Енигма

Posted by Karakash Under Лебронџилница, Трејд муабети on Friday Feb 22, 2008

Photobucket

Помина трејдинг дедлајнот и како што му приличи на лудиов НБА месец, посебно последниве две недели, во последните минути до лигата беше пријавен уште еден голем трејд во кој овој пат главната улога за промена ја имаа екипи од Истокот.

Колку Бен Волас и Воли Шчербијак му помагаат на Кливленд и Леброн, не знам, но знам дека Џо Смит и Делонте Вест би требале да бидат од помош. Кавси се откачија од Хјуз и го дадоа Гуден, плус Маршал, Њубл, Шенон Браун и Симонс кои и онака беа вишок. Сигурно е дека добија повеќе во споредба со тоа од што се откажаа, но не знам дали ова им е доволно за да бидат подобри од Бостон или Детроит. Нормално, кога го имате Леброн, се е можно, што беше докажано и лани во плеј-офот.

Бен Волас сега има центар позади себе со кого пак ќе може да биде ефективен во рекетот. Зборуваме за одбраната, нормално, зошто нападот е непознат остров за Бен кој веројатно никогаш нема да го посети во животот. Малце ми е сумњива и идејата за Бен на четворка, што ќе значи помалку време блиску до кошот, каде тој единствено е и корисен.

Воли пак е шутерот кој очајно им фалеше и секако дека е подобро решение од Хјуз, кој играше на периоди, и тоа кога не беше повреден, што беше честа појава.

Делонте е засилување на плеј. Иако сезонава не играше многу во Сиетл, лани во Бостон тој покажа дека може да биде солиден НБА плеј, позиција на која Кавси беа очајно тенки. Џо Смит сезонава беше најпостојаниот и најдобриот играч на Чикаго, што кажува се за нивната сезона. Би можел да помогне во рекетот, и тоа многу повеќе од Бен.

Што се однесува до другите две екипи, Булси барем успеаја да се откачат од негативното влијание кое Бен Волас го имаше врз нивните фанови, улога која би можел да ја заземе Хјуз. Сепак, Хјуз ако ништо друго, ќе му го направи животот малку понедуобен на Бен Гордон, со кого ќе се бори за место во тимот. Гуден е солидна замена за Волас и Смит, ако ништо друго, барем е помлад.

Сиетл направи најдобар бизнис овој трејдинг-дедлајн од екипите кои немаат шанси за плеј-оф пласман. Откачија едно чудо играчи со солидно мрсни договори, притоа ќарувајќи едно чудо идни пикови од првата рунда. Не за џабе е Сем Прести дел од школата на Спарси, со кои и вршеше работа. Дени Фери е во Кливленд, а Курт Томас беше испратен во Спарси.

Имаше и др. трампи, како таа меѓу Хорнетси и Хјустон во која нови другари на Крис Пол се Бонзи Велс и Мајк Џејмс, а на Аделман му се враќа Боби Џексон. Хорнетси добија подобра клупа со овој дил, но познато е дека Бонзи и Џејмс ако не играат знаат да бидат и негативно влијание.

Ситни трејдови кои не менуваат ништо направија и Торонто, Детроит, и пак, Хјустон.

5 COMMENTS

Photobucket

In a three-way trade with Chicago and Seattle that has been submitted for league approval, NBA front-office sources say that Cleveland will come away with four new teammates for James, headlined by Ben Wallace from the Bulls and sharpshooter Wally Szczerbiak from the Sonics.

The Bulls, apparently abandoning their gamble on Wallace less than two seasons into the lucrative four-year deal they used to sign him away from Detroit, would get Cavaliers forward Drew Gooden and swingman Larry Hughes along with Cavs reserves Cedric Simmons and Shannon Brown.

The Sonics, shedding Szczerbiak in the name of additional payroll flexibility, come away with the expiring contracts of Cleveland’s Ira Newble and Chicago’s Adrian Griffin as well as Cavs veteran Donyell Marshall.

Повеќе за трејдов утре…Иако од сево ова може да излезе Кавси да не бидат ама ич подобри од тоа што се сега. Барем Леброн нема да се жали дека Дени Фери не мрднал со малиот прст додека другите екипи правеле луди трејдови во еден од најчудните трејдинг дедлајни по подолго време.

7 COMMENTS

Наместо било каков пост за изминатава луда недела во лигата..и наместо една фотка на неделата како по обичај, еве неколку слики кои го одбележаа вчерашниот НБА ден, кој ако ништо друго, сигурно е најлудиот во лигата после подолго време. Ејсон пак во дресот на Далас, за прв пат по минатиот век (милениум), The Big Cactus со деби баш против Лејкерси и баш против новиот сајдкик на Коби, Пау Гасол.

