Тоа дека Њу Џерси на дебело профитираше од ланскиот трејд со Далас во кој за стариот Кид го добија младиот Херис, е и тоа како јасно. Но, најубавото нешто во целата работа е тоа што го скандираа фановите на Нетси во газењето на Мавси синоќа во Ајзод. Публиката фино-лепо му се заблагодари на Кјубан, кој инсистираше на тој трејд, за подарокот добиен во размена за Кид, со сета почит кон него.

Уште поголем удар за “паметниот“ Кјубан ќе биде доколку Мавси годинава не се најдат во плеј-офот, а тоа им успее на Нетси со Херис како лидер на плеј. А и да не се случи тоа, јасно е дека додека Мавси се еден од повозрасните тимови во лигата со не баш некоја посебно светла перспектива, Нетси со Херис и некои други млади момци, плус простор во селари-капот, можат доста бргу да се вратат меѓу најдобрите осум на Истокот.

Така и им треба на Мавси со таков газда кој мисли дека е попаметен од сите.

* * * * * * *
Photobucket

Инаку, ај и ова да го спомнам кога веќе сме кај Нетси. Според Interbasket, Ји Џианлиан нема 24, него 21 година. Тоа дека Ји е постар за три години од она што Кинеската федерација го тврди, а НБА го признава, е причина за разни шпекулации уште пред момакот да биде драфтуван. После овие последни докази на кои јасно се гледа дека е роден 1984, а не три години подоцна јасно е дека нешто ептен смрди кога се во прашање Кинезите и датумите на раѓање на нивните спортисти.

Покрај разните допинг афери на некои од нивните најпознати спортисти (не кошаркари) до пред некоја година, на овие ОИ се дигна прашина и за годините на некои од гимнастичарките на Кина. Јасно ми е зошто сакаат да ги претстават своите таленти како помлади, затоа што така се поголеми таленти, но тоа факат не е легално и заслужува казна. Но, сигурен сум дека нема да има никаква казна за ова со Ји, само можна е промена на неговиот датум и година на раѓање во НБА и ФИБА.

А печени за казна има. Од менаџментот на Милвоки, кој сум убеден дека знаел за ова. Од екс-Џи-Емот Лери Херис, кој е син на Дел Херис кој беше селектор на Кина, до разни други скаути и структури. Сега можеби и нема некоја смисла да се дрнда за ова, но прашање е дали другите во Милвоки, како нивниот газда, да знаел за годините на Ји (22, а не 19) би се одлучил да го драфтува дечкото со висок пик на јакиот драфт.

А баш ме интересира и дали Нетси знаеле за ова, зошто не знам баш дали туку-така би се одлучиле да се откажат од Џеферсон ова лето за некој кој има 24 години и не баш некој посебен простор за напредок како некој кој има 21 година.

* * * * * * *

И само на кратко за Мајами-Лејкерс. Дружбата на Коби има еден голем проблем во последниве две-три недели, а тоа е да игра на нивото на својот противник, посебно кога игра со доста послаби противници од себе, како Вулфси, Кингси и сега Мајами. Реално, Мајами требаше да биде лесно гостување за Лејкерси, ама си го дозволија луксузот кој го спомнав погоре против хаотичниот состав на Споелстра.

А и можеби ќе беше подобро Фиш да го имаше последниот шут. И по милионити пат—ПАУ Гасол.

6 COMMENTS