НБА има глупи правила и поради нив, тоталното немање слух и било каква човечност, Гејм 5 од она што требаше да биде најдобрата серија во овој плеј-оф ќе стане серија во која ќе мораме да го видиме хоророт наречен Пет Бурк на теренот.
Кого друг да играат Санси во рекетот без суспендираните Амари и Диао? Курт Томас нема да може да игра 48 минути.
Кога синоќа на ЕСПН ја видов на веста за казните на Говното, Амари и Диао, не можев да се изначудам. Онака, се почувствував како некој да ми украл нешто, како некој да ме шутнал на земја и ми ја одземал можноста да ја гледам често клучната средба во секоја серија која овој пат требаше да биде прав спектакл во Феникс каде сумњам дека Санси можеа пак да изгубат од прљавите Спарси.
Но, како и на другите дуели од серијата, НБА и судиите застанаа на страната на Сан Антонио (а не сум фан на Феникс!) и му поклонија речиси сигурна победа на својот тим во следната средба по која со 3-2 ќе се селат во Аламо.
Знам дека ова звучи малце претерано, ама казните немаат никаква логика. Па што ако Амари и Борче станале од клупа по фаулот на Говното над нивниот лидер? Секој со трунка емоции и што играл барем една минута кошарка знае дека во таква ситуација не можеш да седиш на клупа и да си свиркаш. Што е уште поважно, што ако Амари и Борче станаа да видат како е Неш, откако Говното го запука во записничката маса? А и не дека само они двајца станаа од клупите и стапнаа на теренот.
Друго ќе беше да настанеше хаос на теренот и Амари и Борче да се умешаа во некаква расправија и тепачка со Спарси. Вака, по само неколку секунди тие си се вратија на клупата.
Плус, тоа се деси и доста порано во средбата , а момците од BrightSideofTheSun имаат свој предлог за тоа кој треба да биде суспендиран за влегување во теренот.
Не дека нивната желба треба да се исполни, ама не требаше ни таа на Спарси. Говното за започнување на целиот хаос, ништо чудно и да е со намера, требаше да биде суспендиран најмалку до крајот на оваа серија (што може така и да испадне) или па до крајот на плеј-офот.
Од НБА последниве две години јасно изјавуваа дека ќе пробаат да сотрат во корен се што нема врска со кошарката и дека казните ќе бидат екстра строги. Освен изгледа кога некој од “нивните“ не е во прашање.
Стварно не ми се јасни овие само две утакмици казна за Говното.
Да сум еден од ретките фанови на Спарси надвор од Сан Антонио би чувствувал грижа на совест за сево ова. Нормално, ако имам совест. Би ми било криво поради фактот што мојот играч кој ја започнал целата работа и изреагирал како говно е казнет скоро исто како и двајцата играчи на Феникс кои немаат врска со целиот инцидент. Да не зборам за важноста на секој играч посебно за својот тим. Секогаш сакаш да го совладаш противникот комплетен и чисто, а не со нечија помош.
И сега што? Тимчо Роботчо ќе убаци 100 поени и фати 30 скокови и Спарси ќе се радуваат ко мали деца што ја добиле Гејм 5 над “силните“ Санси? Се надевам дека нема да биде така. За доброто на кошарката и на НБА.