Run, Raptors, Run

Posted by Karakash Under Општо / Разно on Friday Dec 5, 2008

Photobucket

Веста дека Сем Мичел доби отказ во Канадиенси ич не ме изненади, исто како што не ме изненади отказот за Карлисимо во Оклахома. Е сега, прашање е дали Коланџело требаше баш сега да го отпушти Мичел или не? Ако се вратиме малку назад во времето, кога Коланџело дојде во Торонто тој таму веќе го затекна Мичел на клупата. Таа сезона постојано се зборуваше дека на нејзиниот крај Коланџело ќе бара нов тренер, но одличниот скор на Репторси и наградата за Тренер на годината му ја отежнаа задачата од откачување на Мичел на Коланџело. Така, Сем доби продолжување на договорот, а новиот Џи-Ем на клубот остана да работи со тренер кој никако не се вклопува во неговите шеми.

Слабиот старт оваа сезона на Торонто му дадоа основа за ваков потег на Коланџело, а чашата ја прели бруката во Денвер во која Репторси делуваа немоќно како мали деца. И тоа не им е прв пат да делуваат така оваа сезона. Мичел важи за дефанзивен тренер, но и таа дефанзива оваа сезона никако не функционираше (за разлика од лани) така да отказот за Сем беше неизбежен. Коланџело сака неговиот тим да игра брза и атрактивна кошарка, нешто за што има оружја, а сега се надева дека има и тренер во Џеј Триано, кој некогаш му беше селектор на Нешти во репката на Канада. Да му паднеше на памет порано да се откачи од Сем, можеби Коланџело летово ќе имаше шанси да го донесе својот миленик Бркот. Вака, му останува да се надева дека планот со Триано ќе успее.

Мене лично Мичел не ми бил никогаш тренер по вкус, посебно што нападите на Торонто, барем додека Бош не се разви во суперстар, беа крајно предвидливи, па доста често одбраната беше таа која ги вадеше Репторси. Кога и одбраната потфрли, се знаеше дека му дојде крајот.

Изгледа да се биде некогашен Тренер на годината и нема некоја тежина во НБА.

3 COMMENTS