Мечката и Мифката

Posted by Karakash Under Play-Off '07 on Sunday May 6, 2007

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Јута има нови Стоктон и Мелоун, Хјустон има мифка која многу збори, иако рака на срце, освен Јаоза и нема некој со кој би можел да игра.

Јута целосно си заслужи дуел со Голден Стејт, со кој сезонава имаат 2-2. Бузер е ѕвер (или поточно – Мечка), Дерон е фантастичен млад плеј, Мемо е клач, Кириленко, покрај лошата фризура, конечно се разбуди на последниве две утакмици. Харпринг е борец, а и Гира беше добар, барем во напад, сабајлево.

Играчите на Јута вчера играа како животот да им зависи од оваа утакмица, а тие на Хјустон како да немаат за што да живеат.

Хјустон нема екипа, а и тренерот е сумњив. Џери Слоун е легенда која конечно после долго време има момци кои се вклопуваат во неговиот систем.

Втора рунда: Нелсон вс. Слоун, два метузалеми со тотално различни пристапи на играта од самиот почеток на тренерските кариери. Ќе биде интересно.

И да, Трејси, лузер си. Сам си го бараше. 0-6 до сега во првата плеј-оф рунда. Браво, мајсторе.

18 COMMENTS