NBA, where Deja Vu happens
Posted by Karakash Under Aмар-корд, Лебронџилница, Нештињо, Шек Бургер, Playoff '08 on Sunday Apr 20, 2008
И пак исто. Санси водеа, гинеа, имаа неколку шанси за победа и на крајот пак го попија од Спарси. Како што спомнав во коменарите претходно, против Сан Антонио не смеете да си дозволите премногу почетнички грешки и нерешителност кога играте тесна завршница. Поп е препаметен стратег, а Ману и Тимчо се преискусни за да не знаат да ве казнат.
Психата според мене е еден од главните фактори во оваа серија, а својата во моментов изместена Санси ќе мораат да ја поправаат во Гејм 2, која не мора да биде, но може да биде клучна за нив. Имањето на Шек може ги направи малку ментално посилни (како и во рекетот), но паметната игра во завршницата и кошаркарска интелигениција се нешто што еден играч не може да го смени. Плус, Мајк Д’Антони, колку и да е заслужен за револуцијата во Феникс, не е тренер од калибарот на Поп.
Доказ за тоа е нападот на крајот од рег. дел во кој сите се сконцентрираа на Ману, а Финли беше тој за кој беше нацртана акцијата и кој убаци тројка за изедначување. Санси имаа напад за победа, ама во него одеа преку Леандро Барбоса?!?!? Да не зборам за тоа дека претходно Амари изгуби топка на 93-90 за својот тим, топка која не смееше така лежерно да ја држи кога го има Ману до себе и кога игра против Спарси. Амари пак направи глупа грешка кога проба да отиде преку Курт Томас правејќи го 6. фаул во напад и давајќи им напад на Спарси на 104-101 за Санси. Тука се дешава првата тројка на Тимчо сезонава кога сите се сконцентрираа на Ману кој отиде на влез.
Колку што беше изненадување трицата на Тимчо, за мене поголемо изненадување е тоа што Санси не знаат кога треба, а кога не да се направи фаул. Па имате три разлика во последните 10-15 секунди и вие не правите фаул за две слободни? Наместо тоа оставате противникот да одигра свој напад за тројка. Катастрофа. Од тренерска проценка до играчка интелигенција.
Да не зборам за тоа дека во некои од клучните моменти Санси одеа преку Барбоса и Диао, кој исто ко Амари направи голема грешка во финишот.
На крајот, џабе му на Нешти што е играчиште и на Шек што знае да го стави Данкан во џеб, макар и кога има пет фаули. Исто ко што му е џабе на Амари што дава 33 поени кога не игра ни грам одбрана и нема доволно во главата за да одигра паметно во нападот. За да се поминат Спарси е потребно нешто многу повеќе, а дали Санси го имаат тоа ќе видиме многу брзо.
* * * * * *
Другите три средби можеби беа интересни, но никако ко тој во Аламо. Крис Пол покажа зошто може да биде МВП, откако во својата прва плеј-оф средба ги реши поискусните Мавси, Јута очекувано го доби ослабениот Хјустон во гости, додека мрчењето и грубата игра на Визардси и ненаше некој посебен ефект над Леброн.

