Дрво (за к’смет)

Posted by Karakash Under Општо / Разно on Wednesday Mar 12, 2008

Photobucket

Денеска, во работната акција “Не биди Дрво, насади дрво“ се вклучи и крилото на Хјустон Рокетс, Шејн Батие, кој директно од САД за оваа прилика допатува во Скопје. Тој насади дрво во дворот на ОУ “Петар Здравсковски-Пенко“ во Скопје-Север по што изјави дека се надека дека ова дрво ќе им послужи на неговите Рокетси вечерва да ја продолжат својата неверојатна серија победи на 20. во низа во посетата на Атланта, каде што Батие веднаш одлета по засадувањето на дрвото.

31 COMMENTS

The Big Cactus

Posted by Karakash Under Шек Бургер on Monday Mar 10, 2008

Photobucket

Шек е егоманијак, заљубен во самиот себе. Тоа го знаеме сите. Всушност, поголемиот дел од НБА ѕвездите се такви, со исклучок можеби на Тимчо Роботчо. Токму поради таа љубов кон себе, Шек тргна по загубената топка завршувајќи во третиот ред од трибината. Топката немаше шанси да биде спасена, но најважно е тоа што двете деца во првиот ред не беа прегазени од Шек-Експрес.

Со тој свој потег, освен што потсети на летот на Супермен, само на многу помала височина, Шек знаеше дека вниманието, како всушност и цела вечер, ќе биде свртено кон него, но и тоа ќе им даде мотив плус на соиграчите, кои рака на срце, и не знаат многу-многу што е тоа гинење на теренот.

“If I’m Miami, I’m saying that is not the Shaq that I traded”
-Mark Jackson

И во право е човекот. Нешто чудно се дешава во Аризона, посебно со ветераните кои во минатото знаеле да се мачат со повредите и мотивите за игра. Грент Хил, а сега и Шек се вистински примери.

Што се однесува до дуелот на шампионот и Санси, после петочната средба со Јута, Феникс ни пружи уште една одлична вечер, но овој пат со многу бољи крај за нив. Она што е јасно во врска со нив е дек тие се уште учат да играат заедно, како што Санси за прв пат после…за прв пат воопшто учат дека мораат да играат одбрана ако сакаат да направат нешто. Со Јута уште не беа стигнати до таа лекција, но напредокот беше очигледен против Спарси.

Маките кои ги имаа Санси последниов период никако не ги поврзувам со Шек, кој за разлика од остатокот на тимот на Феникс, знае што е потребно за освојување на титулата. Со своите 36 години тој вчера делуваше како некој многу помлад кој беше подготвен да загине за својот тим на теренот. Тоа е и тоа како добра промена во приодот за до скор малодушните Санси.

Уште само да научи Барбоса да игра во поставен напад без да избрзува шут за три или влез и Борче Диао да научи да ја користи главата и да не прави често чекори, категорија во која веројатно е прв во лигата. Има и некои други работи кои ми сметаат кај Борче, ама за тоа некој друг пат.

Ова е ипак пост за Шек.

16 COMMENTS

Збогум, Џералде Грину

Posted by Karakash Under Општо / Разно on Monday Mar 10, 2008

Photobucket

Пак за Хјустон. Знам дека меѓу посетителите на МакНБА има и такви кои (не знам зошто) се фанови на Џералд Грин, така да оваа вест тие секако дека нема да ја примат баш најдобро. Рокетси се одлучија да го шутнат Грин со цел да си направат место во ростерот за крилото Мајк Херис, кој патем доаѓа од НБДЛ.

За сиот талент кој го има Џералд, а за кој само слушавме, без да го видиме на дело, многу кажува податокот дека после две години Бостон дигна раце од него, истото после три месеци го направи бедната Минесота, а сега истото после само три недели се случува и во Хјустон. Тоа никако не е случајно.

Не викам дека некој тим нема пак да му даде шанса на Џералд, со оглед на годините и талентот, но прозорот полека се затвара. Кошарката ипак е нешто повеќе од само куцање.

Еве што за Грин кажа еден новинар на “Хјустон Кроникл“:

If Green played, practiced and most of all competed as hard as Harris, he would not be unemployed today. He has a sweet shot and can jump out of the building. Another team will likely take another shot to teach him how to play. … Teams are not giving him away because they can’t see the potential. It’s there. But he has not shown that he sees what it will take to bring it out of him.

ПС: Ви текиња кога пред некое време (година-две) имаше муабет за девет и пол прсти поврзан со Џералд?

6 COMMENTS

Photobucket

А до пред само два месеци сите ги викавме Шмокетси…

21 победа во последните 22 настапи…17 победи во серија…Најдобра серија во историјата на Хјустон…Седма најдобра серија во историјата на НБА.

Играл Дирк или не, Рокетси синоќа многу лесно си стигнаа и до 17. победа по ред. Петта без Јао во составот. Во моментов се клика како што треба во Хјустон, што некако стана шема оваа сезона за скоро секоја екипа од врвот на Западот (под врвот се сите девет со позитивен скор).

Дали ќе играат Рокетси во плеј-офот? Мислам дека ќе се најдат таму, иако не верувам дека можат да направат некоја штетат таму. Трејси тешко дека за прв пат во кариерата ќе ја мине првата рунда, но веројатно никој не ни очекуваше ваква серија без нив и пет победи без Јао, така да, ако нешто научивме за Хјустон оваа сезона е тоа дека никогаш не смееме да ги отпишуваме.

