Гето си е гето

Posted by Karakash Under Бизаро, Видео on Thursday Feb 26, 2009

Гетото си останува гето, а Пистонси полека стануваат историја. Трејдот за Ајверсон само уште еднаш покажа дека Џо Думарс и не е толку способен и паметен како опертивец како што се мислеше. Како што беше жива глупост поставувањето на Мајкл Кари за тренер на овој тим, а и како што е ставањето на Хамилтон на клупа за да не се повреди егото на тазе шишаниот ол-стар на кого не ни му беше место во Феникс.

8 COMMENTS

За Кјубан

Posted by Karakash Under Видео on Wednesday Feb 25, 2009

Знам, малце е бајато, ама пак вреди да се види. Ако за ништо друго, тогаш како уште еден од многуте показатели за тоа колку е паметен Марк Кјубан. Според некои кошот на Девин не требало да важи, ама ако не важеше тогаш ќе мораше да биде претходно да биде свирен фаул над него. Како и да е – уште еден класичен НБА финиш. За Кјубан посебно.

3 COMMENTS

Photobucket

Остај трејдинг дедлајн, за кој и онака нема што посебно да се пишува, освен продолжената активност на Никси, некако заедно со дедлајнов, пред и после него, се изнаредија повреди кои можат да бидат клучни за некои екипи и нивните амбиции сезонава.

Тоа посебно се однесува на Феникс и човекот кој беше дел од најмногу трејд муабети. Амари ќе го нема до крај на сезона! Нешто што со оглед на моменталната позиција на Санси може лесно да значи дека нема ни да видат плејоф. Не знам дали сега Стив Кер си вика – “Требаше да го трампам“, ама во тимот на Џентри и онака немаше замена за Амари, а ни за Шек на клупа. Сега поголема минутажа ќе имаат ликови како Амундсон и полошиот од близнаците Лопез. Дедовците Шек и Нештињо, заедно со Ричардсон и уште еден дедо – Хил, сега ќе мораат да ја спасуваат сезоната. Нешто што со оглед на јачината на Западот, каде имаме девет екипи за осум плејоф места, ќе биде многу тешко.

Втора повреда, која може да биде клучна е таа поради која Гарнет не се појави на теренот во второто полувреме од поразот во Јута. Кеј-Џи веќе некое време имаше проблем со коленото, така да ако ова е стварно сериозно, Бостанџиите можат да се простат од првите две места на Истокот. Посебно сега откако Орландо во Рејфер Алстон, кој го доби за кило леблебии, си најде замена за исто така на подолго повредениот Џамир Нелсон.

Третата повреда е нешто што ќе беше чудо да не се случеше. Толку од Трејси Мекгрејди сезонава – вест која не изненади никого. И онака со него во тимот Рокетси повеќе делуваа како да се мачат, а без него барем минути добиваат момци кои гинеа на теренот. Само не знам колку им е во овој момент паметен потегот да го трампаат Алстон.
И да, Ману ќе го нема 2-3 недели.

3 COMMENTS

Бараба

Posted by Karakash Under Aмар-корд, Бизаро, Видео, Шек Бургер on Wednesday Feb 18, 2009

Санси убаво се растрчаа до 140 поени во првиот меч без Портер на клупата, иако таа бројка малку губи на убавина ако се знае дека играа против Клиперси. Уште повеќе на убавина, но не и на сеир, мечот губи после потегот на Зеко Рендолф, кој онака, во гето сељачки стил му се обрати на Луис Амундсон. Се прашувам дали ќе реагираше Зеко така да беше во борба за скок со Амари или не дај Боже, Шек.

Сега не само што очекувам убава парична казна за Зеко, него јас би му стегнал и суспензија до крај на сезона за такво гето прчење на недужни белци со исландско потекло.

13 COMMENTS

Проблем со серверите не оддалечи од терените едно 2-3 дена.


Веројатно сите го изглеавте Олстарот, а до сеа кој не го изгледа во живо, сто посто го фати репризно, или па глеал хајлајтс онлајн.

Не беше баш најинтересниот Олстар у питање, иако вака навидум, фино беше све..

