Mar 12
Дрво (за к’смет)
Posted by Karakash Under Општо / Разно on Wednesday Mar 12, 2008Денеска, во работната акција “Не биди Дрво, насади дрво“ се вклучи и крилото на Хјустон Рокетс, Шејн Батие, кој директно од САД за оваа прилика допатува во Скопје. Тој насади дрво во дворот на ОУ “Петар Здравсковски-Пенко“ во Скопје-Север по што изјави дека се надека дека ова дрво ќе им послужи на неговите Рокетси вечерва да ја продолжат својата неверојатна серија победи на 20. во низа во посетата на Атланта, каде што Батие веднаш одлета по засадувањето на дрвото.


