
Кој да верува дека Јариќ ќе биде дел од два поста во една недела. Но, тоа ти е кога нема ама баш ништо друго интересно во НБА.
Според SI, кој е сериозен медиум, нашиот пријател Марк-О Јариќ е обвинет од одредена женска личност за сексуален напад. Тоа се случило во Филаделфија, каде Гризлиси гостуваа на 11 февруари, а и денот претходно го поминаа таму. Инаку, како што е познато, Марк-О три дена покасно на Валентајнс Деј, т.е. ја побара за жена (и она му кажала – ДА) Адријана Лима. Е сеа, по она американското – Невин додека не се докаже дека е виновен, Марк-О е нели, невин. Ама, доколку се докаже дека има нешто во целава работа, е па тогаш Марк-О брате, стварно од најсреќен човек на светот стана најголемиот кретен на светот.
А кој знае, можеби целава работа е поврзана со онаа друга невиност, таа на Адријана, со која оваа цело време се гордее.

