Photobucket

Уф, од кога немам ставено Фотка на неделата. Колку време помина можеби би било подобро да биде Фотка на месецот. Како и да е, не можев да ги игнорирам лепотаниве на сликава кои многу лесно би можеле летово да се спакуваат и следната сезона да си се вратат во Европа. За во НБА и онака не се. Никогаш не ни биле.

Она што ме натера да ги ставам баш Дарк-О и Марк-О не е свршувачката на вториов со Лима, него фактот дека се дел од еден од најслабите тимови во лигата каде поради своите квалитети не успеваат да се изборат ни за солидна минутажа. Всушност, двајцата заедно имаат просек од 8.5 поени по средба, а заработуваат комбинирани 13.5 милиони. Лепота.

Кога сме кај типовите кои ама ич не си ги заслужуваат милионите, тука секако дека се и Бен Волас (14.5 мил.) и Кенјон Мартин, кои се пример за тоа што значи да имаш екстра менаџер, а да си чист кошаркарски просек, или па дури и потпросек во некои случаи. Во оваа категорија се и Марк Блонт, Ден Гаџурич и Назр Мохамед, кои за ама баш ништо освен седење на клупа заработуваат по најмалце 6 милиони.

Во истиов муабет, ама меѓу оние со многу поголем талент се убацуваат и Ајверсон, Џермејн и Трејси, кои би требало да бидат многу подобри за оние преку 21 милион кои ги лапаат сезонава. Поединечно.

12 COMMENTS