Photobucket

Бидна. Деветте посни години завршија. Знам дека за многумина од вас тоа што Хоукси, кои имаат негативен скор, ќе играат во плеј-офот не значи ама баш ништо, посебно со оглед на тоа дека тие идат на Бостон во серија која сите очекуваат да заврши со чисти 4-0.

Не е битно, па и стварно да биде метла за Селтикси. Битно е што Атланта после доооолго време пак ќе го помириса плеј-офот и конечно пак ќе има полна и бучна арена барем две вечери по ред. Од времето на Дикембе, Стив Смит и Муки (1999), Хоукси не играле во плеј-офот кога после победата над Детроит паднаа со 0-4 против Њујорк. Тој тим на Атланта и не ми беше нешто посебно симпатичен, а уште се ежам кога ќе ми текне дека Тајрон Корбин беше стартна тројка тие години.

Рибилдингот траеше подолго од очекуваното, што е и нормално со оглед дека за Смит го добија Ајзеа Рајдер во трејд кој ги врати неколку години назад. Тоа што сега Рајдер е во апс доволно кажува со каков лик си имаа работа и кој требаше да биде нивниот лидер на стартот на овој милениум. Ситуацијата со газдите кои сакаа/не сакаа да дадат пари за нови играчи и кои се судрија за трејдот за Џо Џонсон само уште повеќе ги направи смешка низ лигата за малку сведувајќи ги на нивото на Клиперси на Истокот.

Сега воздухот е многу почист и иако мислам дека Биби не е идеалниот плеј за нив, индината е многу посветла. Џо би можел да биде малку погласен како лидер, Марвин би можел конечно да го покаже целиот свој потенцијал, Џош би можел помалку да шутира тројки, Чилдрес би можел да се ишиша, Биби да подели некоја асистенција плус…Вудсон да биде подобар тренер. Од Ал не барам ништо, момакот си е супер.

Доминик конечно може да се насмее.

* * * * * * *

ПС: Синоќа Милвоки и Чикаго одиграа средба со нулта тежина во која рукито кој ја расипа вечерта на Аринас пред некое време, Рамон Сешнс го направи она што не му пошло од рака на никој во историјата на Милвоки, па ни на Биг О. Момакот подели одлични 24 асистенции, а имаше и 20 поени и осум скокови. Свака част, Рамон.

14 COMMENTS

Photobucket

Покрај трката за подобро место на Западот (од 1-6) и таа за осмото место меѓу Денвер и Голден Стејт, како и борбата меѓу Атланта и Индијана кој ќе биде тимот со помалку од 40 победи во плеј-офот на Истокот. Покрај МВП дуелот на Коби и Пол и домашната доминација на Јута, Фотка на неделата не е ништо од овие причи.

Таа му припаѓа на еден од најголемите центри во историјата на НБА и човекот кој може да им држи лекции, а може и цели семестри, на денешните деришта низ лигата како треба да се однесува еден играч на и вон теренот. Неговиот лоу-ки персоналити веројатно влијае и врз неговото место во историјата, но кај мене нема сомнеж во големината на Хаким. А истото е случај и во Хјустон, градот кој го задолжи со две титули и на кој беше симбол цели 17 години.

Olajuwon was drafted No. 1 overall by the Rockets in 1984. In 17 seasons in Houston, Olajuwon averaged 22.5 points, 11 rebounds and 3.18 blocks.

He is the NBA’s seventh all-time scorer (26,946 points) and ranks 11th in rebounds (13,748). He’s one of 13 players to surpass 20,000 points and 10,000 rebounds.

21 COMMENTS

Photobucket

Сликава кажува се за тоа како се чувствуваа сабајлево во Оукленд, посебно Берон кој ни со трипл-дабл (но и слаб шут од игра од 9-25) не успеа да го спречи враќањето на Вориорси два чекори назад во трката за задњите плеј-оф места. Сега Денвер, после големата победа (иако имаа и минус 16 во првата четвртина) е турбо тимот кој го држи осмото место во свои раце.

И Нагетси и Вориорси до крајот имаат по три меча, а Голден Стејт мора да победи на сите три и да се надева на кикс на Денвер на две средби. Но, Вориорси покрај двете веројатни победи со Сиетл и Клиперси дома, имаат и гостување во Аризона, каде Санси играат се подобро и се борат за што повисоко место на Западот. Денвер ќе победи со Мемфис (би требало), а мислам дека ќе го добие и Хјустон дома, додека посетата на ЈУта е нешто што ни еден тим не го посакува многу-многу сезонава.

Мавси веќе не се дел од оваа трка откако Диркулес со голема тројка му ја донесе 50. победа на Далас и загарантиран пласман во разигрувањето.

Кога сме на тој дуел со Јута, финишот беше луд, а сцената за Дирк ја постави Дерон со својата клач тројка од табла за изедначување. Но, таа тројка изгледа ги изннеади и неговите соиграчи, па никој не се врати на време во одбрана и направија таква грешка да го остават актуелниот МВП сам.

14 COMMENTS

?

Posted by Karakash Under Бизаро, Видео, Кобиџилница on Friday Apr 11, 2008

Видовте?

И?…Вистина или монтажа?

Секоја здрава логика упатува на тоа дека ова е уште еден одличен филмски трик од лабораторијата во Холивуд, зошто не ми се верува дека Коби е до толку глуп луд да си ја ризикува своја цела кариера за едно обично видео од кое ќе им течат лиги на неговите 12-годишни фанови низ светот. Влогот тука е преголем за да си игра човекот со вакви работи, а и убеден сум дека Лејкерси одма ќе реагираа да знаеја дека ова е вистина. Плус, го немаа вообичаеното критикување на Бајнам, како во последното негово видео снимено на паркинг.

