Најк продолжува во свој стил со кампањата за новите, ниски патики на Коби. Рекламава е одлична и е уште еден пример за т.н. viral marketing, нешто за што во компанијата станаа мајстори. Како и нема да бидат кога под своја капа ги имаат тројцата најдобри играчи во лигата.

Иначе, утревечер од двете дерби средби кои се играат во Кливленд (Њу Орлеанс) и Лос Анџелес (Орландо), на Алфа ќе ја има Филаделфија-Сан Антонио. Екстра.

5 COMMENTS

Човекот има нешто да ни соопшти и претстави. Клипов се сврте денеска по нетот и сите почнаа да нагаѓаат за што би можело да станува збор. Од нови патики, дрес, спонзор и сл. испадна дека е она што барем нас на Балканот и во Европа не не интересира многу – Дрес на НФЛ тимот на Кливленд Браунс со името на Леброн и 23-та на грбот. ОК, уште некој долар во касата на Леброн и неговиот поход кон тоа да стане првиот НБА играч милијардер нема да биде на одмет.

Кога сме кај Леброн, не знам дали некој друг играч во моментов е во игра за МВП како Џејмс. Кога сме пак кај Кавси, денес се појави муабет дека тие бараат тим во кој би го откачиле Воли Шчејадџнакјмаснбиак и неговиот договор од 13 милиони кој истекува ова лето. Тие не би го напправиле тоа по секоја цена, посебно не за играч кој би можел да им ја наруши и одличната хемија сезонава. Но, денес се спомна името на Маркус Кемби, кој би бил идеално засилување во рекетот каде Кавси се најтенки и каде има минути и за еден Џеј-Џеј Хиксон сега кога Ззззз е повреден. Кемби го дели првото место на листата на скокачи со Двајт, а очекувам и наскоро и да го престигне, додека се качува и на листата на блокери.

Она што е најчудно можеби за Кемби е податокот дека човекот никогаш не играл Ол-Стар. Никогаш не успеал да се шмугне како доста други имиња кои не заслужиле место таму во минатото. Тоа нема да му појде од рака ни оваа сезона, а јас останувам на тоа дека резервен центар на Западот мора да биде Шек. Ако лани немањето желба за игра, слабата форма и повредите значеа крај на низата од 14. ол-стара по ред за Дизелот, оваа година е нешто сосема различно и човекот заслужува да си се најде на теренот пред својата публика во Феникс. Плус, ќе биде дел од ист тим со Коби и Зенот. Што сакате повеќе.

Photobucket

Секоја чест за Ал Џеферсон, кој единствен можеби според бројките заслужува место во Феникс пред Шек, ама некогаш, а посебно кога е во игра ол-старот, во игра се некои други работи. А и има време за него.

И уште нешто за Шек. Човекот сам си избра каде би сакал да му го повлечат дресот, иако мислам дека тоа сепак нема да биде само еден клуб. Рајли и Мајами на времето ја повлекоа 23-та на Мајкл од што немаа чиј дрес да пензионираат, така да не верувам дека ќе ја пропуштат можноста со Шек.

Shaquile O’Neal, the self-proclaimed Most Dominant Ever, has left an indelible mark on four NBA franchises over the course of his career. But there’s really only one League venue where he’d like to be forever remembered.

Pressed to choose the one arena where he’d most like to see his jersey hung up near the rafters, Shaq picked L.A.

“Hopefully it’ll be here,” he said, walking through the hallway in Staples Center. “I was part of the greatest one-two punch in Laker history. Hopefully they still remember that.”

“In a perfect world, I have four teams, I’d be the first guy standing there with all four jerseys, number retired in all four places. It’s not something I really think about. If I had my first wish, it would be here. Because when I first came here, I made the statement I would love to have my name next to Kareem and those greats.”

ПС: Во Феникс ќе има и екипа од Македонија. Колку да знаете. Конечно.

19 COMMENTS

East is East

Posted by Karakash Under Видео, Лебронџилница, Пирсинг on Saturday Jan 10, 2009
PhotobucketPhotobucket

Ме немаше недела дена (принудно), но гледам според коментарите дека активноста останала иста. Во претходниот пост најавив дека ќе морам да направам пауза, а оваа која заврши денес не беше таа, така да пак ќе правиме рестрикции, ко да влечеме гас од Русија.Добрата ствар е што вечер на Алфа ќе го има дербито на Истокот кое барем во моментов делува како најава на конференциското финале, иако лично би сакал да видиме некое изненадување до тогаш, а да не се вика Детроит. А ни Орландо…

Иначе, отварањето на сезоната во Бостон не најавуваше дека баш Кавси ќе бидат најголемиот ривал на шампионот за врвот на Истокот, но ангажманот Мо Вилијамс, како и секогаш гладниот Леброн направија чуда за Кавси и за дефанзивецот Мајк Браун кој успеа да пронајде и каков-таков офанзивен систем.

Вечер доброто за Кливленд е што играат дома, каде лани три пати во плеј-офот беа бољи од Бостон и каде сезонава имаат одлични 18-0 и се единствен тим без пораз до сега. Покрај доброто од играњето во Кју, тука е и слободниот пад на Бостон, кој од тим со серија од 19 победи едноподруго станаа тим кој не може да добие пола од своите средби.

Што е уште победно, не можат да победат ни во Шарлот, а и губат дома од ослабениот Хјустон. Лошото за Кавси е што вечер, а и следните недели ќе го немаат Зззззз, но како многу полошо за Бостон во трката за првото место на Истокот може да се покаже тоа што не најдоа замени за Поузи и Пи-Џеј Браун, нешто што е евидентно последниве недела дена.

