Photobucket

15 години. Толку чекаа во Денвер за втора рунда од плејоф, од она рикање на Дикембе со баскетот на паркет во рекетот на Соникси и големото изненадување. Иронично, тренер на тие Соникси беше баш Џорџ Карл, кој сега на Мело му ја донесе втората рунда за прв пат во кариера.

Photobucket

После она историско табање на претходниот меч мислам дека на сите им беше јасно дека Хорнетси немаа шанси за нешто повеќе. Одиграа едно полувреме како треба, првото, и тоа беше се од нив. Тимот на иднината од пред 12 месеци, одеднаш стана тим на кој ќе му требаат и тоа какви промени ова лето.

Нивната игра беше целосно прочитана, Нагетси покажаа како се игра против Крис Пол, а освен на моменти Вест, и тоа ретки моменти, немаше некој друг да повлече. Кога не игра Пол, не игра никој. А кутриот Пол не можеше повеќе, му се гледаше тоа на секоја средба од оваа серија, цела сезона го носи тимот и на крај е нормално дека не издржа. Никој во оваа лига не освоил ништо сам.

Следен за Денвер е Далас со кој има 4-0 оваа сезона, ама не би се палел многу на тој сезонски скор, посебно со начинот на кој игра Далас. Всушност, брзо ќе видиме како стојат работите и во таа серија.

Photobucket


А, во Атланта, вистинска војна. Серијата во која немаме средба под 10 разлика на крај, барем има еден куп атрактивни моменти, а после синоќешниот дуел и еден куп технички, намерни и не баш некои големи симпатии едни кон други на противниците. Ако, така и треба да биде, сепак е ова плејоф.

Хоукси им одржаа лекција на Мајами синоќа, лекција од тимска кошарка. Играа одлична одбрана, се движеа во нападот, правеа блокови, излегуваа од нив, покриваа…На старт го удвојуваа Вејд, после го оставија да игра на 20 разлика, знаејќи дека сам не може да ги победи. Џо конеќно одигра лидерски, а Биби конечно сфати дека треба да почне да го напаѓа рекетот на Мајами. И се тоа без Марвин Вилијамс, а и без Ал Хорфорд, кој се повреди после само 11 минути на терен после еден сендвич фаул од Џонс и Вејд (ко у крстозбор – види фотос :) ).

Ако ни еден од овие двајца, посебно Хорфорд не може да игра на следната средба, би можело да биде тешко за Хоукси, но и Мајами има свои проблеми. А и како што реков порано, кога Мајами и нивните потпросечни играчи не шутираат како Дрим Тим, тогаш тие се сосема просечна екипа. Што од друга страна е комплимент за тренерот Ерик Сполстра и Вејд што ги донесоа до тука.

Photobucket

Кога сме кај Вејд, полека момакот почнува да ми станува сумњив. Мислам, на некои им е сумњив и им е фејкер уште од финалето со Далас, кога на него беа судени 14831 фаул, ама во оваа серија стварно премногу време поминува лежејќи на паркетот, наместо да лета по него. И често пробува да намести некого на фаул, ама сега тоа и не му оди до толку, иако судиите пак наседнуваат.

Не викам дека не ја удри главата од паркет по оној дуел за топка со Смит, ама остана да лежи ко да е мртов. А имаше сила за намерна лична над Еванс или пак за сендвичот над Хорфорд после тоа. Да не зборам за тоа дека имаше сила и делуваше свежо во трета чет. кога се распуца на минус 20 ко ништо да не било. Стануваше после секој дуел без проблеми. А после тоа имаш изјави како го боли грбот, рамото, коленото и кој знае што друго. Другите мислиш не ги боли после цела сезона, па ќутат.

Некако ми се претвара во тип на играч, од тој аспект, како Пол Пирс, што и не е баш позитивно. Ако играш, играј и ќути. Не ми лежи по терен по цело време, не му личи на суперстар ко тебе такво нешто.

ПС: За обидот на Џош Смит за куцање меѓу нозе, не знам што да кажам. Да му успееше, арената ќе експлодираше, вака, покажа дека е уште незрел за некои работи. А тоа дека неговиот потег само ги налутил игачите на Мајами пред следната средба. Голема работа. Па и треба да се лути и да дадат се од себе да не им заврши серијата на нивни терен. И со и без тој потег на Смит.

