Ексклузивно: НБА на Сител!!!
Posted by Karakash Under All-Star 2007, НБА ин Масеоудониа on Tuesday Feb 13, 2007Ексклузива. Како што лани во јануари најавивме старт на НБА преносите на некоја наша ТВ (тогаш Спорт 4), еве не и сега со најрадосната вест за сите локал НБА фанови: Од (најверојатно Ол-Старот) Сител ќе стане четвртиот ТВ дом на НБА кај нас.
99% сигурно.
Не сакам ни да помислам кој би можел да коментира, ама во моментов тоа е најмалку важно.
ПС: Ајверсон се приклучи на листата на играчи на Западот кои се повлекоа од играњето во Вегас викендов. Тоа значи дека настапот на Дерон Вилијамс е речиси сигурно. Прашање е кој кој ќе биде другата или вкупно четвртата замена која чичко Стерн ќе мора да ја именува деновиве.
АПДЕЈТ: Ни Дерон, ни бутур. Јута си го доби својот претставник, ама тоа си е Мемо Окур, кој го мења Неш и Ален, кој го мења Ајверсон. Како и што реков подоле, ако се укаже шанса чичко Стерн нема да пропушти да го викне Реј Ален, додека за Мехмед се во игра неколку фактори, а веројатно најважен е тој што оваа сезона освен Паркер и Дирк немам др. странци во Вегас. Глобализацијата на НБА е процес кој бара вакви потези.
Сепак, да не биде дека Мемо со игри не заслужил да се најде таму. Момакот е одличен задњиве месец дена, посебно по повредата на Бузер. Кога ќе се погледне реално, па и заслужува да биде меѓу Топ 16 на Западот сезонава. За Ален, и тој игра уште една просечна сезона за него, само што Соникси се бедни, а и беше повреден некое време.
Сега останува уште Кид да се повреди, па Стерн да не го викне Џо Џонсон.




