Photobucket

Бостон со право повторно е главниот муабет во НБА откако покажаа зошто го имаат најдобриот скор во лигата (убедливо) преживувајќи го Тексашкиот Триаголник во стил. Прво го скинаа шампионот сред Аламо иако губеа и со 22 поени во еден миг од средбата, потоа со 20 плус ја убија серијата од 22 победи по ред на Хјустон, за синоќа да го исплескаат и Далас за комплетирање на Триаголникот. Нешто што и појде од рака на една екипа за прв пат по Кингси од ноември 2001 година.

Ако ова не е доказ дека Бостон е најголем фаворит за титулата, не знам што е, а со вклопувањето на Кесел и Пи-Џеј Браун до плеј-офот, тие ќе бидат уште посилни и не гледам како може да се случи едноставно да не се прошетаат во првата и втората рунда.

Фаворити ми се и поради тоа што додека Западњаците ќе се колат, Селтикси ќе чекаат дуел со Детроит. Кавси сакаат да бидат незгодни, но реално немаат шанси против Бостон. Орландо им е можеби понезгоден противник, но и тие немаат шанси во една серија од седум средби.

ПС: Далас сега со Кид во тимот има скор 0-7 против тимовите со позитивен скор. Екстра. Кјубан сега сигурно ја мава главата во ѕид.

19 COMMENTS

Photobucket

“Fans don’t understand our lives and what we go through. They don’t look at us as humans.”
- Aлен Ајверсон, Maрт 2002

“We’re sitting here, and I’m supposed to be the franchise player, and we’re talking about practice.”
- Мај 2002

“They are targeting guys who dress like me. You can put a murderer in a suit, and he’s still a murderer.”
- Noември 2005

Сосема нормално, синоќа главната НБА приказна беше (конечно) камбекот на Ајверсон во Филаделфија, за прв пат како гостин и за прв пат по трејдот во Денвер лани. Како и многу пати до сега со Ајверсон на теренот, Сиксерси стигнаа до победата, само што овој пат тој беше од другата страна. Тоа сепак не го намали воодушевувањето на Ајверсон од камбекот, а кулминација беше бакнежот на логото сред терен при неговото претставување.

За мене, Ален засекогаш ќе биде запаметен во дресот на Филаделфија, исто како и Патрик во дресот на Никси, Ник во дресот на Атланта, Хаким – Хјустон, Клајд – Портланд, Хил – Детроит итн…

* * * * *

Во сенка на горепосменатото помина дербито на Западот во кое Леброн уште еднаш покажа дека последниот збор за тоа кој ќе биде шампион на Истокот ќе го даде токму тој. Ако некој знае како треба со Пистонси, тоа е Леброн. А некој во Детроит очигледно не ни знае како се пишува презимето на РИП, па на мечот со Денвер тој се појави со вакво презиме на грбот…Во текот на средбата грешката беше исправена, а виновникот, ништо чудно, отпуштен.

Да беше презимето на некој како Херман, Максил или слично, ај ќе разберев, ама на прва ѕвезда на тим башка со ептен раширено презиме?

Photobucket

9 COMMENTS

Кој нарача будење?

Posted by Karakash Under Видео, Општо / Разно on Wednesday Mar 19, 2008

Photobucket

Кај будење, па и вакво, од 20 разлика на свој терен со само 74 постигнати поени. Точно е дека го немаше Јаоза, но тоа Рокетси не го користеа како оправдување. Едноставно беа прегазени од доста поквалитетен тим од нив кој, иако претходната вечер одигра тежок меч во Сан Антонио каде славеше и покрај минусот од 22 поени разлика, покажа зошто го има најдобриот скор во лигата и зошто сезонава ќе ја заврши со тој статус. Исто така, Бостон на последниве две средби се врати во центарот на НБА муабетите, откако Лејкерси, а онда и Хјустон малку им украдоа од спотлајтот.

Што се однесува до Рокетси, стварно мислам дека им следува тежок период, не само поради распоредот, туку и поради тоа што на голем дел од победите во серијата, тие некако успеваа да го надминуваат слабиот шут и бројните грешки. Тоа не им појде од рака синоќа, а веројатно нема да им пали многу ни во иднина. Тука клучен е Трејси Мекгрејди, за кој одамна имам кажано што мислам, во пакет со неговото другарче од Њу Џерси.

Каков е Западот, лесно може да се случи неколку порази по ред, заедно со серија победи на Голден Стејт (која не ја очекувам) и на Денвер (поочекувано), Хјустон да се најде и во борба за последните плеј-оф места. Тоа нормално, не им го посакувам, но гледајќи го нивниот состав и квалитет, може да се случи.

Сепак, серијата од 22 победи останува засекогаш запишана во историјата на НБА. Е сеа, што за разлика од поголемиот број на тимови со серии од 19. победи и повеќе, Рокетси нема да освојат титула или играат во финале, тоа е друг муабет кој секако ќе стави голема дамка над оваа серија.