14 COMMENTS

Photobucket

Пирс, конечно, се разбуди и го одигра во финишот она што секој жив во Бостон го чека од првиот меч. Го погоди шутот за победа, како и неколку големи шутеви претходно и на крај се молеше Бред Милер да утне едно слободно, што и се случи. Дали имаше намерен фаул над Милер, не сум баш сигурен, ама стварно е штета за Булси што не се изборија за барем уште едно продолжение. Сега се надевам дека во Чикаго ќе гледаме реприза на Гејм 4, а не на Гејм 3.

И браво за Бен Гордон, кој играше со повреда на препоната. Дерик Роуз направи неколку грешки, но тоа се сепак руки грешки, Хајнрих и Ноа беа одлични, Реј Ален наивно направи шест лични, а Глен Дејвис се претвара во фактор. Рондо продолжи да гази, но на Бостон ќе му треба нешто и од клупа за следната средба, а гледајќи им ја клупата, не гледам кој би им го дал тоа.

Photobucket

За начинот на кој Сан Антонио ја заврши сезоната имам само еден збор – очај. Така беа очајни Спарси во оваа серија со Далас, а посебно синоќа, да не ми се веруваше дека еден тим на Поп може да делува така немоќно и бедно. Тончи беше преморен, цела сезона ги носи на грб, додека Тимчо колку и да се трудеше не можеше да го надополни тоа што околку себе има група граѓани неспособни за било што.

Во Далас имаме тим кој во вистинско време влезе во форма и сега ја игра најдобрата кошарка оваа сезона, што е голем комплимент за двојникот на Џим Кери, кој отсекогаш сум го почитувал како тренер. Ако продолжат вака можат да бидат опасни за секого. Добро, можеби не за Лејкерси, ама сепак, за Денвер секако, посебно со оглед на одличниот скок и движење на топката.

Photobucket

Од другите две изгледав малце, а и немаше нешто многу за гледање. Хјустон изигра како и што му личи на еден така офанзивно лимитиран тим, Блејзерси останаа во игра, а Орландо си ја сврте серијата на 3-2 после 24 поени и 24 скокови на Двајт. Иако се збори дека Двајт би можел да биде суспендиран за следната во Фили поради лактот над Делембер. Ако биде така, ќе се изнагледаме од ќелавицата на полскиот Др.Џеј.

4 COMMENTS

Одиме по риба

Posted by Retry Under Playoff '09 on Wednesday Apr 29, 2009

На Spurs им се заарни да одат по риба во последниве години, па еве оваа сезона малку подранија, бидејќи ем Аргентина е подалеку за патување од Девствените Острови (каде беа пред 3 години) и од Азурна Обала (каде беа лани), ем Ману веќе предвреме е таму па да не ги чека многу.

Оваа фотка морав да ја ре-post-ирам (видете http://maknba.com.mk/blog/archives/371) бидејќи подобра и не можев да најдам, а и ме потсети и на тогашното табање истотака од Mavs и на можеби нај-clutch потегот на Дирк досега.

Германецот нешто слична игра повтори и синоќа, но не мораше да биде до толку clutch во завршницата бидејќи Spurs-и сами си се победија. Аха да, и го немаше Bowen :) .

Најверојатно ќе следи допуна од Енко, бидејќи сум во брзање малку, немам време да детализирам.

2 COMMENTS

Photobucket

Кога се уклучив сабајлево на Њу Орлеанс – Денвер, откако ја изгледав победата на Хоукси во Мајами, мислев дека има некоја грешка со скорбордот. 105-55!?!? Задња четвртина!?!? Арената скоро празна. На теренот се резерви, а Карл ги чува Клеиза и Смит кои гио докрајчуваат Хорнетси.

Останав да догледам до крај една единствена причина – коментаторите на НБА ТВ кои се зезаа на сметката на Хорнетси и кои навиваа за Денвер за да можат на своите внуци да им раскажуваат дека ја коментирале средбата со најголема разлика. На крај испадна дека беше изедначен негативниот плејоф рекорд, што значи дека ќе имаат за што да раскажуваат.

