Apr 09
Спремни за плеј-оф?
Posted by Karakash Under Видео, Кобиџилница, Лебронџилница, East, MJ23 on Wednesday Apr 9, 2008НБА ја лансираше плеј-оф кампањата, која конечно бега од онаа језива музика во позадина со слики кои се менуваат и која и кога ќе легнете да спиете ви се мота низ главата. Првата е за Истокот, и во неа се Леброн и Гарнет, веројатно затоа што не знаеле, а и немало кого да стават од Детроит кој би можел да му парира на Кеј-Џи.
Втората (подоле) е за Западот и во неа главни ликови се старите “пријатели“, кои се надевам дека годинава ќе се сретнат во плеј-офот, по можност во финалето на Западот.

