Фотка на неделата 25 – ЕКИПИШТЕ
Posted by Karakash Under Легенди, Фотка на неделата, MJ23, Play-Off '07 on Friday May 11, 2007Ако и имаше некој сомнеж, после она што го покажаа синоќа, мислам дека никој не може да им го поништи на Пистонси статусот на најсилен колектив во НБА. Нешто што Булси очајно сакаат да бидат, но го избраа погрешниот пристап со фрлањето на 60 милиони на “не толку Биг“ Бен Волас.
Да беше до него, Детроит ќе си го задржеше, вака си води 3-0, уште нема пораз во плеј-офот и за разлика од лани е апсолутен фаворит за шампион на Истокот, а како што играат, нема да ме изненади и да се повтори 2004 година.
Ме чуди целото правење флешови и најавување на новото ривалство помеѓу Детроит и Чикаго, како она од крајот на 80-те и почетокот на 90-те. На крајот тоа испаѓа и крајно смешно, зошто за да има било какво ривалство се потребни две екипи, а во оваа серија игра само една. Плус, Бед Бојси против Булси на Мајкл беа стравно страшни дуели. Буквално страшни.


