To Russia with love

Posted by Karakash Under Видео, Play-Off '07 on Saturday May 12, 2007

PS: Шанса да ја осетите атмосферата во Оукленд, а и реакцијата на Мајк Тарико.

5 COMMENTS

Boom Dizzle 300

Posted by Karakash Under НБА ин Масеоудониа, Play-Off '07 on Saturday May 12, 2007

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

(Барав клип од куцањето во фаца на Кириленко од страна на Брадата, ама уште никој не го аплоудувал).

Каква што беше и во серијата со Далас, атмосфера во Оукленд беше луда и за првата посета на Јута, а оној мерач на децибели го вадат само на неколку пати во десет  години. Последен пат го имаше кога Сакраменто имаше своја НБА екипа и кога Кингси значеа нешто во лигата. Претходно, 1996-та се мереа со него децибелите во Сиетл, кој буквално може да остане без своја НБА екипа.

(Нормално, ние што гледавме на наш канал не можевме да чуеме ништо од таа атмосфера, а Орбит ЕСПН не даваа иако најавија на нивниот сајт. Буљаши. Изгледа немаа рисивер и декодер за и они да украдат пренос од Премиере. Тоа ти е. “Кој ќе си плати, тој ќе си клати“).
И во таква атмосфера сосема е разбирливо што се губат гостинските екипи и што Вориорси играат ко луди. 11-те тројки во првото полувреме сабајлево се изедначување на плеј-оф рекордот, а Берон конечно здрав и конечно во вистинскиот систем го покажува целиот свој потенцијал. И фала му за тоа.

ПС: Колку си само пати во текот на утакмицата сабајлево си реков, и тоа на глас:

Боже, каков е ова кретен! 

17 COMMENTS