Убицата Ману, ѕверот Дерон и Европски коњи…(на поило)
Posted by Karakash Under Play-Off '07 on Tuesday May 29, 2007Едноставно нели, Сан Антонио е многу подобра екипа од Јута. Колку и навиваме за аутсајдерот, мора да се признае кога некој е немоќен и послаб од својот противник. Сега на Спарси им останува уште да си тепаат утревечер дома, каде што Јута нема тепано од прошлиот милениум и да го чека Детроит во големото финале.

Ману е убица кој кај знае и обожава да игра во завршници, посебно на гости, знае и да го извлече најлошото од домашните навивачи, а и од тренерите и играчите.
Дерон Вилијамс е играчиште, а овој плеј-оф беше негова отскочна даска и потврда на неговото место во НБА елитата на плеј. Кид за година-две си оди, а Дерон уште сега е тука да го замени. Плус, уште сега го има она што Џејсон и сега го нема, барем не константно, квалитетниот шут. Момакот вчера играше откако прележал стомачен вирус од кој за два дена изгубил скоро 4 килограми. Ако тоа не е доказ за имање срце, не знам што е. Бузер нешто малце му помогна, иако не се снаоѓаше со удвојувањата, и тоа е се од Јута.

Кога сме кај срцето како најбитен орган во спортот, сумњам дека Мемо и Кириленко го имаат. Веројатно го немаат ни вториот најбитен орган – мудата.
Што им е гајле, иако очигледно немаат асален бербер и се шишаат по дома, момците си имаат дебели банковни салда и се обезбедени за цел живот. Што ќе им срце кога имаат пари.
Уште една ствар. Од стартот на сезоната викам дека на Јута и фали квалитетна “двојка“, која би ја раширила играта и ослободила рекетот за Бузер. Вака, свака им част што без ама баш ни еден вистински шутер кој сам знае да си го креира шутот, успеаа да стигнат до каде што стигнаа. Замислете каква екипа би биле со еден играч кој знае да погоди тројка.
Кој знае, можеби ќе најдат некој левак да му го тутнат Кириленко летово (сумњам) и во размена да добијат квалитетна “двојка“.

