Сан Антонио играше три, Јута – една четвртина. Сосема е јасно зошто Спарси победија, иако за разлика од серијата од Феникс немаше доминација во скокот, посебно не во офанзивниот. На Јута и фалеше втора, трета итн. опција во поголемиот дел од средбата, затоа што Бузер одигра само една четвртина. Дерон Вилијамс не можеше сам се да направи, иако одигра брилијантна партија.
Вторава средба, во која е познато дека Спарси знаат да се опуштат, може да биде клучна за серијата. Јута во овој плеј-оф покажа дека многу бргу знае да си ја научи лекцијата. Да се надеваме дека Џери Слоун им одржал, то ест уште им држи, предавање во соблекувалната.
Останува најдобриот потег на најдобриот играч на теренот како утеха за сите во Солт Лејк Сити.
ПС: Како што спомна Чоте во коментари подолу, стварно ми е жал за сите кои мораат да издржат цела утакмица со дуото од Сител. Она што е најтрагично е фактот дека сите помлади тинејџери кои за прв пат се среќаваат со НБА на ТВ дури и ќе си помислат дека оние двајца знаат што зборуваат. Трагично.

