Некако све се погодуе да се поврзани вестиве со Лејкерси. Фил Џексон овој пат си имал (или па не) работа со Мајкл Џордан.
Имено, денес Л.А и Шарлот направија трампа у која Радмановиќ беше испратен во Бобкетси, а Адам Морисон и Шенон Браун дојдоа во Калифорнија.
Прашање на време беше кога Радман и од овде ќе го набркаат. После “сноубордот” лани, и “гужва беше” оваа сезона, а и тоталната нестабилност која му е главна карактеристика, ц.к. на Лејкерси веројатно се сети дека таков играч може само да им одмогне у походот до титулата и затоа, многу логично, се ослободија од него.
Меѓутоа, како на Лејкерс фан, мене многу поинтересни ми се двата лика кои дојдоа во тимот него ли Радман.
Прво, Адам Морисон, најмрсниот брк у историјата на НЦАА, НБА и пошироко.
У акција:
Али денес се има уљудено, а и РАТМ фан е, и затоа мора да го поштуеме:
Него, муабетот е дека Адам Морисон, кој беше супер-ѕвезда у тимот на Гонзага у сезоната 2005-06, шибаше тројки и све со ред, доби награда за Колеџ Играч на годината, у НБА го снема. Беше драфтуван ко трет пик на драфтот кој бар ја го памтам ко драфт на кој многу НЦАА ѕвезди беа избрани, али кој од кој поголема пропаст. Сепак, таа година (6ти пик) излезе еден Брендон Рој, Руди Геј (8ми), Рондо (21ви) и толку. Ај да речеме дека и Олдриџ (2) и Барњани (1) оправдале колку толку високиот избор. Другото све пропало. Шо знам, Редик, Шелден Вилијамс, Џош Бун, а ете и другиот што има удел у трампата, Шенон Браун беше избран на тој драфт.
Што се тиче Морисон, он уствари имаше солидна руки сезона, ама се повреди, па испушти цела сезона, и никако да се врати на старите патеки. Циниците не забораваат да спомнат дека неговиот избор на драфтот е “првиот потег на Џордан како оперативец на Шарлот”.. а и во право се’. Како и да е, највише што може Морисон во Лејкерси, да убаци по некоја тројка.
Шенон Браун ми е тотална непознаница.
Радмановиќ у Шарлот пак.. ________________.
Од другите вести: Ко што Ритрај кажа у коментари, жири-комисијата на Леброн му го поништи трипл-даблот против Никси пошто демек едниот скок не бил негов него на Биг Бен. На Крис Вебер му го повлекоа дресот у Сакраменто (цел пост за тоа да клаам не ми иде). Милвоки ќе прогласи стечај пошто до крај на сезона нема да ги има ни Богут, ни Ред, ни Риднаур. Рашид може да биде трампан, а Мекдајс има шанси да биде стартер за Детроит. Кевин Дурант го доби Грег Оден во нивниот прв дуел. Бостан после вториот пораз од Лејкерси не си дозволи да затера пак на лошо и ги тепаа Никси.
Иначе, објавено е кој ќе пуца тројки. Актуелниот шампион Капоно ќе се такмичи со Рашард Луис (да не му биде џабе идењето у Феникс), Мајк Биби од Атланта, сумњивиот Деквон Кук од Мајами (на фотос), ѕверот Гренџер од Индијана и Роџер Мејсон од Сан Антонио.