓу оние на LAL од проста причина што таму има место само за кошаркарски богови, а не за кошаркарски кралеви.

Колку да не биде без ич видео, еве едно интервју на Владе со Амад.

Така, после неколку ембарга, притисоци и вета од меѓународната заедница, за првпат еден NBA тим му го повлече дресот на еден србин, па нека им се множат. А и на наша глава во блиска иднина :)

3 COMMENTS