Во моментов немам време а и инспирација поради терсенето сервери, а сакав да напишам една песничка за обединувањето на Коби и Шек, кое за мене беше како во бајка (фалеше коа им го даваа трофејот онака виножито, водопади, еднорози да почнат да шетаат). Во секој случај, местено или не (а факат чим ја тврдам дека е местено, значи стварно е), Штерн си направи убава реклама, а Шек и Коби си додоа уште една графа во биографиите.

Што се тиче самата утакмица – она што го спомнав уште во постот за изборот на резервите, а и после тоа коа Бош се повреди – дека Истокот нема висина, допринесе да се дешава разврат во нивниот рекет (затоа и Шек потсети на старите денови, коа го чуваше Рашард Луис).

Друга ствар; иако сум најголем Коби фан, не можам и да не му замерам на Мамбата дека апла се гледаше дека е дојден да се докажува. Ама го разбирам, па чак можда и да го оправдувам до негде. Факт е дека уште долго нема да го надмине Шек комплексот. Самото присуство на Шек му направи да се осеќа потишетно веројатно, и му роди желба да се докажува. Анксиозноста на Брајант можеше да се примети и по интервјуата и снимките и све што се случуваше. После фристајлот од летоска, коа Шек пееше “Kobe can’t do it without me” и нешо со “Kobe in my ass” или сл., малце почнаа да им се мењаат улогите. Ако Шекил беше “жртвата” на ароганцијата на Коби, сега Шек е баш злоставувач, шо му се сити на слабите моменти. Со неколкуте изјави дека Коби е најдобар, дека многу го почитува и со “The Big Legendaries” Дизелот проба да се искупи, ама тешко.. На пример, целиот муабет со тоа дека Коби му дозволил на Шек да го земе трофејот да им го покаже на децата дома, ја не глеам гест на доброќудност, туку гест “нејќам да иам ништо со тебе”. Самата изјава дека ова било Олстар ко Олстар, си поиграле, се забавувале и нема сеа да стануваат носталгични, кажува многу за ставот на Коби према работите.

Некои злобници коментираат дека и Шек имал мотив да се докажува, пошто можно е да биде трампан. Истото важи и за Амари, кој веројатно ќе заврши во Чикаго за Тајрус Томас и некоја боранија.

На Истокот, тазешишаниот старец Ајверсон имаше слаба минутажа, ама затоа се изнаиграа Ален и Луис. Дебито на Мо Вилијамс не беше ништо спектакуларно, уствари ништо немаше спектакуларно воопшто. ЛеБрон нешто се дивеше, ама ЛеБрон секогаш е здивен

И така, уствари ај доста за Олстарот, да нафрлиме само неколку трејд муабети:

  • Чендлер трампан за Џо Смит и Крис Вилкокс во Оклахома (Џо Смит ќе биде првиот играч што играл за сите НБА тимови). Чендер даваше 8 кома нешто поени по натпревар, од кои по 6 беа од цепелини на асистенции од Крис Пол. Сега ваљда Вилкокс ќе се опроба?
  • Сем Е.Т. Кесел трампан у Сакраменто за некој пик. Не дека ќе заигра.
  • Картер можно е да му се приклучи на братучед му у Хјустон, у трампа у која би бил уклучен Рон Артест. Картер го бара и Сан Антонио, и тоа за него го нуди БРУС БОУЕН и Роџер Мејсон, кој е Џуниор. Го бара и Портланд.
  • Кливленд сака да го донесе Ентоан Џејмисон. Го дава Шчербијак (и ја би го дал, ама не би го зел).
  • Марк Кјубан е заинтересиран за сите.
  • Се вртат имињата на Реф ЛаФренц, Бред Милер, Малик Роуз.. испукани куршуми..

И така, се надевам не ве избедира тоа што падна блогов у најинтересното..

5 COMMENTS

Photobucket

Блекаутиве некако ни станаа нормални, па чудно ми е кога ги нема подолго време. Некој би рекол дека задњиов се деси во погрешен момент, за Ол-Стар викенд, ама искрено, мене ми беше баш сеедно, исто како што на повеќето им беше она што се дешаваше во Аризона викендов.

Од исценираниот Супермен-КриптоНејт натпревар во забивање, до мизерните тројкаши, првото издание на Хорс кое беше жива утка, а наградата беше најсмешна, Скилзот во кој единствено вредно беше куцањето на Дерик Роуз, до главната вечер во која да не беа 11-те минути на вистинскиот Супермен на теренот и неговиот настап со Џабавоките во најавата, викендот ќе беше жива утка. Не дека вака не беше, но само уште еднаш покажа дека кога Шек ќе си отиде од лигата зад себе ќе остави толкава дупка која никој нема да може да ја надомести, ни половина од неа.