Со оваа средба Лејкерси само ја истакнаа својата кандидатура како еден од најсериозните кандидати за тронот на (пре)силниот Запад, но мислам дека и во Феникс немаат за што да жалат, зошто Шек покажа дека може да биде големо засилување за нив. Ако не се повреди. Што секако е едно големо – Ако.

И на крај, Биби во својата втора средба како дел од Хоукси играше во Сакраменто против Кингси.

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

4 COMMENTS

Kidd’s game

Posted by Karakash Under Трејд муабети on Tuesday Feb 19, 2008

PhotobucketPhotobucket

За многумина вистинската НБА сезона почнува после Ол-Старот, што не е далеку од вистината. Оваа сезона посебно е ќе биде интересна борбата за врвот на Западот, која судејќи според она што се дешаваше до сега, како и потезите на Лејкерси, Феникс и Далас, а можеби и Денвер, ќе биде најинтересното нешто што ни се случило по подолго време.

Прво – Далас.

Од лик кој не сакаше да му даде пари и да го задржи Неш кога овој имаше 30 години, Кјубан стана лик кој даде речиси пола тим за да го врати Кид, на негови 35 години и договор од 19 728 000 за сезонава и 20 милиони кои ќе ги бара за продолжување на верноста. Нормално, парите никогаш не биле проблем за Кјубан, но ова ми е на некој начин признание дека се заеба со пуштањето на Неш, со кое само што изгуби многу, туку и засили еден од најголемите ривали на Западот.

Исто така, ова е потврда на стравот на Мавси дека после Пау во Лејкерси и Шек во Феникс, тие нема да можат да излезат како победници од силниот Запад каде е и актуелниот шампион и каде има десет екипи кои конкурираат за плеј-оф место. Мавси факат не играа со цел свој потенцијал сезонава, а и чисто се сумњам дека со тимот кој го имаа пред трејдот за Кид дека имаа било какви шанси против Лејкерси (посебно ако се знае како Коби игра против нив), па и Спарси и Феникс. Не би ја отпишал ни Јута, а онда ни Голден Стејт, кој секако дека им има влезено во главите на Мавси, само што сега им треба да влезат и во плеј-офот, што нема да биде лесна задача.

Кид секако ги прави Мавси подобар тим краткорочно. Можеби Девин Херис е подобро решение ако зборуваме за три-четири сезони, но тој никогаш нема да биде на нивото на еден Кид. Мене лично Херис не ми се свиѓа како играч и кога Далас се откажа од Џејмисон за да ги добие драфт правата врз него, сметав дека можеле да направат далеку подобар потег. Проблемот е во тоа што Херис во никој случај не е класичен плеј, нешто што очајно му требаше на Далас. Тоа што Стекхаус не е дел од вториот трејд е голем плус за Мавси, кои се откажаа од бескорисниот Хесел. Сега останува само да го заковаат Девин Џорџ на клупата и момакот никогаш повеќе да не заигра во Далас. Како се понашаше изминативе недела дена, сумњам дека ќе се најде тим кој ќе сака да си има работа со него, иако во НБА се е можно.

12 COMMENTS

Photobucket

Второ – Денвер.

Според многумина Нагетси се сериозни во трката по Рон-Рон, кој според нив е вистинскиот играч кој ќе им донесе квалитет плус во борбата на Западот. Не знам баш. Ако се гледа од чисто игралки аспект, Артест е еден од најдобрите во лигата кога зборуваме за комбинација на дефанзивни и офанзивни квалитети, но приказната е сосема поинаква ако зборуваме за багажот кој со себе го носи Рон и кој ќе му требаат шлепери за да се однесе во било кој клуб во кој ќе се пресели.

Сепак, она што им го дава Рон, посебно во одбраната со Кемби позади него може да им биде од голема корист. Денвер, а посебно Џорџ Карл се под голем притисок за успех уште оваа сезона, а со оглед на годините на Кемби и Ајверсон, прозорот и тоа како бргу им се затвара.

Плус, и финансиски трејдов е добар за Денвер, со оглед на само седумте милиони и кусур за оваа и осумте за счедната сезона кои му следуваат на Рон, нормално, доколку не одлучи за опцијата да стане слободен ова лето. Како и да е, доколку Рон отиде во Колорадо, дефинитвно ќе биде Лудило!

