Каква утакмица!
Posted by Karakash Under Кобиџилница on Monday Mar 3, 2008Лејкерси некако станаа специјалисти за страшно добри утакмици. После задњите со Феникс, на ред дојдоа и Мавси, а со оглед на квалиетот очекувам слично нешто и со Сан Антонио.
Малку доцнам со постов поради некои др. обврски кои ги имав денеска, но синоќа ја гледав утакмицата која како неутрален кога станува збор за тие две екипи ме остави ептен задоволен, и со уште позацврстено убедување дека не постои поквалитетна лига и спорт кој нуди подобра забава од НБА. Нормално, кога играат елитните екипи, посебно тие од Западот.
За Коби нема што да се каже што веќе не е кажано. Овој пат го видовме ланскиот Коби, кој во вистински момент уфрли во ритамот од минатата сезона, за да спречи втор пораз по ред на Лејкерси, кои како што изгледаат изминативе два месеци и кои со камбекот на Бајнам би требале да бидат еден од главните кандидати за тронот на Западот.
52 поени се секогаш голема работа, посебно во дуел со тим како Далас и меч со посебна тежина, а посебна драж имаат кога твојот тим ќе победи. Мавси традиционално си имаат мака со Коби, и тоа не се смени и после сите промени во двата тима. Иако на теренот беа и Гасол и Кид во нови дресови, како и Дирк во доста клач издание по слабиот старт, се знаеше дека се ќе се врти околу Кобстерот, кој страшно созреа од лидерски аспект изминативе шест месеци.
Што се однесува до Мавси, морам да кажам дека краткорочно Кид им го дава она што Девин Херис никогаш немаше да им го даде. Најдобриот плеј во овој милениум синоќа уште еднаш покажа дека е страшен играч со ненормална визија на теренот и на свои 35 години, но и ја покажа својата стара мана, а тоа е дека не е клач тип.
Најмногу од него ќе профитира Дампие, но и остатокот од тимот, а после претпоставувам ангажманот на Тајрон Лу, Ејвори ќе може и малку да го одмара за плеј-офот. Мавси ќе бидат опасни во разигрувањето, само што ќе мора да го испотат газот за да обезбедат предност на домашен терен во првото коло.
Едвај чекам да почне плеј-офот на Западот.
PS: ВО КАТЕГОРИЈАТА ЕСПОРТ (ПДФ) ГОРЕ СЕ СТАВЕНИ ЛИНКОВИ ВО ПДФ ДО СКОРО СИТЕ МОИ ТЕКСТОВИ ЗА ЕСПОРТ НА ТЕМА БАСКЕТ / НБА. ГО НЕМА САМО ПОСЛЕДНИОТ БРОЈ. ТРЕБА МАЛКУ ДОТЕРУВАЊЕ, НО ВАЖНО Е ДЕКА КОНЕЧНО ФУНКЦИОНИРА ТАА КАТЕГОРИЈА.
КОЈ САКА ДА НИ ПРАВИ МАИЦИ, МОЖЕ ДА СЕ ПОНУДИ ДА ЈА АКТИВИРА И КАТЕГОРИЈАТА “ШОП“.


