The sixty million dollar man

Posted by Karakash Under Видео, Нештињо, Playoff '08 on Tuesday Apr 22, 2008

Ова пред синоќешнава Гејм 2 во Аламо. Да се надеваме дека надежите за брејк на Санси (кои пропуштија голема можност во Гејм 1) нема да се распрснат како Нешти на паркетот.

Иначе, ова е уште една во низата одлични рекламни кампањи на Најк за своите ѕвезди, а патиките на Нешти, во согласност со еко-просветленоста на човекот кој ги носи, се целосно изработени од рециклирани материјали.

19 COMMENTS

Photobucket

Не е лесно да си Трејси Мекгрејди. Тип кој го нема никаде кога е најпотребно и кој никогаш во кариерата и покрај сите насловни, атрактивни потези и ол-стар настапи, во својата кариера ја нема поминато првата рунда од плеј-офот, нешто што нема да се смени ни оваа сезона. Делумно за тоа не си е крив самиот, кога има соиграчи кои реално гледано тешко дека би можеле да си најдат место во ротацијата на некои други екипи. Со исклучок на Батие и веројатно Боби Џексон, Јаоза и Алстон не се во игра затоа што стварно не се во…игра.

Тоа што сабјалево се дешаваше во Хјустон беше вистински показател по кој знае кој пат за тоа каков играч е Трејси, кој иако беше блиску до трипл-дабл беше веројатно најголемото разочарување за сите во арената. 0-4 од игра и само еден поен во задња четвртина, и тоа откако на Гејм 1 имаше 0-3 од игра во задњи 12 минути.

“I had no legs. I was on empty. Banging with Matt Harpring, trying to rebound, trying to make plays for my team, trying to score, playing 43 minutes. That’s a lot.”

И каква му е оваа изјава?

Серијата, која и пред да почне беше на некој начин готова, сега и стварно е готова, затоа што Јута сеознава ретко губеше дома каде има скор 37-4. Не ми се верува дека Хјустон има сили за чудо.

Барем играњето во ист тим со Јао на некои нивни играчи како Френсис и Батие им донесе ненормална слава во Кина.

* * * * * *

Во другата серија меѓу 4 и 5 носител, Кавси пак спротивно од очекувањата ги згазија алапачите Визардси со рекордни во својата плеј-оф историја плус 30, Сега, ако лигата одлучи да го казни Хејвуд со една средба неиграчње за фаулот над Леброн, не гледам начин како Вашингтон со својата промаја во рекетот каде го имаат само Хејвуд, дека може да ја добие Гејм 3.

Големото трио на Визардси беше бедно на оваа средба и се наметнува прашањето дали играњето на Аринас, кој ја нема познатата експлозивност од пред повредите, повеќе му штети на својот тим отколку што му користи?

Леброн ко Леброн. Ѕвероња.

4 COMMENTS

Maну – Момакот без его вечер на МТВ

Posted by Karakash Under Playoff '08 on Tuesday Apr 22, 2008

Вечер (или сабајле, како сакате) во 03:30 на МТВ плеј-офот стартува со Сан Антонио – Феникс, Гејм 2.

* * * * * *

Photobucket

Мислам дека не е никакво изненадување веста дека Ману Џинобили е најдобар шести играч откако во гласањето освои 123 од можни 124 гласови за прво место. Првиот стрелец на Спарси оваа сезона во било кој друг тим (или повеќето) може комотно да биде стартер, а во добар дел од нив и прва ѕвезда. Тоа што тој без да промрчи ни збор се согласува на улогата да биде резерва кажува многу за него како играч и човек, како што кажува многу и за тоа каков тим се Спарси, објаснувајќи го во голема мерка нивниот успех последнава деценија.

Ај, можеби ова значи нешто за оваа серија со оглед на тоа дека Леандрињо лани беше најдобар шести, а Спарси ја добија меѓусебната серија. Барем на тоа се надеваат во Феникс.

* * * * * *

Да, Јоввв, јас ги бојам со црна боја сликите. Ете, некој примети.

И уште едно ДА, Дасаф, го поминавме 1000 пост, а јас не ставив чирлидерка во тесна маичка. Моја грешка. За торта, пиво и слични ствари, слободно викајте ме:)

2 COMMENTS