Вечер Бостон ќе сака да докаже дека кризата е зад нив, ама местото за такво нешто им е далеку од идеално. Да не зборам за мотивите на Леброн и дружбата за каков-таков реванш за задњето разигрување.
Ако ова не е доста како најава, еве го и клипот од Гејм 7:

ПС: Можеби во сенка на дербито на Истокот поминува фактот дека играат Денвер и Детроит. Дуел кој е интересен не само поради целата Ајверсон-Билапс сага, туку поради тоа што играат два тима кои исто така имаат големи аспирации во своите конференции, но се без некои клучни играчи. Јасно е дека Ајверсон не може да го чува Чонси, но дали Линас Клеиза може да го замени Мело? Или пак Максил, Дајс и Џонсон да го заменат Шид? Или па ќе биде ли пак одличен Стаки за да се не осети дека го нема РИП? Реков, интересно…

Исто така може да биде и во Орландо и Феникс.

11 COMMENTS

Photobucket

Благодарам за честитките кои се појавија во мејл и тука на МакНБА овие неколку дена. И на сите вас нека ви е среќна оваа 2009 година. Јас од моето лично искуство можам само да ви посакам здравје. Кога сме кај тоа мое искуство, тоа трае се уште, па овој месец можен е нов прекин на МакНБА, барем што се однесува до мои постови, но за тоа кога ќе дојде време, Идеме ние даље со НБА.

Поточно, со пост во врска со Ол-Старот во Феникс за месец и пол. НБА се уште официјално не ги претстави дресовите за спектаклот во Аризона, но еве ви сник пик за тоа како ќе бидат облечени најголемите ѕвезди. Од ова што може да се види, а не е нешто посебно, овие дресови се некој чекор назад во однос на тие од последниве година-две. Но, тоа и не е толку битно колку што се битни фаците кои ќе ги носат тие дресови.

Денеска ги ѕирнав гласовите од третиот круг собирање гласови и некои работи никако да ми влезат во глава. Односно, уште еднаш се гледа дека одлуките кои ги донесува мнозинството не се секогаш и најпаметни или пак најреални. Исто како што не е ни гласањето на некоја национална основа, како што е случај со Кина.

Како што сега стојат работите, она што е очекувано и реално е дека Двајт има најмногу гласови, главно поради непостоењето на конкуренција на центар на Истокот. Леброн е прв на крило и тука е негде со Коби кој е лидер на Западот. Сосема очекувано. Малку е чудно што Тимчо Роботчо е лидер на крило на Запад, нешто што значи дека фановите конечно почнаа целосно да му се препуштаат на новиот чип на Тимчо задолжен за паблик апил. Позади него е Амари, а позади него па Кармело. Дирк заостанува, иако има добра сезона.

Јао, да не поверуваш, е прв центар на Западот, но Шек се држи добро, и на теренот и во гласањето, па стварно ќе биде штетат, а и чудо ако не се најде на Ол-старот, кој без него не е оној спектакл кој треба да биде, Секоја му чест на Двајт, но барем сега момакот не може во никој (ентертејмент) поглед да го наследи Дизелот.

Photobucket

Кога веќе го спомнав очекуваното, ај сега за она што стварно ме натера на овој пост. Гарнет ќе мора да се бори за тоа да биде стартер со Ји Џианлиан, кој полека го стига според гласовите. Реално, на Ји не му е ни местото на еден Ол-Стар, а ако ова со претркувањето на Гарнет се случи ќе биде голем срам за НБА и за самиот смисол на Ол-Стар средбата. Но, комишот нема да го дозволи тоа, па ако тоа значи и унајмување на експерти од нашава ни земја за да украдат дел од гласовите за Ји. Човече, Ји има повеќе гласови и од Крис Бош и од Пол Пирс?!?!?!

Друго што ми смета на Истокот е второто место меѓу бековите на Ајверсон кој е сигурен стартер во Феникс. По се изгледа старата слава уште врши работа, иако на Ален не му е местото во првите пет, а можеби ни на самиот Ол-Стар. Мене тој никогаш не ми бил интересен на вакви средби и стварно е штета што одличната сезона со стартно место на плеј не може да ја круниса Девин Херис, за кого сепак има време. Момакот е дури петти според гласови на бек, а одма зад него е Аринас кој не ни заигра сезонава.

Photobucket

Да биде срамот уште поголем, Жилберто заедно со Џамир Нелсон, Лук Риднаур и Калдерон е пред Џо Џонсон!?!?! Родно го нема ни во првите десет.
Исто така на бек не е баш сјајна ситуацијата и на Западот каде втор е Трејси Мекгрејди. Со што го заслужил тоа високо место и сите тие гласови, освен тоа што игра заедно со Јаоза, стварно не знам. Да биде трагедијата уште поголема со гласањето на фановите, тоа го остава Крис Пол како трет на бек на Западот каде улогата на Џонсон од Истокот ја имаат Брендон Рој и Билапс.

Ол-Стар неправдите со изборот на стартерите од страна на фановите обично ги исправаат тренерите, но некои работи редовно остануваат неисправени. Сигурен сум дека и оваа година ќе има момци кои и тоа како заслужуваат да играат во Феникс, но кои поради фановите и некои хирови на тренерите нема да се најдат таму.

Само да не заигра Ји.

45 COMMENTS