3 COMMENTS

NBA All Star 2008 – Видео рикеп

Posted by Karakash Under All-Star, All-Star 2008, Видео on Monday Feb 18, 2008

7 COMMENTS

All Star 2008: NBA SDC ’08 – Привју by Flight

Posted by Karakash Under All-Star 2008 on Sunday Feb 17, 2008

Со мало закаснување, поради тоа што синоќа воопшто не бев на нет, еве го постот кој експертот за забивања, Флајт, ми го прати по повод NBA SDC 2008…Иако сега веќе сите знаеме како заврши вечерта во која го видовме Супермен, текстот на Флајт останува интересен за читање.

Прогласувањето на NBA SDC за мртов се стабилизираше како еден од стандардните сезонски ритуали во последнава деценија. Речиси и да не постои Февруари кој не е проследен со вообичаените реминисценции за митските дуели на Џордан и Вилкинс, за Фродо гоус ту Мордор во верзија на Спад Веб, па дури и за Кихотовските обиди на Клајд Дрекслер да направи забивање што барем малку ќе отскокнува од здодевниот просек. А, веднаш потоа неизбежно следува дијагностицирањето на смртта: нема повеќе супер ѕвезди, ги нема компетитивноста и иновативноста; се е веќе видено, нели? Логиката е лесно сфатлива, на носталгијата и се потребни ориентири, симболи кои можат да постанат стандард единствено ако се врамат во рамката на дефинитивното минато; нешто што никогаш не може да се врати, не само поради минувањето на времето, туку поради онаа недофатлива аура со кои овие настани зрачат. Во таа смисла, летот од линијата за слободни на MJ и ветерниците на Nique се вистински аналогон на фигурата на Џери Вест, која е и буквално врамена во логото на една традиција.

Но, како што сите фанови на хорор жанрот добро знаат, afterlife-от може да биде заебана работа. А, како поинаку да се објаснат вампиристичките акробации на J-Rich, еклектичноста на Џералд Грин и Џош Смит или out-of-this-world трагикомичноста на Нејт Робинсон? Впрочем, доволно е човек да го чуе Кени Смит и неговите емфатични восклици за да сфати дека за нешто што е одамна мртво, SDC прилично добро се држи.

Како и да е, во последниве неколку години ултимативниот предизвик за NBA SDC беше токму тоа – како да се конципира овој живот-по-смртта. На административно ниво, неколку големи промени веднаш паѓаат на памет. Пред се, SDC стана Rising Stars SDC, потег кој ја претставува најдрастичната мерка во борбата со незаинтересираноста на супер ѕвездите, но истовремено е и рефлексија на една осмислена и долгорочна стратегија во која натпреварот во забивање има посебно место. Од друга страна, ограничувањето (намалувањето) на бројот на учесниците (и забивањата) има очигледна цел – справувањето со неоригиналноста и со моментот се е веќе видено, кој е еден од најистрајните критички тропи.

Размислувајќи во оваа насока, оваа година NBA оди чекор понатаму. Воведувајќи еден нов принцип на гласање според кој токму публиката ќе одлучува за победникот во финалето, лигата се обидува на систематски начин да го премости јазот помеѓу кататоничната (и неинвентивна) NBA dunk сцена и публиката, се почесто фасцинирана од non-NBA сцената, која од специфична супкултура полека прераснува во медиумска индустрија (And1, Slamnation, TFB…). Во овој контекст, ептен е битно да се спомне токму медиумската стратегија со која лигата го фабрикува неопходникот hype: од “we dunk, you decide” пристапот, преку видео логовите и интервјуата со Хауард и Грин, па се до YouTube предизвикот на Руди Геј. NBA влегува во нова ера, и веројатно она што беа ESPN и TNT за Џордан, тоа во иднина ќе бидат в-логот и Интернет за Руди Геј и некои негови наследници.

Но, да прејдеме на конкретни работи. NBA SDC 2008 – Грин, Хауард, Геј и Џамарио Мун. Не можам ни да замислам поатрактивна постава. Можеби Родни Карни и Ник Јанг? Како и да е, I believe the hype. Целата врева што се крева околу потенцијалот на овие четири забивачи и околу најавените забивања (посебно оние на Геј и Мун) е повеќе од доволна да ме убеди дека Кени Смит ќе има за што да воскликнува ноќеска.

Двајца класични two-leg скокачи, еден вонсериски glider и еден бивш Тротер – извонреден баланс и подлога за широк и разноврсен репертоар. Искрено верувам дека овогодишниот SDC ќе биде најдобриот во afterlife (пост-Винс) периодот. Проблемот е, веројатно, што со вакви очекувања речиси е неизбежно разочарување. Но, ајде да идеме по ред:


Dwight Howard

Photobucket

Чувте, нели?