* * * * * *

Како додаток на постов, веројатно најдобрата блокада оваа сезона.

13 COMMENTS

Сто миљарди

Posted by Karakash Under Општо / Разно on Tuesday Mar 18, 2008

Photobucket

12 COMMENTS

168!

Posted by Karakash Under Општо / Разно on Monday Mar 17, 2008

Photobucket

Вау. Уште од мојот старт на следењето на НБА, Нагетси ми се врежани во меморијата како тим кој трча, трча и само трча. Со веројатно најружните дресови во лигата (тогаш) со некаква силуета на градот, т.е. скајлајнот на Денвер во сите бои на виножитото. Ерата потоа со Дикембе малку (малку повеќе) ги успори работите, но доаѓањето на Мело, а онда и Ајверсон ги вратија работите во нормала.

Најстрашното од се е тоа што и покрај ваквите партии и одличниот скор, Денвер може да извиси и да не игра во плеј-офот.

Мајкл Адамс, Мајкл Адамс, Мајкл Адамс, Мајкл…

13 COMMENTS

Сонот продолжува…

Posted by Karakash Under Општо / Разно on Monday Mar 17, 2008

Photobucket

Паднаа и Лејкерси. Не играше Гасол, ама го немаше ни Јао, така да мислам дека секое деградирање на оваа победа на Рокетси не држи вода. Додека не загубат од некого, секој ден (после секоја нова победа) ќе оди по една слика поврзана со Хјустон. Следни се утревечер Селтикси, пак во Хјустон, меч кој би можел да го пропушти Реј Ален. Карма, јеби га.

5 COMMENTS

Photobucket

Втора недела по ред оди слика од Хјустон, што е нали, сосема разбирливо со оглед на нивната историска и актуелна серија од 21 победа.

Лично, од една страна имам полна доза респект за овој успех на Рокетси, нешто што во минатото не му пошло на никого од рака, барем не во модернава ера на НБА. Кога ќе се погледне нивниот тим (без Јаоза) освен Трејси, и до некаде скопјанецот Батие, тие немаат апсолутно ништо со што би можеле посебно да се пофалат. Сепак, Скип ту мај Лу, Скола, Боби Џексон и радничката класа како Лендри и Хејс и тоа као вршат работа и се огромен дел од овој успех. Сепак, најмногу од секој за оваа серија е веројатно Рик (Туп поглед) Аделман, кој не го фаќаше паника ни кога играа слабо и со Јао во тимот и кој цело време веруваше во своите момци.

Од друга страна, ова не е никаков успех доколку не се мине барем првата рунда од плеј-офот, нешто што за Трејси е непозната територија. Гледајќи го тимов и силината на конкуренцијата на Западот, не можам да си ставам во глава како Хјустон би можел во една серија од седум средби да се носи со било кој од останатите елитни тимови.

И да, факт е дека Рокетси поголемиот дел победи ги остварија против тимови под 50%, како и тимови без своите ол-стар играчи (Вест и Дирк), сепак добар дел од тоа (9-0) е без Јаоза, што само по себе е голема работа. Повредата на Трејси порано сезонава, а потоа и оваа на Јао, ги научија момците како да играат без еден од своите најдобри играчи, но мислам дека без Кинезот ќе немаат никакви шанси со ѕверовите на Западот, освен ако тие си немаат некој повреден.

Кога сме кај повредите, кармата за прв пат тргна во насоката на Хјустон, па вечер нема да мораат да мислат на Пау, а лесно може да се случи во следниве средби да не мора да се мачат ни со Реј Ален и пак Вест.

Уште нешто. Сериите на Лејкерси и Милвоки делумно се запаметени и по тоа што тие екипи истата таа сезона станале и шампиони. Овие Рокетси нема шанси да станат тоа.

И пак. Сепак, ни Булси на Мајкл кога сезоната ја завршија со скор 72-10 немаа ваква серија. Тоа сепак кажува нешто.

ПС: Класиката наречена Дикембе Мутомбо Мполонда Мукамба Жан-Жак Вамутомбо

28 COMMENTS

Photobucket

Малце да разбиеме од муабети поврзани со серијата на Хјустон и садењето дрва. Иако вчера не одигра нешто посебно против Визардси, Леброн заслужи пост со оглед на продолжувањето на своето издигнување (т.е., издигнувањето на својата популарност) откако се појави на насловната на најголемото модно списание на светот – Vogue.

За нас како фанови на НБА, ова и нема некоја посебно голема важност, но не е мала работа кога сте вие само третиот маж кој се појавин на насловната на Vogue после фаци како Ричард Гир и Џорџ Клуни. Тоа уште повеќе добива на тежина ако се знае дека Vogue излегува неверојатни 116 години!!!

ПС: Ова нормално не значи дека Леброн ќе добие некој глас повеќе во гласањето за МВП.

26 COMMENTS