Во моето следење на НБА, кое годинава навршува некои 20 години немам видено лик кој има толкава харизма, поголема и од него самиот, и тип кој и покрај се што кажал и секого што навредил (на некој начин), никој не му е лут и сите уживаат во неговото друштво. Добро, освен можеби еден тип кој мораше да ја дели МВП наградата со него во Феникс. Уште сега гледам милионска понуда за аналитичар на ТНТ за Шек кога конечно ќе одлучи да каже – Доста беше.

Е сеа, ко-МВП титулата за Шек малку ги растопи тивките и неинтересни фанови во Феникс, за кои викендов и не беше нешто посебно. Цело време се знаеше дека Тери Портер ќе лета во понеделник, а и сите се прашуваа дали со него во некој друг клуб ќе одлета и Амари. До сега вториов не одлета никаде, а не верувам дека ќе се деси такво нешто, иако денеска малце се запржи муабетот за негов трејд во Торонто, кај другар му Мерион, Булси би го лапнале Бош, а Феникс, не знам, Тајрус Томас, Дру Гуден и две конзерви сардини. Сумњиво.

Иначе, иако е лидер на моите Хоукси, морам да го спомнам Џо Џонсон и веројатно една од најлошите Ол-Стар претстави во историјата. Станувам престар за сите овие Ол-Стар скаламуции.

Photobucket

Иначе, ова е ептен фришко: Хорнетси го трампаа Тајсон Чендлер во Оклахома за Крис Вилкокс, Џо Смит и ситно. Така, веројатно од економски причини, Џорџ Шин уште еднаш го направи својот тим еден од кандидатите за висок пласман во средина на Западот. Тајсон беше душата на одбраната и на рекетот на Њу Орлеанс, а тоа ќе биде и во Оклахома. За него го добија Вилкокс, кој знае да набива бројки кога не треба и кој куца ко ѕвер само кога е сам и Смит, кој може да помогне, но и кој може да биде откупен, па да заврши во тим како Бостон или Кливленд.

Со овој трејд умре и најдобриот цепелин во лигата и сега на Пол му е останува да фрла цепелини до “скочниот“ и незаслужен Ол-Стар Вест. А може и Пеџа ќе фати некоја топка. Или не.
Толку, мојот најдолг пост после доооолго време.

3 COMMENTS

Твитање на саботна Олстар вечер

Posted by Shepard Under All-Star 2009 on Sunday Feb 15, 2009

Олстаров вечерва се следеше на твитер од страна на главниот коментатор Шеп со помошниците Дарко Комуникации и Дасаф кој ни се приклучи на крајот. Може да видите детално што све се зборело на овој линк.
Еве отприлика како тоа изглеа срочено хронолошки:

  • кулите близначки повторно заедно. иако кули близначки и не чини
  • нба.ком пренос у живо со 4 камери. кај отиде технологијава
  • аман више од детроит и сан антонио на шутинг старс
  • Parker се посра
  • капоно маа пинг понг?
  • херис муња, роуз не е лош
  • ауууу дерик роуз ама ја здрви за шампионско место брао брао го бива детето
  • паркетов е грд, али бар сонцата имаат по 15-16 крака
  • НБА од увек се грижела за доброто на човештвото, ете го боб лениe со штитениците
  • роџер мејсон бил џуниор
  • ќе се пуцаат тројки рафално, а у меѓувреме дебело дете свири саксофон + пак ме заебава преносот. спрајт рекламава не ја можам 
  • woona: #allstar2009 таглајнот на НБА не треба да биде where amazing happens. треба да биде “остваруваме”. организација еј..
  • darko156: @woona #allstar2009 не смеат остваруваме, има tm. патем, како би било на англиски?
  • woona: @darko156 #allstar2009 NBA. keepin’ it real :) )
  • реџи милер навија за дени гренџер. вика my pacer. дени му вика “не ми викај така, она така ме викаше” (пацер)
  • кени смит вика мајк биби ако беше натпреваров у шутирање од едно метро внатре во тројката ќе победеше сигурно
  • многу се духовити коментаториве на тнт. ми фали баркли само све да биде комплетно
  • Биби здена една од табла :)
  • иј, овој кук од мајами опасен
  • ова шо ме дупи конекцијава се осеќам ко олстарот ко тепаше тим леглер у тројки а ја местев антена. која ли година беше тоа
  • пејтон навија за рашард, вика ние го драфтуевме у сиетл. ми фали сиетл. не можам да поднесам нба без сиетл суперсоникс
  • гренџер е играч онаков ко шо играч комплетен треба да биде. број 33, мускулест, симпатичен, кратко ишишан и елегантен
  • роџер мејсон кој е џуниор цел истетовиран со лоша фризура. се смее, радосен е.
  • градоначалникот на сакраменто, кеј џеј назад у феникс
  • Kapono од топ позиција сите ги уфрли вкупно 16. иде у финале
  • капоно може да се прости од третата по ред титула. боље беше у прва рунда него у финале
  • флоридско дерби. рашард го кутна капоно, ама со 15 поена арам да му е ако победи. ако тепа кук кој ќе го слуша кени смит
  • ко што реков, флоридско дерби. израмнети се на 15 кук и рашард. него догодина идам ја да пуцам тројки. срамота ова, 15 у финале
  • каков грд шут има овој рашард луис кој го прати на тројкиве нека се лечи
  • му се згазија од смеење на рашард. седум. у маало се даваат поише од седум на пиво коа играат старците со мешљаци
  • кук тепаше. жива бафтаана. едвај влезе у тајбрејк, а у тајбрејк коа противикот дава СЕДУМ, не ни мора да шутираш за да победиш
  • спрајт се рекламира со бомбаши самоубијци
  • по гасол у дрес се шуња (тоа на тв пренос не се глеа, ама плеер камера го фаќа). веројатно со руди нешто ќе мучка
  • колку лош музички настап.. не знам шо е поентата да потплатиш публика да рипа да се шутка
  • darko156: @woona кои се несреќиве бе? #allstar2009 не фатив
  • може да се дава аплауз на преносов. штета што не може да се дава свиреж
  • @darko156 некој бенд сумњив непознат #allstar2009
  • нејт робинсон и двајт хауард се глупираат на најавата. двајт стварно го имитира шек.
  • го прашуваат двајт што ќе праиш вечерва, вика “не знам”
  • нејт робинсон има грди патики
  • руди тапа ај сеа да го видиме малото
  • нејт тренирал
  • двајт сумњив
  • што би рекле мтв коментатори. доста тактизирање во првата рунда забивања
  • двајт со врски
  • руди највише се замара со контестов
  • гасол и фернандез се мачат
  • кени смит вика “аматеризмот на шпанија, цела земја”
  • исклучително тежок обид на фернандез, надвор од време :(
  • од 10-ти обид стварно јакоооо ама судии педери го оштетија руди
  • мрчење смит, у паника
  • не е фер ова на смит врска немаше. ист број бодови како фернандез
  • нејт робинсон го стапна чендлер. да не му скрши пршлен само
  • на двајт не му даваат да го дигне кошот, па си донесе нов :)
  • нејт се маскираше у криптонит, масовно куцање
  • двајт со гнасно куцање
  • aaaaaa, нејт преку двајт, вау
  • нејт криптонитот, го рипна супермент. леле го рипна не ми се веруе. ко винс картер шо го рипна французот.
  • леброн се пријави за догодина да куца
  • сеа фали двајт место со баскет да закуца со нејт робинсон
  • пак ме ебе конекција, ми раскажува @darko156 како двајт закуцал од слободни со две раце
  • дресот на двајт со ликра
  • типов на алфа е оток невиден. ко на борис трајковски погребот да го коментира!!!
  • Нејт Робинсон победник 52% гласови од публика
  • немогуче, криптонитот појак од супермен. нејт робинсон тепаше. чекам сеа хајлајтс да ги видам куцањата на раат
  • нејт му се плаши на леброн, вика догодина ако више мора, ќе куца
  • коментаторт на Алфа не сфати дека Нејт е зелен заради криптонит. мисли дека е заради sprite
И така..
ПС: Брејкинг њуз. Ален Ајверсон се шишал и нема више корн роус.
4 COMMENTS