Каков пад за Њу Орлеанс. Од тим кој лани се носеше седум средби со шампионот и кој требаше оваа сезона да биде уште подобар, тие станаа смешка. Претходно пишував за сите нивни слабости, ама ова е…немам зборови. Сега одат уште во Денвер каде на две средби беа истабани и стварно не знам со каков ментален склоп ќе влезат на тој дуел. Никој не вика дека се е можно, но ова ќе биде баш чудо ако успеат да се извадат.

Јас, и да сум фан на Хорнетси, не би сакал да ги видам пак дома после она сабајлево.

Photobucket


Во постот за претходниот гаден пораз на Хоукси во Мајами спомнав дека Хит на последните две средби шутираат како Дрим Тим и дека ако тоа не се повтори и ако Хоукси покажат малку енергија и желба да го удвојуваат Вејд и да покријат на тројка кога треба, можат, конечно, да победат една плејоф средба во гости. И бидна. Клучен беше добриот старт.

Мајами направи една серија, ама Хоукси беа паметни и максимално ја успорија играта. Немаше веќе она дрибл, дрибл, дрибл во нападот, топката одеше од човек до човек и иако имаше грешки, тие се исправаа во одбраната. Помогна и добриот скок, предводен од грузискиот гангстер Заза, кој од клупа собра 18 скока на кои додаде и 12 поени.

Photobucket

Нормално, Мајами не шутираше тројки и слободни со ненормален процент како на претходните две и некои фаци како Кук и компанија изиграа како што им доликува. Само Џејмс Џонс матеше вода. Џермејн ОК, Вејд почна да го стига заморот од носење на тимот цела сезона. Делуваше уморно, иако да не беше тој резултатот ќе беше како претходната средба, само во корист на Атланта. Не беше убав меч за гледање, ама убав резултат. Сега можеби и Марвин Вилијамс ќе се врати за Гејм 5.

Клупата на Мајами цели два поени! Вејд 1-8 за три со неколку бунари и за два!

Photobucket

За Лејкерс-Јута, очекувано, само ми фали оној килер инстинкт на Лејкерси. Дали им е досадно кога ќе поведат убедливо па се опуштаат за на крај да им дозволат на противниците да се приближат, не знам, ама мислам дека е тоа нешто со што Зенот ќе се занимава деновиве. За Јута, следува дооолго лето со оглед на тоа дека дури девет играчи можат да станат слободни, меѓу кои и Бузер, Окур, Милсеп и Корвер.

Photobucket

Кој знае, можеби му е доста и на Џери Слоун.

ПС: Иначе, Леброн серијата со Детроит ја заврши со просек од најмалку 30 поени, 10 скокови и 7 асистенции, приклучувајќи им се на Оскар Робертсон и Лери Бирд како единствени со таков ефект во една серија. Чисто онака, да се знае. Знам, знам дека беше против Пистонси.

5 COMMENTS

Нема многу да пишувам денес, ќе оставам сликите да си го кажат своето.

Photobucket

Убедливо најдобрата серија до сега, со исклучок само на претходната средба кога неискуството малце ги изеде Булси. Бостон има предноста на домашен терен, ама и причини за загриженост. Секоја чест на Булси за желбата, борбеноста и на крај мудата кои ги покажаа на три од четирите средби. Роуз и Гордон беа одлични вчера, а и џокерот Салмонс се разбуди во вистински момент.

Photobucket

Џабе везеш Пол, изгледа кога го нема Кеј-Џи да ти чува грб и не си некој фраер или клач играч. Пак утна едно клучно слободно, неколку напади наместо да бидеш the man, ја враќаше топката до Рондо или пак, до Глен Дејвис!?!?, за на крај фино да те изблокира Салмонс. Погоди една важна тројка, но тоа е малку. Реј и посебно Рондо ти покажуваат како се води еден тим и штета за нив што изгубивте. За тебе ич не е ми е жал. Ај сега, поплачи малце, може ќе биде подобро во Бостон.

Photobucket

А, кој друг ако не Хидо? Можеби најрадничката серија, заедно со таа со која е поврзана сликата подоле, барем има незивесни завршници. Три од четири се решаваа во задња секунда и сега им дојде редот на Орландо да си ја вратат предноста на домашен терен. А колку не се интересни оние другите 47 минути за гледање тоа е чудо.