Како и да е, целата работа е фантастично изведена, како всушност и секоја партија на самиот Коби, како и секоја кампања на Најк.

7 COMMENTS

НБА ја лансираше плеј-оф кампањата, која конечно бега од онаа језива музика во позадина со слики кои се менуваат и која и кога ќе легнете да спиете ви се мота низ главата. Првата е за Истокот, и во неа се Леброн и Гарнет, веројатно затоа што не знаеле, а и немало кого да стават од Детроит кој би можел да му парира на Кеј-Џи.

Втората (подоле) е за Западот и во неа главни ликови се старите “пријатели“, кои се надевам дека годинава ќе се сретнат во плеј-офот, по можност во финалето на Западот.

9 COMMENTS

На помалку од десет дена пред крајот на сезоната, мислам дека е време да ги промовирам моите кандидати за МВП и за ROY.

Photobucket

Прво со она што мене повеќе ми значи, како еден од ретките фанови на Атланта на планетава.Ал Хорфорд за “Руки на Годината“! Знам дека Дурент има подобри бројки (од аспект на постигнати поени), но Ал е многу важен дел од тим кој (би требал) ќе игра плеј-оф, и тоа по пауза од цели девет години.

Момакот е блиску до дабл-дабл просек и игра позрело од многумина на негови години. Без него Хоукси немаше да бидат во позиција да го држат во канџи осмото место на Истокот. Дурент е единствениот противкандидат, кој веројатно и ќе ја лапне наградата. Но, улогата на Кевин и на Ал е сосема различна во два тима со тотално различни амбиции.

Додека Ал не е прва ѕвезда во Хоукси, и покрај тоа успева да има добри бројки, Дурент пак има тотална слобода на секоја средба на Соникси, без некоја последица ако било што згреши, а имаше едно чудо грешки и слабо партии оваа сезона во која Сиетл е еден од најбедните тимови во лигата.

По некој глас заслужуваат и Ал Торнтон и Џамарио Мун.

* * * * * * *

Photobucket

Со ова знам дека многу од вас нема да се сложат, ама…Крис Пол за МВП!.

Да. Коби и Лејкерси се страшни сезонава, исто како и Бостон со Кеј-Џи, но додека имаше понекој кој тоа го очекуваше од нив до одреден степен, нема тип кој може да ме убеди дека верувал дека Њу Орлеанс на недела дена до крајот на сезоната ќе биде на врвот на Западот пред Сан Антонио, Феникс, Далас, Лејкерси, па и пред Хјустон и Денвер. Причината за тоа е едноставна и се вика – Крис Пол. Секој кој го гледал момакот оваа сезона знае за што зборувам, а Пол дефинитвно е најдобриот плеј во лигата оваа сезона, и тоа во конкуренција на момци како Нешти, Кид и Дерон Вилијамс.

Е сега, и покрај ова некако не ми се верува дека наградата ќе му биде дадена на Пол. Се ми мириса на Гарнет, како главен за рекордниот препород на Бостон (што е навистина така) или па Коби, како поправање за грепките од минатото. Леброн нема шанси, иако има страшни бројки. И тоа е тоа.

17 COMMENTS

Photobucket

По се изгледа Далас сепак ќе игра во плеј-офот, што донекаде е и добра работа со оглед на тоа кои им се конкуренти како и начинот на кој Мавси вчера одиграа во Аризона. Јас лично очекував победа на Санси за задржување на притисокот и чекорот во борбата за што подобро место на Запад, а и беше така во првите три четвртини.

Но, во задњата Далас го направи она што не му успеа ниту еднаш против некоја силна екипа од кога го добија Кид – тие тепаа во тесна утакмица и тоа со феноменална игра во задњите 12 минути во кои им одржаа лекција и во нападот, но и во одбраната на Санси. Посебно ме ипресионираше начинот на кој Кид го затвори Нешти, кој беше ужасен во таа задња четвртина. Од мизерен шут, до непромислени одлуки во нападот, ранливост во одбраната и чисто немање никаква идеја што со топката во нападот, нешто што навистина ретко се дешава.

Без него, се изгуби и Амари, кој беше ѕвер до последните 12 минути. Тој мораше да вади надвор, сам да креира и да шутира од неизградени позиции, нешто што сите знаеме како завршува, дури и со подобри играчи од него.

Сега, Санси ќе се потат за подобро место, посебно откако и Хорнетси, Спарси, Лејкерси и Хјустон си славеа во гости.

Далас, од друга страна, иако уште не е дел од плеј-офот, со една нога е таму…или боље кажано, со левиот зглоб на Дирк е таму.

* * * * * *

Денвер пак, киксна втора вечер по ред што доволно кажува за нивниот ментален капацитет како тим. Нешто за тоа си е крив и Џорџ Карл, но е се негова вина. Меѓу нив и Вориорси, стварно не знам кој би сакал повеќе да игра во плеј-офот. И едните и другите ми се пример како да не се игра кошарка, само што Нагетси имаат поизвикани имиња во тимот. Од Сиетл да примиш бе 151 поен!!! Па макр било по две продолженија. И тоа двајца дебитанти да ти убацат 72 поени!!! Тотално неприфалтиво, ама тоа може да им се деси само на Нагетси, кои самож една вечер претходно изгубија дома од Кингси кои играа без Артест и Милер.
Голден Стејт од тој аспект, трпи помалку критики, иако и тие губат ко (FTP) Грчка, затоа што играа во гости и со многу посилни екипи.

4 COMMENTS

Јужни-је је тужније

Posted by Karakash Under Бизаро, Видео on Friday Apr 4, 2008

Клипот нема врска со баскет. Наместо тоа, е потврда дека и тенисот може да биде интересен, или во овој случај – крвав. Насловот сфатете го како сакате.

13 COMMENTS