Mar 06
Posted by Karakash Under Видео, Легенди on Friday Mar 6, 2009
Од кај да почнам. Клипов од поодамна планирам да го постирам. Се работи за пародија на пародија и можеби нема да им биде смешен на оние кои немаат никаква допирна со Монти Пајтон и со оригиналната пародија на Потрагата по Светиот грал. Барем за мене, ова се девет минути вредни гледање во кои главен лик е Кеј-Џи (или Кеј-Џеј ако гледате Алфа), ама се појавуваат и други познати ликови како Егото на Усеин Болт и легендата Карим-Абдул-Џабар. Вреди.
Mar 05
Да го баталиме малце Шек и неговата ренесанса. Фановите на Хоукси (колку тоа звучи чудно), конечно покажаа дека постојат и го направија видеово во кое малку се зезаат на сметка на Леброн. Со оглед на тоа дека е многу веројатно, во случај Хоукси да немаат некој ментал колапс, Кавси и Атланта да се сретнат во втората рунда, овој клип е убаво додавање масло на огинот и на можното идно ривалство. А и не е нешто злонамерно и мислам дека и самиот Леброн се насмеал кога го погледнал.
ПС: Сезонава, како и ланското финале ја поминувам на онаа некогашна Инџурд Лист…
Mar 04
Posted by Shepard Under Шек Бургер on Wednesday Mar 4, 2009
Ќе ни опростите што не’ нема, али и онака ништо повпечатливо не се дешава за да не има.
Она што деновиве е така поактуелно, е таканареченото “враќање на Шек”, фраза за кој самиот вика “не е враќање. Ја увек сум бил тука”.

Шек прво ги исплеска Торонто со 45 и после Коби (кој таа вечер дојде до 49) со 33, станувајќи еден од ретките дедовци во историјата на Лигата со таков бек-ту-бек учинок. Сепак, синоќа во тимот кај што ја почна кариерата – Орландо, мораше да се соочи со фактот дека е престар за еден млад и мускулест Двајт Хауард.
Вечерва Шекот се враќа во Мајами прв пат после трејдот, а таму го чека Двејн Вејд, кој иако игра у тапа тим, пружа феноменални утакмици.
Од другите вести, Стромајл Свифт у Феникс, Џо Смит у Кливленд, а и тетовираната глава Марбери у Бостон.
И да го разубавиме постот со Дерон Вилијамс: