Ѕверот Двајт, Џо не е Ол-Стар?!?!?!?, ветувањето на Аринас, kармата е заебана работа и “зелените” Селтикси
Posted by Karakash Under All-Star 2007, Бизаро, Видео, Гилбертологија, Дневни линкови on Saturday Feb 10, 2007Синоќа, како ретко до кога во НБА имаше едно чудо крајно неизвесни средби до последните секунди, но убедливо најинтересен финиш беше тој во Орландо каде Спарси кај успеаа да упропастат и +18 од првото полувреме, него успеаа и нападот за победа кој го имаа на четири секунди до крајот да го претвират во цепелин за победа на 0.8 секунди на Орландо.
Еве линк до сторијата од Флорида, а, пошто ова беше една од утакмиците кои колку-толку ги видов синоќа, го запечатувам статусот на ЅВЕР кој ушре прошлата сезона му го дадов на Двајт Хауард. Момакот не само што се носеше со Данкан цела утакмица, него и прво го залепи Паркер на тој последен напад на Спарси, а после и го фати цепелинот од аут на Хидо Туркоглу и закуца баш преку Тимчо за победа. Ѕверотина.
Еве и видео: А и Атланта има свој ѕвер кој им ја донесе победата во “неговиот“ Феникс синоќа. Победа која никој не ја очекуваше. И да: Џо не е Ол-Стар?!?!?!?!?!?
Од другите ствари, дојдовме на еден ден од дуелот на Портланд и Вашингтон. Нормално, тој дуел не привлекува никакво внимание, ама тоа да не биде така и сега се погрижи, кој друг ако на Аринас со неговата изјава на на својот блог дека ќе им убаци најмалку 50 поени на Блејзерси. Зошто? Како дел од неговата одмазда кон тренерскиот тим на САД што не го селектираа за СП во Јапан. Мајк Д’Антони добро знае колку е озбилен на оваа тема Жилберто.
* * * * *
Кармата е заебана работа. Прашајте го само Тајрус Томас, кој лесно може да се деси и да мора да се откаже од натпреварот во забивање. Руди Геј, Руди Геј, Руди Геј…
Селтикси изгубија и по 17-ти пат по ред. Полека умира и надежта во Бостон. Надеж која не можеше да им ја врати ни Пол Пирс, кој очигледо избрза со камбекот. Каков им е распоред во следниве десетина дена, ако не тепаат во следните три утакмици Селтикси лесно ќе останат без победа два месеци.