Но агејн, Сан Антонио и Лејкерси, па и Јута, Феникс, а и Далас и мејби Голден Стејт веројатно ќе ги посакуваат Рокетси во првата рунда. Сепак, тоа не е причина да не уживаат во моментот.

21 COMMENTS

The King

Posted by Karakash Under Лебронџилница, Легенди on Thursday Mar 6, 2008

Photobucket

Најголемите НБА ѕвезди се познати по тоа дека обожаваат да играат во Медисон Сквер Гарден, а послениот кој се приклучи на таа одбрана дружба е Леброн, кој доминираше синоќа против мизерните Никси. Момакот стана само вториот играч во лигата во последниве нејзини 20 години кој на една средба имал најмалку 50 поени и десет асистенции или првиот по Карим Абдул-Џабар од јанури 1975 година кој на еден дуел имал најмалку 50 поени, осум скокови и десет асистенции.

Моментот со фанот на крајот беше малку фрики и можеше да исплаши некој друг да не беше Леброн и неговата ѕверска појава.

Инаку, што мислите кои се другите двајца со 50п.-10ас. партии последниве 20 години?

Одговор је во коментарите.

13 COMMENTS

Рејџон!

Posted by Karakash Under Видео, East on Thursday Mar 6, 2008

Синоќа Бостон и официјално обезбеди плеј-оф пласман со победата над најголемиот, и можеби единствен ривал на Истокот. Оваа победа е важна од аспкет што со неа сега Селтикси се тимот со предност на домашен терен во разигрувањето кога таму ќе се сретнат овие две екипи, нормално во случај до крајот Пистонси да не успеат да ги стигнат на табелата на бедниот Исток.

Потегот на вечерта, покрај 20 скокови на Кендрик Перкинс?…Повелете.

1 COMMENT

Би ни требало многу простор и време кога би почнале да зборуваме за средбите низ историјата на Русите и Германците. Да не потсети дека некои работи не се забораваат, тука е Дирк, кој на дуелот со Јута ја покажа својата “љубов“ кон обидот на Кириленко за лесни два.

Ако за оној фаул на Шек викав дека е за исклучување, овој за каде е? За во некој Гулаг, мејби.

11 COMMENTS

Каква утакмица!

Posted by Karakash Under Кобиџилница on Monday Mar 3, 2008

Photobucket

Лејкерси некако станаа специјалисти за страшно добри утакмици. После задњите со Феникс, на ред дојдоа и Мавси, а со оглед на квалиетот очекувам слично нешто и со Сан Антонио.

Малку доцнам со постов поради некои др. обврски кои ги имав денеска, но синоќа ја гледав утакмицата која како неутрален кога станува збор за тие две екипи ме остави ептен задоволен, и со уште позацврстено убедување дека не постои поквалитетна лига и спорт кој нуди подобра забава од НБА. Нормално, кога играат елитните екипи, посебно тие од Западот.

За Коби нема што да се каже што веќе не е кажано. Овој пат го видовме ланскиот Коби, кој во вистински момент уфрли во ритамот од минатата сезона, за да спречи втор пораз по ред на Лејкерси, кои како што изгледаат изминативе два месеци и кои со камбекот на Бајнам би требале да бидат еден од главните кандидати за тронот на Западот.

52 поени се секогаш голема работа, посебно во дуел со тим како Далас и меч со посебна тежина, а посебна драж имаат кога твојот тим ќе победи. Мавси традиционално си имаат мака со Коби, и тоа не се смени и после сите промени во двата тима. Иако на теренот беа и Гасол и Кид во нови дресови, како и Дирк во доста клач издание по слабиот старт, се знаеше дека се ќе се врти околу Кобстерот, кој страшно созреа од лидерски аспект изминативе шест месеци.

Што се однесува до Мавси, морам да кажам дека краткорочно Кид им го дава она што Девин Херис никогаш немаше да им го даде. Најдобриот плеј во овој милениум синоќа уште еднаш покажа дека е страшен играч со ненормална визија на теренот и на свои 35 години, но и ја покажа својата стара мана, а тоа е дека не е клач тип.

Најмногу од него ќе профитира Дампие, но и остатокот од тимот, а после претпоставувам ангажманот на Тајрон Лу, Ејвори ќе може и малку да го одмара за плеј-офот. Мавси ќе бидат опасни во разигрувањето, само што ќе мора да го испотат газот за да обезбедат предност на домашен терен во првото коло.

Едвај чекам да почне плеј-офот на Западот.

PS: ВО КАТЕГОРИЈАТА ЕСПОРТ (ПДФ) ГОРЕ СЕ СТАВЕНИ ЛИНКОВИ ВО ПДФ ДО СКОРО СИТЕ МОИ ТЕКСТОВИ ЗА ЕСПОРТ НА ТЕМА БАСКЕТ / НБА. ГО НЕМА САМО ПОСЛЕДНИОТ БРОЈ. ТРЕБА МАЛКУ ДОТЕРУВАЊЕ, НО ВАЖНО Е ДЕКА КОНЕЧНО ФУНКЦИОНИРА ТАА КАТЕГОРИЈА.

КОЈ САКА ДА НИ ПРАВИ МАИЦИ, МОЖЕ ДА СЕ ПОНУДИ ДА ЈА АКТИВИРА И КАТЕГОРИЈАТА “ШОП“. 

20 COMMENTS