Пинг-понг иднина
Posted by Karakash Under Драфт on Tuesday May 22, 2007Вечер е драфт лутријата која за некои екипи знаела да значи целосно нова, многу посветла иднина, а за други знаела да значи неоснована надеж базирана на играчи кои ни криви ни должни биле напумпани како идни големи ѕвезди пред да стапнат во НБА.
Така, за секој Леброн Џејмс имало еден Первис Елисон, за секој Тим Данкан имало еден Квами Браун, за Ален Ајверсон – Ендрју Богут, за Елтон Бренд – Џо Смит, за Јао Минг – Мајкл Оловокенди итд…и тоа само од последниве десетина година.
Оваа година нема да се деси некој од второнаведените ликови од погоре, затоа што Грег Оден и Кевин Дурент се момци кои навистина имаат потенцијал да станат големи НБА ѕвезди. Е сеа, ќе видиме кој ќе ја има среќата на пинг-понг топчињата да стигне до 1. и 2. пик и да лапне еден од нив двајца.
Мемфис во моментов има најголеми шанси за тој 1. пик кој ќе го претворат во Оден, а во Бостон се молат дека тие иако се со најголеми шанси да бираат втори, да ја имаат таа среќа да го лапнат Оден. И да не се случи тоа, Селтикси ќе бидат среќни и со Дурент. Само да не им се повтори 1997 година кога веќе беа спремни да си го присвојат 1. пик со кој би го избрале Данкан и тоа би значело враќање на кошарката во Бостон. Имам некој филм дека после десет години пак ќе им се повтори тој малер.
Што се однесува до мене, нормално, сакам Атланта да добие еден од првите три избори, по можност 1. или 2. разбира се. Се под 3. пик ќе му припадне на Феникс. Хоукси го имаат пикот на Индијана, ама па само ако тој не биде во Топ 10. Значи, навивам за 1. и 11. пик на Атланта со кои би ги лапнале соиграчите од Охајо Стејт, Оден и Мајк Конли џуниор. Мераци.


