Интро + Крисмас патичиња
Posted by Karakash Under Видео, Кобиџилница, Лебронџилница, Нештињо, Пирсинг, Finals '08 on Thursday Dec 25, 2008Ова е видеото кое како најава за вечер се појави на еден од фансајтовите на Коби. Нема што, убаво е измиксано, а посебен шмек му дава класичната музика која секогаш пали за вакви работи. Веројатно поради самата грациозност на самите НБА ѕвезди. Е сега, на клипот се гледаат доста кошеви на Коби и некако се добива впечаток дека тој бил тој кој ги решил Селтикси во финалето, иако вистината е сосема спротивна.
А и некаде слушнав дека Лејкерси имаат и некои други играчи кои не се презиваат Брајант. Кој знае, можеби е вистина. Што се однесува барем до клипов, тоа не може да се примети.
Вечерашново дерби во Ел-Еј се надевам дека ќе ги исполни сите очекувања, посебно на нас кои во овој дуел се неутрални. Сепак, реалноста е дека оваа средба нема некоја посебна тежина, посебно не за Селтикси. Иако тие бркаат 20 победи во низа, тие се доволно свесни за што играат и евентуален пораз нема да им го измести фокусот. Затоа и не се палат многу, иако не верувам во тоа дека им е сеедно со кој тим играат и дека секоја средба ја третираат исто.
Што се однесува до Лејкерси, не знам, ова може да биде положување на еден голем тест за нив и некој вид порака до Бостон и остатокот од лигата, но во исто време пораз може да значи и емотивен пад кај нив со оглед на тоа дека имаат доста млади момци кои не се научени на тоа да гинат на големи средби и на кои секој таков пораз може да им падне доста тешко. Исто така, вечер ќе видиме дали Бајнам може да смени нешто во односот на силите во рекетот и посебно во скокот каде Лејкерси беа меки ко манчмалоу во финалето.
Кога сме на ИксМас темава, доста од ѕвездите кои ќе играат вечер ќе ја искористат можноста пред цел свет (Америка сигурно) да ги претстават посебните изданија на своите нови модели. Покрај не баш убавите Адидаски на Тимчо, Кевин и Двајт, и неколку од момците на Најк ќе вршат презентација вечер.
Така ги имаме Брендон Рој, Леброн, Коби и Нешти со нови моделчиња. Најмногу внимание предизвикуваат ниските патики на Коби, кој од маркетиншки причини мораше да заигра и со ниска патика, нешто што отсекогаш ми било шубе, ваљда затоа никогаш не сум шинувал скочен зглоб. Со ниски веѓе некое време игра Нешти, но тој е навикнат на тоа, додека мене многу повеќе ми се свиѓаат моделите на Рој и Брон.





