Закухавање

Posted by Karakash Under Видео, Пирсинг on Wednesday Dec 17, 2008

Што чорба ќе излезе, ќе видиме вечер.

9 COMMENTS

Ова само на кратко, пред да го видите на ТВ или Нет.

Photobucket

Photobucket

НБА за овогодинешниот Иксмес, (кој фановите на Лејкерси нетрпеливо го очекуваат) подготвува нова кампања која ќе ја замени сегашнава со пијаното – Where amazing Happens, која ми е една од најдобрите на сите времиња.

Интересниот дел од новата кампања ќе биде фактот дека таа всушност ќе претставува своевидна тура на двокатен панорамски автобус, каков наскоро ќе имаме и во Скопје и во Охрид, низ некои НБА арени, соблекувални, во близина не одредени играчи и слично. Тоа е се што знам, а сигурно наскоро ќе го дознаеме и целиот концепт. Мора некаде да процури.

Еве и ЛИНК до дел од снимањето со Леброн, кој си ја певуцка Синди Лопер.

14 COMMENTS

Photobucket

Со ден-два закаснување, ај на кратко и за трејдот на Џеј-Рич во Аризона и селидбата на Борче и Бел во Шарлот. Не знам зошто, ама тука, а на доста места и по Нетот видов дека овој потег на Стив Кер е критикуван и Бобкетси се наведени како оние кои добиле повеќе. По која логика некој дошол до овој заклучок, стварно не знам.

Раџа Бел и онака оваа сезона не беше нешто посебно корисен во новиот систем на Санси, па сосема го разбирам и ако навистина побарал да биде трампан. Само што, веројатно не го замислувал тоа вака, со негов премин во еден од најслабите тимови во лигата и најнеинтересните градови во САД. Човекот има 32 години и не е некое засилување за Бобкетси, посебно не ако се очекува да замени некој како Ричардсон. Да, солиден е како дефанзивец и знае да погоди за три, но тоа го знае и Џеј-Рич, кој е многу покомплетен играч од Бел. И тоа во секој поглед. Она поради што дефанзивата на Бел беше ставена на пиедестал во Аризона е фактот дека тој е лимитиран офанзивно, а и секогаш е полесно да се одвоиш ако даваш малку повеќе од себе од соиграчите во одбраната, посебно од остатокот на Санси кои под Бркот не ни играа одбрана.

Што се однесува до Борче, ќе биде интересно да се види како ќе се вклопи под некој како Лери Браун, кој нема многу трпение со ликови како Френчи кои не знаат да направат разлика од тоа кога треба да се шутира, а кога да се асистира. Да не спомнувам дека лани, па и оваа сезона Диао беше разочарување. Уствари, момакот зад себе има само една стварно добра НБА сезона по која си го заработи сегашниот договор (9 мил. за сезонава) и по која се најдоа доста “паметни“ ликови кои се чудеа на одлуката на Атланта да го трампа Борче за Џо Џонсон. Мислам дека до сега сите сфатија кој доби, а кој загуби од тој дил.

Од овој сега барем во моментов делува како Санси да се добитници, и тоа убедливо. Ричардсон е играч кој може да ги шири противничките одбрани и кој заедно со Неш прави опасен бековски тандем. Плус е и тоа што противниците нема да пазат само на Неш во одбраната, него ќе мораат да се занимаваат и со Џеј-Рич.

Овој дил исто така не значи нови промени во Аризона, туку некое завршување на кругот кој Кер го започна лани со трејдот на Мерион за Шек. Разните гласини кои се појавија дека е можен трејд и на Неш или пак Амари ми делуваат стварно детинесто и без никаква основа. Ако Кер направи нешто, тоа ќе биде само донесување некој искусен играч како замена од клупата за Нешти. Или пак замена за Шек, кој и онака често одмара сезонава. Ништо повеќе.

Сега, нормално дека трејдов не ги прави Санси еден од фаворитите на Западот, затоа што барем според мене Западот се уште останува со само еден фаворит и уште осум тима кои ќе се борат за седумте слободни плејоф места.

Ама после ова сигурно ќе биде поинтересно.

