Photobucket

Секоја чест на Мело за изедначувањето на рекордот на Ајсмен со 33 поени во една четвртина. Секоја чест за Кавси и Селтикси за нивните победнички серии од кои посебно импресивна е таа на Кавси. Секоја чест на Леброн за поминувањето на Марк Прајс на врвот на листата на “крадци“ во Кливленд. Секоја чест за Ззззззз за поминувањето на соиграчот на Прајс, Бред Доерти на врвот на листата на скокачи во Кливленд. Секоја чест за препородот на Ал Херингтон кај Бркот. Секоја чест за Хидо и трицата од завчера. Почит за Катино Мобли, кој ќе мора да се пензионира. Почит и за храброста на Стив Кер да продолжи со промени во Феникс (за тоа покасно денес или утре).

Арно ама, сите овие паѓаат длабоко во втор план во однос на она што го прави момакот десно на сликата. Вчера беа прославени 20 години!!! на Џери Слоун на клупата на Јута. 20 години како главен тренер! Нешто што во денешниот про спорт е тотално несфатливо и за многумина недостижно. Единствено сер Алекс може да се пофали со нешто слично.

За тоа колку го почитувам Слоун како тренер мислам дека сте сфатиле во некои претходни постови. Човекот е тотално нетипичен лик за денешната НБА, а верувам дека не бил многу типичен и кога ја почнувал тренерската кариера. Знам дека бил нетипичен и како играч.

Без разлика тоа што нема титула, Џери останува еден од најголемите тренери на сите времиња (барем за мене), а тоа го ставив и на хартија во претпоследниот број на ЕСпорт (не знам дали има нов) во кој го ставив за тренер на првата петорка НБА играчи без титула.

Свака част, мајсторе.

ПС: Инале сликата е баш од една од последните средби на Слоун како помошник на Френк Лејден 1988 година пред да седне на неговото место и таму да се заборави.

7 COMMENTS