Флајинг хај + Шек го стигна Доминик
Posted by Karakash Under Dominique, Кобиџилница, Легенди, Шек Бургер on Tuesday Dec 30, 2008“Атланта Хоукс“ издание…
Знам дека вас има многумина се попалени за Лејкерси, Никси, Санси, па и Селтикси, но барем за сега не сретнав ликови кои се фанови на Хоукси. Како што момците на Вудсон летаат се повисоко, нема да ме зачуди ако и тоа се смени наскоро. Јас многу добро знам како е да се биде фан на Атланта, за која како што знаат оние кои ме познаваат одамна, сум врзан од самите почетоци на гледање НБА, а тоа е од пред некои 20 години.
Постов баш ги поврзува тие Хоукси од пред две децении и овие денес кои со победата над Денвер стигнаа до скор 20-10 (4. на Исток и доволен за делба на 3. место на Запад). Ова е прв пат Атланта да има 20 победи пред Нова Година по сезоната 1987-88, која пак заврши со пораз во полуфиналето на Истокот од Бостон после седум меча и епскиот дуел во Гејм 7 на Бирд и Доминик.
Се надевам дека тие седум средби со Бостон, Хоукси ги одиграа во последниов плеј-оф и дека сега е време за поголеми нешта.
Нормално, како и од секоја приказна за Хоукси, и од оваа дел е Доминик, кој исто така е актуелен во моментов. За жал, кога-тогаш мораше некој да го помине и Ник на вечната листа на стрелци, но мило ми е што тоа е Шек кој со новата одлична партија сабајлево стигна до одличната бројка од 26 691 поени во кариерата, поминувајќи го Ник на 11. место на вечната листа.
Барем за сега нема опасност од нов пад на Вилкинс на листата, зошто Ајверсон е најблиску до него од активниве играчи со некои 3200 поени помалку доволни за 22. место.Некој кој сигурно ќе го помине Ник е Коби кој сега е 26. со 22 409 поени. До крај на кариерата очекувам 30 илјадарки од него.
Како и да е, Хоукси летаат пак, после подолга пауза. Ако за некои епизодата од последниот плеј-оф беше случајност, тоа веќе не е така после првиве 30 средби од новата сезона. Знам дека доста играа дома, како и тоа дека веројатно нема да можат да го задржат во целост овој ритам до крајот, но со овој старт и овој пристап победничка сезона не им бега. Најубаво во целава работа е што се доста сигурни дома, а стануваат такви и во гости.
Плус, тоа се случува без некоја посебна помош од Џош Смит, кој уште не фатил ритам и кој беше повреден некое време. Џо е ѕвер и вистински лидер, Ал е тоа во рекетот, Марвин покажува знаци на потенцијалот кој го направи 2. пик, Биби ептен го растеретува Џо во нападот, додека Флип, Мо и Заза се испомош од клупата. А некои викаа дека ќе им недостига Афрото Чилдрес. Пффф