Photobucket

Брендоне, не си ти крив. Ти барем гинеш на терен, а со тоа е нормално и да грешиш. Крив ти е тренерот кој упорно го држи во игра ова хобитов до тебе, иако до сега му докажа дека кога се играат тесни завршници не му е место на теренот. Наместо да го стави Руди Фернандез со тебе во бековска линија кога се крши резултатот, Мекмилан го игра Блејк на плеј, и после сака да победи. Слично како и Орландо-Филаделфија, серија која не е баш убава за гледање. Уствари, не е ич убава за гледање.

Добро што играат Бостон-Чикаго.

Photobucket

А, ова е онаа која ама ич не беше за гледање. Зарем некој очекуваше нешто друго? Од првата средба беше јасно дека Пистонси со една нога се на летување и дека разликата во класи е очигледна. Нека си ја мава сега главата Џо Думарс гледајќи ги Билапс и Мело заедно во Денвер и нека сонува дека тоа можеше да биде иста слика, само во дрес на Детроит. Или па Билалс и Вејд или Билалс и Бош. Ајверсон не го ни спомнувам. Сега Леброн и дружбата ќе си се одморат малце пред следното мачкање.

Ова како бонус слободно, кој се сеќава на тоа. Можеби малце грубо од страна на ABC како ТВ, ама мораа со нешто да ја насмеат публиката во оваа тaжна серија…

Photobucket

11 COMMENTS

Photobucket

Ете, и вистинскиот Коби се појави во овој плејоф. После онаа мизерна трета партија и за очекување беше и тој да се разбуди, и тоа како да се разбуди. Лејкерси одиграа одлична средба покажувајќи дека им нема рамен на Западот, иако рака на срце, настрана од Коби им фати шутот и на сите други, па така од секоја позиција погодуваа и еден Шенон Браун, Лук Волтон и мрскиот и мрсен во главата Вујачиќ.

И секоја чест за Зенот за ставање на Одом како стартер и седнување на Бајнам на клупа. Против Јута, а и воопшто, мислам дека тоа е подобро решение. Лани без Бајнам стигнаа до Финале, сега мислам дека им е само потребен како помош во рекетот, ништо повеќе. Иако верувам дека во зависност од сериите кои следуваат Зенот би можел да го врати во први пет.

Јута се бореше, но толку им е силата. Не можат секоја вечер Бузер и Вилијамс да гинат по преку 40 минути без некој друг да повлече, а камбекот на Мемо не го ни рачунам за камбек, зошто јасно беше дека човекот не е подготвен за игра, ма колкава желба и да имал.

За Хоукси нема многу да пишувам, да, беа бедни, ма какви бедни, мизерни, но Мајами повторно одигра како Дрим Тим, погодувајќи ја секоја тројка што требаше, фаќајки го секој скок што требаше и на крај во такви момци како Мун, Џејмс Џонс, Чалмерс итд. стануваат фаци.

Атланта има плеј со едно чудо плејоф искуство кој не ја ни пренесува топката, а камоли организира играта, одлучија да не го удвојуваат Вејд, всушност не ни играа одбрана на Вејд, кој пак погодуваше луди шутеви и во напад немаш движење на топката. Како што на полувреме се смееа Кени Смит и Баркли…“дрибл, дрибл, дрибл, дрибл…“, тоа им беше целата игра во напад.

А Џермејн како стварно да ја нашол Фонтаната на Младоста во Саут Бич. или така ми се чини ради бедните партии на високите момци на Хоукси.

Најинтересното во целата работа е што доколку некои топки за Мајами не тргнат на нивна воденица на следната средба, епизодистите си одиграат како што и обично играа и не одиграат со таква енергија и прецизност, со конечно добра партија на Хоукси, тие можат да ја изедначат серијата во понеделник.

Но, како што сега стојат работите, не знам баш дали е изводливо. За такво нешто им треба и здрав Марвин Вилијамс, а тој е повреден. Кој ќе повлече и ќе стане нивни лидер, да се развика малце во соблекувална и на терен, не знам, не гледам таков лик во тимот. Единствено Вудсон да им удри ќутеќ.

И реков нема многу да пишувам за Хоукси.

Во другите две Џош Хаурд покажа дека е икс-факторот во серијата со Спарси, пак. Исто како што Данкан и Паркер покажаа дека не можат се сами и дека без Ману тешко ја поминуваат и прва рунда. Колку само им фали Ману на Спарси.

