Ајде да Вејдаме…
Posted by Karakash Under Вејдара, Кобиџилница, Лебронџилница on Sunday Mar 15, 2009
Двејн заслужува барем слика, ако не и поголем пост, за кој, за жал, сега немам време. Дечкото се стави во секој можен муабет, што не е лесна работа со оглед на сезоните кои ги имаат Кавси и Лејкерси, односно Леброн и во нешто помала мерка статистички – Коби. Плус, некако стана специјалист за следење во чекор на другар му од Кливленд, па откако Леброн имаше серија од три меча со трипл-дабл кои ги зачини со 51 поен во Сакраменто, Вејд ја попари Јута (во 3 продолженија) со своја 50-ка, на која само една асистенција и фалеше да стане трипл-дабл.
Овој пост го ставам и како некоја моја одјава од МакНБА, барем за некое време, кое се надевам ќе биде доста кратко. Оние кои се со МакНБА подолго, знаат дека слична пауза имав летово. Ова е уствари иста таква пауза, само што таму каде што ќе бидам сега ќе имам Нет, па може и да ме има од време на време. Како и да е, Шеп, кој е зафатен со академските обврски, ќе проба колку може да одржи чекор со НБА дешавките. Бидете така…