Шарлот ко Шарлот, не верувам дека и имаат многу фанови меѓу луѓево кои се дел од МакНБА секој ден. Уствари, тие немаат доволно фанови ни во својот град каде мака мачат да ја наполнат арената. Мајкл уште еднаш покажа дека нема нос за НБА оперативец, освен ако ангажманот на Борче и Бел не е дел од некој план тие да се испратат за два месеци во Њујорк кај нивниот миленик Бркот кој сигурен сум би сакал да ги види во Никси. Исто како и Мерион за кого веќе го понудија Марбери, ама во Мајами не се така луди. Не дека Мерион е некој кој вреди 17 милиони, ама сепак е повреден од еден Стефон, кој зима 20 милиони сезонава.

Само не би сакал да видам некој дил во кој Никси за да дојдат до Борче и да му удоволат на Бркот да се откажат од Дејвид Ли, од кого летово за малку и не се откажаа.

И така, од Феникс и Шарлот, завршивме со Никси.

10 COMMENTS

Конечно добар Топ 10. Посебно е добар “потегот“ на Делонте.

5 COMMENTS

Photobucket

Секоја чест на Мело за изедначувањето на рекордот на Ајсмен со 33 поени во една четвртина. Секоја чест за Кавси и Селтикси за нивните победнички серии од кои посебно импресивна е таа на Кавси. Секоја чест на Леброн за поминувањето на Марк Прајс на врвот на листата на “крадци“ во Кливленд. Секоја чест за Ззззззз за поминувањето на соиграчот на Прајс, Бред Доерти на врвот на листата на скокачи во Кливленд. Секоја чест за препородот на Ал Херингтон кај Бркот. Секоја чест за Хидо и трицата од завчера. Почит за Катино Мобли, кој ќе мора да се пензионира. Почит и за храброста на Стив Кер да продолжи со промени во Феникс (за тоа покасно денес или утре).

Арно ама, сите овие паѓаат длабоко во втор план во однос на она што го прави момакот десно на сликата. Вчера беа прославени 20 години!!! на Џери Слоун на клупата на Јута. 20 години како главен тренер! Нешто што во денешниот про спорт е тотално несфатливо и за многумина недостижно. Единствено сер Алекс може да се пофали со нешто слично.

За тоа колку го почитувам Слоун како тренер мислам дека сте сфатиле во некои претходни постови. Човекот е тотално нетипичен лик за денешната НБА, а верувам дека не бил многу типичен и кога ја почнувал тренерската кариера. Знам дека бил нетипичен и како играч.

Без разлика тоа што нема титула, Џери останува еден од најголемите тренери на сите времиња (барем за мене), а тоа го ставив и на хартија во претпоследниот број на ЕСпорт (не знам дали има нов) во кој го ставив за тренер на првата петорка НБА играчи без титула.

Свака част, мајсторе.

ПС: Инале сликата е баш од една од последните средби на Слоун како помошник на Френк Лејден 1988 година пред да седне на неговото место и таму да се заборави.

7 COMMENTS

Милост! Милост!

Posted by Karakash Under Видео, Лебронџилница on Wednesday Dec 10, 2008

4 COMMENTS

Шек не игра вечер

Posted by Karakash Under Шек Бургер on Wednesday Dec 10, 2008

Photobucket

Ако некој се сомневаше во тоа дали Шек може се уште на моменти да биде доминантен центар, синоќешниот дуел на Бакси и Санси ги уништи тие сомнежи. Вистинскиот и единствен Супермен во лигата по втор пат сезонава ги растури Бакси и Ерика Богут, овој пат со 35 поени (најмногу од март 2006. година), осум скокови и три блокади. По средбата новинарите како по обичај кога станува збор за бек ту бек вечери го прашаа Тери Портер дали Шек воопшто ќе игра против Лејкерси или ќе се продолжи со тактиката на одмарање на џинот. Портер не даде прецизен одговор, но скоро 100% сигурно е дека Шек нема вечер да се види со Зенот и со Коби.
Причините не се од тактичка природа како на некои претходни бек ту бек средби оваа сезона, туку од фамилијарна природа за Шек, чија 92-годишна баба починала пред некој ден. Ова само ги става Лејкерси во уште подобра позиција пак да ги згазат Санси. Мотиви сигурно ќе имаат после шокот во Арко сабајлево.

Само што, ништо не е исто со Шек или без него, така да оваа средба одма губи 50% на атрактивност без Супермен.

1 COMMENT