Men in Black
Posted by Karakash Under Play-Off '07 on Sunday May 13, 2007
Хмммммм…ќе гледам да пишам нешто малце покасно. Ако тоа не бидне, онда барем ова:
Крајно чудна утакмица со крајно чудно судење. Не викам дека судиите ја одлучија утамицата, ама имаа голем удел во уништувањето на било каков ритам на Санси.
Санси пак, сами си се криви што не искористија неколку шанси во втората четвртина за да направат плус 15. Наместо тоа дозволија втората петорка на Спарси да им ја стопи предноста и да го сврти резултатот.
Амари, колку и да се жалиш на судењето, а имаше најмалку два фантомски фаула над тебе, мораш да бидеш малку попаметен во некои ситуации кога треба да го оставиш Тимчо или Хори да убацат два наместо да правиш глуп фаул. Да останеше 40 минути на теренот резултатот можеше да биде доста поинаков.
На Неш не му одеше ништо во првите две и пол четвртини, а потоа се разбуди и за малце не фати трипл-дабл. Мислам дека проблемот со Нешти на почетокот не беше во одбраната над него на Спарси, него на оние шутеви кои не влегуваат, а знаете дека да пробате уште 100 пати ќе убаците минимум 99 од нив. Тоа, и слабото движење во нападот на другите Санси.
Борче беше добар како замена за Амари се додека Спарси не одлучија да го удвојуваат, а овој не знае да извади убав пас за жива глава.
Свака му част на Тимчо, а и на Ману, ама бе толку да се плачело до судии, и тоа во утакмица кога е очигледно дека те штитат во скоро секоја ситуација, стварно не ми е јасно. Ете затоа се најмрскиот тим во лигата и немаат свои фанови надвор од Сан Антонио.
Синоќа на неколку пати му простија чист фаул на Данкан кога тој имаше три, а после и четири лични. Да беше истиот критериум ко за Амари, и Тимчо ќе си седеше на клупа на подолго време. Вака, заштитен од судиите имаше простор да се наметне и доминира во рекетот каде па Санси никако не сакаа да удвојат.
Ману доби прст во око, ама тоа беше чисто ненамерно. Нешто што не може да се каже и за Боувен.
Брус Боувен е ПРЉАВ тип!!!
ПС: Ова значи дека нема да има текст покасно:) Ваљда.
ПС2: КАПА ДОЛЕ ЗА ЏЕЈСОН КИД КОЈ ГИ РАСТУРИ КАВСИ И ГО ПОМИНА ЛЕРИ БИРД НА ВЕЧНАТА ТРИПЛ-ДАБЛ ЛИСТА. Се мисли на плеј-офот.

