Тужно…(а можеби и не)

Posted by Karakash Under Видео, Playoff '08 on Monday Apr 28, 2008

Третиот дуел кој Хорнетси го изгубија во Далас беше вистински показател дека Њу Орлеанс е тимот кој има огромни шанси да ја освои оваа серија. Причината е многу едноставна. Иако Мавси на неколку пати градеа уверлива предност, тие немаа сила да го зададат конечниот удар на младиот тим чиви две најголеми ѕвезди имаа лоша вечер.

Наместо тоа, играчите на Хорнетси кои не се презиваат Пол или Вест, предводени од Парго се враќа, се враќаа и се враќаа во игра. Кога ќе покажете таков карактер на една средба на која лесно можете да се предадете, тоа докажува дека како тим сте изградиле карактер каков имаат само победничките екипи. Тоа можеби не значи дека ќе ја освоите титулата, но значи дека во секој комент ќе дадете се од себе.

Таквиот карактер е нешто за што во Далас можаат да сањаат и нешто што тие го загубија некаде во финалето пред две години, кога доживеаја еден од најголемите ментални колапси во историјата на НБА. Таквиот нон-карактер тие само го потврдија лани во првата рунда против Голден Стејт.

Иначе, насловот не значи дека ми е нешто жал за Мавси, напротив. Жален е начинот на кој тие се однесуваат на теренот, а посебно последниот потег на Џејсон Кид сабајлево за кој си заработи заслужено исклучување. Убеден сум дека Девин Херис немаше да направи вакво нешто, како и дека немаше да има четири бедни партии во една серија.

ПС: Баш ми е мило за Хорнетси, ако за ништо друго, онда поради Кјубан.

10 COMMENTS