25 000 и Кој после него?
Posted by Karakash Under Видео, Легенди, Шек Бургер on Wednesday Feb 28, 2007Не стигнав вчера да чкртнам нешто за 25 000 поени во кариерата на Шек. Но, што и да напишам не може да каже колку што може еден добар микс клип. Ако добра слика вреди 1000 зборови, тогаш клип како овој сигурно вреди најмалку 25 000 зборови. Таман за 25 000 поени на “Најдоминантниот на сите времиња” (барем од оние во модерно време и кои ги имам гледано). Уживајте…
ПС: Во текот на Ол-Старот во Вегас, гледајќи го Шек само една страв ми помина низ глава. Што ќе се случи кога Дизелот ќе одлучи да се пензионира? Не зборувам за тоа дали некој ќе го наследи од играчки аспект, иако и тоа е невозможно. Прашањето е дали ќе се најде некој да го замени од аспект на личност, на шоумен, на некој кој долго време е симбол на лигата и единствен кој во целост го сфаќа бизнис концептот на НБА и тоа дека играчите и ѕвездите ја играат оваа игра за да не забавуваат сите нас. А не себеси.

