Лејкерси и Рокетси кога ќе се сретнат, како по правило слично кај Феникс и Далас, имаме крајно интересни и квалитетни средби.
Така беше и сега, а овој нивни дуел само покажа некои работи кои се јаки/слаби страни на двата тима.
Хјустон е крајно незгодна екипа која, и покрај 53 поени на Коби, игра одлична одбрана. Она што посебно ме импресионираше беше нивната игра која често ги носи на линијата за слободни Јаоза (кој им е најдобар изведувач на слободни!!!) и Трејси. Нешто што и тоа како е битно кога се ќе се успори во плеј-офот. Рокетси се крајно незгодни, за било кого во плеј-офот.
One is the loneliest number…
Лејкерси пак, како екипа се далеку од нивото на Хјустон. Се некако зависи од Коби, кој па не мислам дека им врши некоја голема услуга на соиграчите со своите 44!!! шутеви синоќа. Така не ни можеш да очекуваш дека некој од нив ќе се развие во нешто подобро од што е сега – чист просек, а во некои случаи и потпросек. Освен еден Ламар Одом, кој исто така како да станува како Борис Диа и покрај Коби ги губи мудата да шутне кога тоа му треба на тимот.
Коби вака, со својата брилијантна офанзивна игра, ќе ги носи Лејкерси во плеј-офот, ама подалеку од 1. рунда нема да видат.
Она што страшно не ми се свиѓаше беше нон-стоп плачењето на Кобстерот на секоја одлука, како кога нема да му свирнеа за него, така и кога на Рокетси ќе им дувнеа чист фаул.
ПС:Не ни го спомнувам двете клучни грешки на Коби во финишот, кога прво го фаулираше Трејси на тројка, а после и направи четири чекори пребацувајќи ја топката. Нешто и што не би требал да го прави – да имаше асален плеј покрај себе.





