Равенствата од насловот прозилегоа од синоќешниот интересен репертоар од 9 утакмици во кои Cleveland ги збришаа Dallas, а Енко ме доби во меѓусебниот дуел. Успеав да ги „закачам“ со мали прекини поради „нормалниот“ net тие две, плус Toronto – Chicago, па следува мал осврт на тоа што се случуваше, хронолошки.

Photobucket

Dallas во дуелот започнаа страшно и се доби впечаток во втората четвртина дека враќањето на Kidd, и покрај back 2 back лошата шутерска вечер на Dirk, ќе ја направи разликата во однос на претходниот дуел со Denver. Но, се покажа дека Cavs се повеќе од само Lebron и не само што направија пресврт туку и си го избришаа паркетот во Quicken Loans арената со Mavs-и, со што направија сигурен исчекор кон освојување на предност на домашен терен низ целиот playoff, како и добивањето на MVP титулата за нивниот лидер.

Правилото од лани дека MVP на сезоната треба да биде најдобриот играч во најдобриот тим во подобрата конференција, овојпат не верувам дека ќе важи заради тоа што Cleveland веќе срушија неколку клупски рекорди, а и направија поголем напредок од Lakers во однос на минатата сезона.

Но. тоа ништо нема да значи за Lebron & Co. ако не ја земат титулата или ако испаднат рано од playoff-oт, а искрено според игрите што ги прикажуват сезонава, во кои многу се трудат по секоја цена да ја добијат секоја можна утакмица, многу наликуваат токму на Dallas од 2007 година кога со убедливо најдобар скор испаднаа од you know who.

Не верувам дека тоа ќе се случи во прво коло пред се поради квалитетот на екипите од истокот кои се пониско рангирани на playoff листата, но во второ коло може да налетаат на многу незгодните Miami или Atlanta, која синоќа и стави крај на успешната серија на гостувањата на Lakers.

Lakers (се уште најдобриот тим на гостински терен во лигата) сами си се криви што се ставија 2 победи позади Cavs поради летаргичните игри кои ги прикажуваа против многу послаби противници, поготово на домашен терен (сетете се само на Charlotte и Philadelphia), додека со поразот синоќа нивниот импресивен гостински поход воопшто не губи од сјајот, едноставно се поклопија многу работи (лош процент на шут од поле на речиси сите освен Gasol, катастрофална прва четвртина, MIKEdon BIBBYnelson-, …), а и Atlanta не е воопшто наивен тим како претходно спомнатите. Подоцна зенот даде изјава дека веќе дигнале раце од трката за 1st overall, и дека ќе гледаат да ја темпираат формата за playoff, но никогаш не се знае until the fat lady sings.

Шутот на Bibby бетер од оној на Don Nelson од финалето 1969

Најинтересно беше во Торонто каде Raptors си дозволија продолжение против Чикаго. Констатацијата дека „си дозволија“, е потполно на место бидејќи синоќа личеше дека Toronto е екипата која не сака да го пушти осмото место на западот, а противникот е оној кој има само минимални теоретски шанси + некое чудо да се случи па да влезе меѓу најдобрите осум на истокот.

Ако се погледне вчерашниот дуел (изземајќи го колапсот на одбраната во последната четвртина кога им подарија OT на Bulls), и ако се потсетиме на стартот на сезоната, тогаш просто е неверојатно дека Raptors нема да ги гледаме во постсезоната на разводнетиот исток. Но повредите на Bosh, Bargnani (и покрај повредите, многу напредна во играта сезонава), Calderon (22 – 19 синоќа) и лошото водење од клупата си го сторија своето.

Сепак ако ги задржат овие тројца, плус матриксот, кој одлично се вклопи после екскурзијата во Miami, а и „носачите на цигли“ како Mensah – Bonsu (испошкртав додека да го погодам името), кој ме воодушеви со борбеноста иако нема многу кошаркарско знаење, можат да бидат многу опасни догодина.

Момент што не го сконтав од утакмицата, а и не видов убаво на кого се однесува заради азиските коментатори и нејасната слика, беше кога на некоја „ѕвезда“ од првиот ред, обезбедувањето му ја одзеде кесата, пардон, вреќата со пуканки. Не знам по која основа, најверојатно била преголема за да седи на прв ред :D

Рикеп Toronto – Chicago

Од останатите утакмици за издвојување се победата на осакатените но жилави Hornets против Spurs, каде ни Ману не успеа да го спречи дозамрсувањето на борбата од втората до седмата позиција на западот, како и дефинитивното закопување на надежите на Shaq дека ќе ја избегне својата прва сезона без учество во playoff-от, од страна на најслабиот тим во NBA.

9 COMMENTS