Лигата повторно не му дозволува да го дигне обрачот на 12 FT. И доколку првата (спонтана) реакција е пцовка кон конзервативноста на NBA, онаа втората е малку потрезвена. Некако ми се наметнува само по себе прашањето – зошто Хауард толку инсистира на овој потег и зошто толку трагично го сфаќа негативниот одговор? Причината е и повеќе од очигледна: затоа што височината Е differentia specifica на неговиот забивачки стил.

Одземете му ги sticker-от на врвот на таблата и kiss the rim моментот и навистина е сомнително колку Двајт може да се приспособи на еден SDC. Но, во неговиот случај не станува збор единствено за класичниот проблем што високите играчи го имаат на овие натпревари. На Хауард му недостасува оној фамозен dexterity момент што е речиси неопходен во еден SDC во 21 век. Паралелно со тоа, стилот е исто така под знак прашалник. Да се послужам со my man Kenny: “he doesn’t kick his legs in the air”. А, забивање без тоа е како Шекспир без енунцијација. За илустрација, ѕирнете ги Ричардсон и Дезмонд Мејсон. Или можеби, Џордан и Вилкинс. А, дали високите момци можат да бидат атрактивни – па, не знам, прашајте ги Ненс и Кемп… Мое искрено мислење е дека Хауард не е еден од нив…

Очекувано забивање: Alley-oop од зад кошот и забивање со две (модификација на Игуодала)

Прогноза: 1 рунда

Jamario Moon

Photobucket

Ако сеуште не сте го ѕирнале неговото sneak peak видео, под итно! 26-годишниот руки на Торонто е еден од оние ретки забивачи кои подеднакво добро скокаат и од една и од две нозе, факт што претставува извонредна предност во еден ваков натпревар. Нечовечки одраз, долги раце и, пред се,
изразито големи дланки – Џамарио е како створен за
SDC. A, ако се додадат и флексибилноста и шоу моментот, кој секој бивш Глоубтротер мора да го поседува, очекувањата се through the roof

ОЗ: Wellда помислам малце. А, да, ми текна – пола метар ЗАД слободни. Jamario, it’s your turn. Плус, се збори дека ЏМ ќе изведе 360 windmill (а ла Картер) со две топки. Ај, да видиме…

Прогноза: Финале

Rudy Gay

Photobucket

Уф, колку ми недостасуваше glider минатата година…
Руди Геј е мој тип на забивач. И покрај тоа што скока извонредно и од две нозе (Скола и Ји знаат најдобро), Геј е, пред се,
one-leg jumper. Има долги раце, извонредна координација во воздух и… kicks his legs a lot

Кога е во прашање неговиот репертоар, два моменти отскокнуваат: tomahawk забивањето, кое му е омилено и неговата windmill верзија (приметете ги нозете)…
По неговиот
YouTube предизвик, сега е речиси обврзан да изведе едно забивање од понудените. Живо ме интересира што ќе избере. Мои фаворити се 360 under the legs на Дарлингтон и lob-rock the cradle на T’Dub.

ОЗ: Windmill од слободни (а ла Вајт на NCAA SDC 2006)

Прогноза: Победник

Gerald Green

Photobucket

Иако никогаш не е паметно да се потцени актуелниот шампион, историјата покажува дека е изразито тешко да се одбрани SDC титулата (ако не си MJ или J-Rich). Веројатно дел од причината е што осмислениот настап на победникот секогаш подразбира репертоар кој отприлика ги оцртува границите на забивачките способности. Со други зборови, многу е тешко следната година да се измисли топла вода (ако не си J-Rich).

Но, Џералд Грин не е Себалос, Брент Бери или Фред Џоунс. Неверојатната експлозивност од две нозе,
soar забивањата и неповторливото dexterity го прават посебен…
Ќе биде многу интересно да се види како Грин ќе одговори на фрлената ракавица од Геј и Мун и како ќе се снајде во една толку силна конкуренција.

ОЗ: 540° dunk и shoulder dunk

Прогноза: 1 Рунда

Сума сумарум, очекувам спектакуларна вечер и серија извици на Кени Смит (“that’s the best dunk I’ve ever seen”) кои ќе ја потврдат бесмртноста на Летањето, дури и во ера кога Џордан и Ник изгледаат како дедовци…

17 COMMENTS

Наместо било каква најава за она што ќе се дешава вечерва, првиот Ол-Стар викенд кој имав прилика да го гледам (на VHS) и кој останува, барем за мене, најдобриот Ол-Стар на сите времиња. Како саботната вечер, така и тоа што се случуваше и во неделата.

ПС:Само што шампион во куцање не беше оној кој си ја заслужи титулата. Јеби га, Чикаго беше домаќин.

ПС2: ЧИКАГО – ПОЛ – ПЕЏА – ГЕЈ 

25 COMMENTS