После првиот дуел на Лејкерси и Денвер ептен станува јасно (ко да не беше пред тоа) зошто Грег Попович и некои други тренери се бунеа и негодуваа за поклонот наречен Пау Гасол кој Мемфис им го врачи на Лејкерси во јанури годинава. Поводот за поклонот се уште не е познат, но не е ни битен, посебно не по ѕверските 36-16-8-3 на Пау против Денвер, утакмица која не беше на нивото на Сан Антонио – Феникс, но во поголемиот дел беше интересна за гледање. Освен веројатно Кармело, кој полека ми станува еден од поантипатичните играчи на теренот.
Нагетси веројатно не се мерило за тоа колку еден тим е силен, но она што синоќа го играа Пау и Одом во текот на села утакмица и Коби во последните осум минути се нешто со што секој тим ќе има проблем. На Нагетси им успеа да диктираат брзо темпо, какво само што знаат да играат, ама ги начекаа Лејкерси кои покажаа дека и тие знаат и тоа како да трчаат кога е потребно. Сепак, за следните дуели Лејкерси ќе мора да бидат тие кои цело време ќе го диктираат темпото, само така оваа серија ќе заврши со 4-0.
Иначе, плачењето на Поп уште во јануари ми беше мрско, иако човекот до некаде си имаше право. Сепак, тоа да дојдеше од чија било уста само не од неговата, ќе го прифатев како факт. Вака, тренер и Џи-Ем на клуб кои правиат разни ситни мучки со своите некогашни пулени (за Курт Томас, Брент Бери итд…) немаат кредит да се бунат.
Кога сме кај Денвер, Карл ќе мора да најде начин да им даде повеќе минути на Смит и посебно на Клеиза. Тие вчера искомбинираа 38 поени од клупа и беа голем проблем за одбраната на Лејкерси. Армо ама, Карл од не знам која причина мисли дека треба да му даде поголема минутажа на Ентони Картер, кој во овој дуел е тотално непотребен на теренот. Техниката на Кенјон на Коби во одбраната можеби даде некој плод во првото полувреме, но само ако се земе во предвид играта на Коби. Тоа направи други проблеми во одбраната со ротирање кои одлично ги искористија Пау и посебно Одом, кој одигра фантастична партија.
Некој спомна дека Нагетси мораат да играат подобра одбрана, но јас не гледам како тоа може да се случи. Таквиот пристап една екипа го ствара во текот на цела сезона, а и за такво нешто потребно е твоите најдобри играчи да покажат барем волја да играат одбрана. Тоа од Ајверсон и посебно Кармело не може да се очекува. Кога сме кај Мело, таков силеџија кој нема осет за тоа кај му се соиграчите одамна немам видено. Неговите 30 и 12 од вчера се вистински пример како бројките некогаш не ја даваат целата слика. А стварно е штета што е така, со оглед на тоа дека момакот, заедно со Пол Пирс, го има веројатно најопасниот шут од дистанца во лигата.
* * * * * * *
Од другото што се дешаваше синоѓа, ги фатив задњите 20 минути во Орландо каде Ѕверот уште еднаш покажа зошто е новиот цар во рекетот. 25-22-5 се бројки на кои и најголемите центри на сите времиња можат да позавидат. Нормално, да се стигне до нив е малку полесно кога морате да се борите со Рашо, Бош и утката Барњани. Плус, деветте тројки на стартот на Орландо се нов НБА плеј-оф рекорд. И двете екипи премногу се потпираат на тој шут за три, што барем гарантира доста кошеви. Како е неинтересна оваа серија, и тоа е нешто.
Капа доле за Сиксерси, кои го земаа првиот голем скалп во Детроит над преопуштените Пистонси. Детроит одамна ја има таа тенденција да се опушти во плеј-офот па во прва рунда да изгуби меч дома од послаб тим (Орландо, Милвоки), но не верувам дека Фила може да оди до крај. Сепак, секоја чест за нив и за крајно борбената и упорна игра без многу респект за поискусниот противник.
Тоа не можам да го кажам за Хоукси во Бостон, барем не за Мајк Биби и Џош Смит, а и Џо Џонсон до негде.