Хорнетси пак покажаа дека не можат да се носат со Денвер. Пол мораше да изгине на терен, имаа ефект од клупа, Вест малце се разбуди и Нагетси, кои не одиграа нешто сјајно, пак беа во игра до задња секунда. Тајсон беше труба, ма колку и да се опоравувал од повреда, сега некако ја сфаќам идејата за негов трејд, ама во Оклахома не дозволија да ги зезнат. За дедо Пеџа, да не зборам.

5 COMMENTS

Катастрофа

Posted by Karakash Under Бизаро, Д-Вајт, Постови од кабина, Playoff '09 on Saturday Apr 25, 2009

Photobucket

По одличниот старт, втора вечер по ред имаме лоши, ама стварно лоши плејоф средби. По ужасот од мечеви во Далас и Чикаго вчера, синоќа сите три беа за никаде. Детроит-Кливленд не ја гледав, ама судејќи според резултатот и инсертите, не верувам дека било нешто весело за гледање.

Изгледав второ полувреме од Филаделфија и второ од Хјустон, и иако беа неизвесни и двете средби, беа ужасни, посебно во финишот кога сите четири екипи покажаа колку се незрели за играње големи средби. Kатастрофални грешки во одбрана, уште поголеми во напад. Од неискуство, до чист идиотизам од страна на некои играчи.

Мислев постот да се вика “Школа“, ама тоа ќе беше преблаго, преубаво (си има на сликата :) ). На Портланд очајно му треба плеј кој знае да донесе една рационална одлука кога е најпотребно, а не она хобитот Стиви Блејк, кој ќе погоди една тројка у трк, а потоа ќе направи толку глупости да не ти се поверува.

Имаше право Руди Фернандез да се нервира, откако Шпанецот погоди голема тројка Блејк уништи се. Рој направи глупа шеста лична. Оден, иако покажа на моменти што може да биде од него, а може многу да биде, прави крајно нерационални фаули, Аутло е у филм дека е шутер, итд, итд…

Да не зборам за Рокетси, кои се исто така беден тим. Јаоза го немаше нигде, Артест, освен со по помалку одбрана, во напад е ужас, ист филм ко Аутло. Па и она малине Брукс и Вејфер, кога ќе им тргне се ОК, ама во тесно си се, па Бруск и Вејфер. Да не го спомнувам Лаури или радникот Лендри . Скола беше ОК, исто како и Батие, чијашто тројка всушност и ги спаси Рокетси.

Во Филаделфија исто, секоја чест на Двајт Хауард на неговата партија и посебно на двете слободни кои ги убаци на крај, иако тоа никој не го очекуваше од него, ама сигурен сум дека сега се јаде жив како не го изблокира Тадеус Јанг на оној негов шут за победа.

Орландо се врати во средбата благодарение на неквалитетот на Сиксерси, кои немаа сила да одржат предност, ама па Сиксерси си рекоа, дај нека не победи Двајт и ги чуваа другите играчи на Орландо. Мада, како што играат Хидо и Луис, и немаа што да чуваат.

Се надевам дека викендов ќе гледаме многу поинтересен плејоф.

Всушност, најдоброто нешто од целата вечер беше краткиот муабет со Дикембе Мутомбо, кој збореше и збореше, а не верувам дека некој го разбра нешто и коментарот на Џеф Ван Ганди (посебно) и Марк Џексон во Хјустон.

На многу места точен беше Подочњакот, а посебно кога кажа дека за разлика од до пред две години, Западот навистина е многу послаб. Освен Лејкерси и нема втора екипа која може да се нарече фаворит или силен тим. Сите од 2-8 место се со разводнет квалитет, што и го покажуваат во плејофот. Денвер не го спомнаа, ама јас на Денвер не му давам никаква шанса против Лејкерси. Ако се сретнат воопшто.

Знам дека и на Истокот е слично, ама таму барем со комплетен Бостон имаме вистинско финале на конференција. Овде – ништо.

12 COMMENTS

Ај едно Топ 10-че од првата плејоф недела. Колку само добри потези не се најдоа на листава. Тоа не значи дека не е топ, туку дека првава плејоф недела беше страшно атрактивна, со исклучок на некои серии.

2 COMMENTS