Фрлај тоа пудрата

Posted by Karakash Under Видео, Лебронџилница on Saturday Nov 29, 2008

Дури го преинсталирав Виндоусот се свртеа доста интересни приказни низ НБА, а барем половина од нив беа поврзани со Леброн, најактуелниот играч во моментов. Втор најактуелен е Марбери, ама за него никој не кажува ништо позитивно. Момакот сака да игра, па одбиваше да заигра за Никси, за на крај да биде суспендиран. По јаден тип од него во Лигата во моментов нема, иако заработува 20 милиони долари за сезона!?!?!?!? за буквално ништо.

Назад на Леброн. Секоја вечер кога играат Кавси нема топ 10 без него, а често е и на прво место. Ја раскина соработката со Мајкрософт. Влезе во мал конфликт со зборлестиот Баркли, на кого му порача да си заќути, итд….

32 COMMENTS

Последниве неколку дена во НБА се актуелни тренерските промени. Мислам на тие во Оклахома сити и Вашингтон, двете екипи со катастрофален старт. Ако го очекував отказот за Карлисимо, кој и онака не мислев дека е добар избор за младиот тим уште лани, кога екипата која се викаше Сиетл Суперсоникс, малку ме изненади отказот на Еди Џордан. Човекот не е ни малку крив што Визардси имаа старт од 1-10, посебно не со оглед на тешките повреди на Жилберто и Брендан Хејвуд. Џордан ги однесе Визардси до плеј-офот задњиве четири години, па и лани кога исто така не можеа многу-многу да сметаат на Аринас. Управата да беше малку поспособна ќе му донесеше вистински засилувања на Џордан или ќе задржеше некој од играчите кои можеа да го менуваат Аринас додека е овој повреден. За тоа зборував во еден коментар на претходниот пост.

* * * * * * *

Од другите ствари, еве го Топ 10 од синоќешните мечеви во кој пак доминира Леброн. Кога сме кај Леброн,синоќа, слично како и во посетата на Њу Џерси пред некое време, медиумите беа опседнати со летото 2010. година и иднината на Џејмс во Кливленд. За тоа има време, но изгледа во Њу Џерси (Бруклин) и Њујорк немаат зошто да и се радувата на сегашноста, па гледаат година и пол во иднината. Мора да го имаат Хиро Накамура негде во офисот.

Целото внимание на медиумите во Медисон синоќа Леброн и Најк го искористија на најдобар можен начин – за промоција на спешл едишн од моделот на Леброн. Издание кое ме враќа на Ол-Стар МВП титулата на Скоти и неговите црвени Најки.

Photobucket

* * * * * * *

И, уште ова. Восочното издание на Жилберто малку ми го поремети планот, ама денес пак налетав на фоткава од Вејд како куца во фацата на Џермејн, фотка која сакав да ја ставам за “Фотка на неделата“. Иако не го дочека тоа, Вејд дефинитвно заслужува да се постира оваа фотка. Како потврда дека повредите се минато.

Photobucket
13 COMMENTS

Се врна Ману

Posted by Karakash Under Вејдара, Видео, Дневен Топ 10 on Tuesday Nov 25, 2008

Во недостиг на интересни теми за пост, коментар…етц…цццц..

7 COMMENTS

3 COMMENTS

Готам ја чека 2010. година

Posted by Karakash Under Трејд муабети on Friday Nov 21, 2008

Photobucket

Кој е следен?

Како и онака не баш квалитетниот тим да го направиш уште послаб? Дони Волш знае како. И тоа се со една единствена цел, да се има доволно пари во летото 2010 година да се тргне по Леброн, Вејд или ако не успее со првиот па со вториот – Бош. Како да некој од овие тројца по секоја цена би играл во Њујорк со 11 други пацери околу себе.

-  The Clippers have acquired forward Zach Randolph and guard Mardy Collins from the New York Knicks for shooting guard Cuttino Mobley and forward Tim Thomas. Talks between the two teams have been ongoing over the past two weeks, and the Clippers made their last offer this afternoon. Earlier in the week, talks stalled when the Knicks wanted Marcus Camby in the deal.

-  Donnie Walsh announced Friday that the New York Knicks have acquired Al Harrington from the Golden State Warriors in exchange for guard Jamal Crawford.

13 COMMENTS

Photobucket

Мислев да ставам едно фино куцање за Фотка на неделата, ама денес налетав на сликава на Гилберт Аринас и Гилберт Аринас, само од восок. Од славниот за изработка на фигури од восок – музеј Мадам Тисо, од некоја причина одлучиле дека е потребно во нивниот музеј во Вашингтон да ја постават токму фигурата на Аринас. Не на некоја од поголемите ѕвезди од него или пак некоја која сама по себе по големината би привлекувала поголемо внимание – Шек, туку на Аринас, кој веќе повеќе од година дена е целосно во аут.

Веројатно во долниот дел од сликата кој не се гледа има и протеза за колено од восок, како и клупа, одело и вреќа со лед, разбира се, се од восок.

ПС: Кога ли нашол време да позира?   :)

5 COMMENTS

Идемооо, мало горе

Posted by Karakash Under Видео on Thursday Nov 20, 2008

Не е лошо во Денвер во последно време. Посебно не по трејдот со Денвер во кој го добија Билапс со кој во тимот имаат скор 7-1. А и како може да биде лошо покрај она што се појавува на клипов погоре. Или подобро да кажам, оди горе-доле. Не знам зошто (се правам дека не знам:), ама осетив потреба да го споделам клипов со вас. А и високо е Денвер.

9 COMMENTS